Close Menu
Press24
    Најново

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски најави офанзива во здравството и образованието: Се бараат финансии за Штип, Кичево и Тетово

    Мицкоски најави офанзива во здравството и образованието: Се бараат финансии за Штип, Кичево и Тетово

    06.04.2026 во 12:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дека денес се отвораат нови хируршки сали во склоп на здравствениот систем и за тоа каков е планот за најавените вложувања во образовна инфраструктура, изјави:

    „Па би сакал да кажам дека, исто така кога станува збор за здравството, имаме синергија и со образованието. Во тек е процесот, односно нашето барање како Влада до меѓународни финансиски институции коишто би се вклучиле во процесот на финансирање на проектот за конечно завршување на Клиничкиот центар, односно Клиничката болница во Штип, заедно со Медицинскиот факултет и студентскиот дом таму. Завршување на проектот Здравствен дом со проширена дејност во Кичево, односно Болницата таму. И нормално реконструкција на Клиничката болница во Тетово. 

    Очекувам дека и овој процес ќе биде привршен овој месец и ќе можеме веќе да влеземе и во следната фаза. Така што реновирањето и изградбата на сите овие проекти ќе бидат навистина нешто што досега е невидено во Македонија. 

    И исто така, кога станува збор само за образованието, дозволете ми да ве информирам и вас и македонската јавност дека во суштина преку Министерството за образование се работат во моментот триесетина проекти со вредност поголема од една милијарда денари, спортски училишни сали, училишта се реновираат, нови се градат, студентски домови и така натаму и така натаму. Така што сето она коешто, откако се консолидиравме, продолживме да го реализираме, ќе биде завршено за подобри услови за работа на наставно-образовниот кадар и подобри услови за учење на учениците и студентите.“

    Прочитај повеќе

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.