- Хорор во Скопје: Брат отишол кај сестра си, но таму го пречекал шок – ја нашол претепана и ограбена од разбојници
- Драма во трговски во Аеродром: Малолетник со тврд предмет нападнал врсник, па претепал и 25-годишник кој ги раздвојувал
- Инцидент во игротека: Скопјанка пријавила во полиција дека мајка на друго дете ѝ го турнала синот
- Брат и сестра од скопско се тепале во домот, па двајцата се пријавиле во полиција
- Трагедија во Аеродром: Брат си ја нашол сестра си почината во стан
- Се напил па седнал зад волан, млад охриѓанец со тешки повреди заврши во болница
- (ВИДЕО) Тренчевска: Предложивмме тримесечна помош за ранливите категории и пензионерите, мнозинството го одби законот
- (ВИДЕО) Талески: Општините да ги ослободат од плаќање паркинг родителите на деца со попреченост
Author: Author 04
Уставниот суд на Република Северна Македонија и Уставниот суд на Република Косово потпишаа Меморандум за разбирање и заемна соработка во области од заеднички интерес. Со овој документ, што го потпишаа претседателите на двата суда, д-р Дарко Костадиновски и Неџми Реџепи, се поставуваат основите за продлабочување и институционализирање на соработката меѓу уставните судови на двете земји. Меморандумот претставува резултат на досегашната успешна и конструктивна комуникација, а неговата цел е да овозможи континуиран развој на односите, унапредување на професионалните капацитети и подобрување на квалитетот на судската пракса и донесените одлуки. Во рамките на соработката се предвидува организирање на заеднички научни конференции, семинари…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Венеција, Италијанска Република, по повод учеството на одбележувањето на 35-годишнината од постоењето на Европската комисија за демократија преку право (Венецијанската комисија), советодавно тело на Советот на Европа. Предвидено е Сиљановска-Давкова на 11-ти октомври да се обрати на свеченото одбележување на годишнината, кадешто, покрај останатите високи гости, е најавено присуството на претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела и претседателката на Република Молдавија, Маја Санду. На настанот ќе му претходи отворање на изложбата на тема „Демократија преку право: од Република Серенисима до Венецијанската комисија на Советот на Европа“. Претседателката ќе оствари средби…
Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, во интервју за ТВ21 истакна дека кога станува збор за животната средина, политичките интереси мора да бидат оставени на страна, а соработката меѓу институциите да стане приоритет, се вели во соопштението до СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. „Јас мислам дека кога станува збор, пред сè, за животната средина, не треба да ги гледаме политичките интереси. Тие интереси конечно мора да излезат од Градот Скопје, а впрочем и од сите институции, ако навистина сакаме да имаме здрава животна средина,“ изјави Шукова. Таа потсети дека за време на нејзиниот мандат како министер имала успешна…
Во врска со вооружениот инцидент во Куманово, во кој беше повреден Зекирија Шаини, до Основното јавно обвинителство Куманово денеска е доставена кривична пријава за загрозување на сигурноста против едно лице, како и за поттикнување при извршувањето на тоа дело против поранешна сопруга на оштетениот. Пријавата се однесува на претходно испратени заканувачки пораки и закани, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето се уште се проверуваат. Надлежен јавен обвинител постапува по пријавите и презема дејствија, соопшти ОЈО.
Вчера во 23:05 часот на булевар „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Р.Р.(53) од Тетово. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „нисан“ со тетовски регистарски таблички и при преземење мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,15 промили алкохол во крвта. На 10.10.2025 во 00:07 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода Х.М.(43) од с.Врањовце, гостиварско. Претходно, тој со патничко моторно возило „фолксваген голф“ со…
Од почетокот на седмицата лишени од слобода 21 лице за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, констатирани 2.131 сообраќајни прекршоци Во периодот од 06.10.2025-09.10.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.131 издадени платни налози, 411 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 21 лице, од кои 19 за возење под дејство на алкохол, двајца за возење со брзина…
Управата за хидролошки работи соопшти дека од вторник во земјава ќе преовладува стабилно време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Времето денеска до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 23 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува…
Кандидатот за градоначалник на општина Карпош и актуелен градоначалник, Стечво Јакимовски, објави видео во кое присуствува на замена на стара водоводна линија во Влае со нова. „Во Влае се заменува една од најстарите водоводни линии, поставена уште во шеесеттите години. Цевки што со децении минуваа под куќи и дворови, сега се заменуваат со нова, безбедна и трајна водоводна мрежа. Ова не е само обична интервенција – ова е сериозна инвестиција во секој дом, во сигурноста и квалитетот на живот на жителите на Влае. Наместо ризик од пукнати цевки и поплави, Влае добива сигурно и стабилно водоснабдување, какво што заслужува. Работиме…
Возачот на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина. Дваесет и пет годишниот Фатон Нури, пред Судот призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, додека за делото „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ ќе се брани и ќе предлага докази. -Се чувствувам виновен за сообраќајката, што не би сакал на никој да се случи тоа. Големо сочувство за фамилијата. Да можам да сменам нешто, би направил.…
Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски да не чекаат избори и да го исчистат градот сега, после избори, ситуацијата со хигиената е алармантна, порача кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, во гостување во Вистинска телевизија. – Самиот премиер излегува со Орце Ѓорѓиевски и вели дека ќе го исчистат Градот Скопје за 72 часа ако победи нивниот кандидат. Зошто сега не го исчистат за 72 часа? Кандидатот за градоначалник на Град Скопје е претседател на ЗЕЛС. Управниот одбор и претседател на УО во ЈП Комунална хигиена се кадри на ВМРО-ДПМНЕ, Владата е предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Што ги спречува…
