- 72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
- Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
- Жерновски: Свиркачи до СДСМ јавуваат дека институции, вработени и фирми добиле налог- мора да работат преку Алта банка
- Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк
- Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
- Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
- Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата
- Подгответе ги чадорите: Од утре дожд
Author: Author 04
Ленче Ристовска е елиминирана затоа што на власта и требаше обвинител под нејзина контрола, нагласи портпаролката и член на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска. На денешната прес-конференција пред Јавното Обвинителство, Кузеска посочи дека новиот јавен обвинител, Ненад Савески, ги исполнува делегираните задачи од Христијан Мицкоски, а една од нив е елиминирањето на Ленче Ристовска. „Ја елиминираше Ленче Ристовска, независен и признат професиналец, која соработуваше и со Еуроџаст и беше принудена да си замине. Претходно ја отрфлија претставката на Ристовска за политички притисок од страна на Мицкоски кој јавно на телевизија ја навредуваше, а потоа и ја исфрли“, рече Кузеска. Таа додаде…
На денешната промоција на новите електронски услуги за студентите од Државниот завод за статистика (ДЗС) достапни на порталот uslugi.gov.mk, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека ќе биде потпишан договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи меѓу Црна Гора и Македонија. „Имавме два дена квалитетни разговори со претседателот на Црна Гора. Нешто што веќе го подготвуваме, а можам да го најавам и на Самитот за сајбер-безбедност во Париз, е потпишувањето договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи на Црна Гора и Македонија“, изјави Андоновски, додавајќи дека овој договор ќе значи големо олеснување за бизнис-соработката меѓу компаниите од двете земји. „Ова…
Франција се соочува со сериозен недостиг на гориво откако илјадници возачи побрзаа да ги наполнат резервоарите по воведувањето на ограничувањата на цените. Според податоците на Министерството за енергетика, околу 900 бензински пумпи веќе останале без барем еден вид гориво, додека некои медиумски проценки велат дека бројката на погодени локации достигнува и до 1.600. Ситуацијата е најкритична кај гигантот „TotalEnergy“, каде логистичките проблеми не можат да ја задоволат нагло зголемената побарувачка. Цената на дизелот во земјата достигна рекордно ниво од 2,25 евра за литар, што е директна последица на глобалниот енергетски шок предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток и блокадата на…
Просторот пред спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода забрзано се трансформира во прекрасно и модерно урбано катче. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во завршните работи од изградбата на новиот сквер, кој се протега на површина од 4.535 квадратни метри. Овој проект се реализира со средства обезбедени од Владата на Република Македонија, како дел од инвестициите за капитални проекти во општините. Со врши поплочување со травертин, се гради светлечка фонтана, ќе бидат поставени нови клупи и модерно осветлување. Наскоро следи и целосно хортикултурно уредување кое дополнително ќе го оплемени овој дел од населбата. Со овие активности финално се заокружува…
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска означи почеток на работите за новиот кружен тек на Северниот булевар, најавувајќи уште еден значаен проект во новиот градски центар. Новиот сообраќаен јазол ќе се гради на локацијата каде што наскоро ќе бидат отворени комплексот „Литл Америка“ и маркетот „Лидл“. Јанчев упати посебна благодарност до компанијата „Лидл“ за нивната донација и поддршка во реализацијата на овој проект. Според него, оваа соработка е клучен чекор кон градење на модерна и функционална општина. Со новиот кружен тек се очекува значително подобрување на протокот на возила и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот. „Побрз сообраќај, поголема…
Градоначалникот на Општина Центар ,Горан Герасимовски, одржа средба со претставници на Здружението на пензионери на Општина Центар, на која се разговараше за тековните и претстојните проекти, како и за поголемо вклучување на пензионерите во активностите што ги спроведува општината. На состанокот, градоначалникот ги повика пензионерите да ја искористат можноста за бесплатни здравствени прегледи и консултации со тим специјалисти, што ќе се одржат во понеделник во општинскиот Младински центар Матично , во пресрет на Светскиот ден на здравјето. „Здравјето е најважно! Дојдете, проверете ја вашата здравствена состојба и искористете ја можноста за стручни совети од лекарите“, рече Герасимовски. На средбата во…
Битолското обвинителство покрена истрага против 31-годишен жител на Битола, кој се сомничи за производство и дистрибуција на детска порнографија. Случајот е дел од голема меѓународна операција предводена од Австралиската федерална полиција, која ги открила македонските корисници на спорни веб-страници преку нивните ИП адреси. Она што дополнително ја згрози јавноста е фактот што осомничениот во критичниот период бил вработен во образовна установа. Според досегашните сознанија, тој од април 2024 година до 1 април 2026 година, на своите домашни компјутерски уреди набавувал и поседувал материјали со недозволена содржина. Акцијата е реализирана во координација со Секторот за компјутерски криминал при МВР, откако пристигнало…
Со новиот Закон за внатрешни работи, кој го донесоа и го менуваа неколку пати за само една година, ВМРО-ОКГ и Панче Тошковски ги деградираат професионалците и инсталираат партиска војска во полицијата, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција пред Уставниот суд. Димитријевиќ посочи дека новиот Закон за внатрешни работи содржи низа спорни одредби со кои наместо професионализација се создава партизација. „Тошковски прераспоредува полициски службеници „по потреба на службата“, без никакви критериуми и без согласност на вработените. Професионалци со 30 години искуство, кои со децении граделе кариера, преку ноќ се уназадени од раководни позиции до најниски извршители.…
Во Основниот суд во Штип денеска продолжи судењето против 75-годишниот Денис Асанов, обвинет за бруталното убиство на Борјанка Николова (79). Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено на свиреп начин, кое според обвинението е квалификувано како родово базирано насилство. На денешното рочиште беа презентирани клучни докази од истрагата, вклучувајќи фотографии и видео материјали од местото каде што беше пронајдено телото на жртвата. Додека во судницата се прикажуваа морбидните кадри од куќата и дворот, обвинетиот Асанов ладнокрвно коментираше пред присутните дека целата истрага и пронајдените докази биле „само шминка“. Истрагата претходно утврди дека Николова исчезнала на 5 октомври минатата година,…
Министерството за дигитална трансформација и Државниот завод за статистика (ДЗС) промовираа три нови електронски услуги достапни на порталот uslugi.gov.mk. Станува збор за електронски обрасци наменети за студентите кои дипломирале на додипломски студии, како и за лицата кои се стекнале со називот магистер, специјалист или доктор на науки. Министерот Стефан Андоновски истакна дека со овој чекор целосно се затвора пакетот услуги за високото образование. Најголемата придобивка за корисниците е драстичното кратење на времето за пополнување на документацијата. Наместо досегашните 10 минути, сега процесот трае само минута до две, бидејќи обрасците се веќе „предпополнети“ со податоци кои системот автоматски ги повлекува од…
