- ВИДЕО: Свлечиште на градилиште во Центар – Оштетени тротоар, улица и автомобил
- ВЛЕН: Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ
- Светот во шок: Пронајдено тело на 12-годишно момче со крпа околу вратот, уапсен тинејџер
- Син се заканувал со нож на мајка си, уапсени сопрузи и партнери – Бранови од семејно насилство за едно деноноќие
- Полицијата не простува: Приведени 14 возачи
- Фатен на дело: Жител на Желино избегал од куќен притвор, па паднал во рацете на полицијата во возило со германски таблички
- Хаос во центарот на Скопје: Четворица Турци со „ауди“ удриле во мотор на млад доставувач, па брутално го претепале
- МВР со детали за пожарот во Радовиш каде гореше фабрика за текстил
Author: Author 04
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице осомничено за кривично дело – Предизвикување општа оапсност по член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 16 октомври, на улицата „Народни херои“ во Скопје, со бензин предизвикал пожар на паркиран автомобил во сопственост на друго лице. Бензинот го носел во пластично шише, го полеал автомобилот и го запалил, а со тоа предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Бидејќи постои опасност од бегство, но и веројатност осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да биде определена…
Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, Владата на денешната седница ги донесе следните заклучоци: Се задолжуваат Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор на територија на Град Скопје, со цел утврдување на состојбата со комуналниот и друг вид на отпад и преземање соодветни мерки и активности. Воедно, се задолжува и Министерството за внатрешни работи, во соработка со надлежните институции, а се…
За вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица, информираат од Министерството за здравство. Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар. -Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, како што се: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на…
Вложувањата во науката и иновациите, примената на вештачката интелигенција за научно – истражувачки цели и можностите за зголемување на европската поддршка за Македонија, беа темите за кои се дискутираше на денешната средба на министрите за образование и наука и за дигитална трансформација, Весна Јаневска и Стефан Андоновски со еврокомесарката за стартапи, истражувања и иновации Екатерина Захариева и директорката на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, Сабине Хенцлер. Како што информираат од МОН, средбата се одржала во рамки на министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан во Подгорица, Црна Гора, а македонските министри потенцирале дека државата се фокусира на развој на…
Во третиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по метар квадратен е 189.231 денари, односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 метар квадратен кој се наоѓа на територијата на општина Центар. За метар квадратен платени се 3.000 евра, покажуваат денеска објавените податоците од Агенцијата за катастар на недвижности. Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 845 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 169 станови повеќе од вториот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се…
На Клиниката за неврохирургија во текот на минатата недела првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic brain biopsy). Работниот тим што ја изведе оваа значајна интервенција се состои од д-р Роберт Шумковски, д-р Ивица Коцевски, д-р Љуљзим Агаи (неврохирурзи) и д-р Радмила Панговска (анестезиолог). -Испишуваме ново поглавје во неврохирургијата. Големо е задоволството кога имаме развој во јавните здравствени установи преку воведување нови методи. Станува збор за минимално инвазивна постапка која се изведува со помош на рамка што се поставува врз главата на пациентот. Потоа, со помош на посебни тридимензионални пресметувања се планира точната…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.З.(45) од с.Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,симнување на службен печат или знак“. На 29.07.2025 во угостителски објект, во кој пријавениот е управител, ја тргнал налепницата и пломбата која била поставена истиот ден од Државниот пазарен инспекторат Гостивар, поради нерегистрирана дејност.
Вчера во 01:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје, 19-годишниот Д.Д. од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера окoлу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на граничен премин Долно Блаце, на излез од паркинг простор од царински терминал, товарно возило „волво“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од Ј.Н.(44) од Р.Србија, удрило во објект на царинската управа и оштетило дел од кровот и рампата. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Денеска во 10:40 часот, по претходна пријава за лице кое сака да се самоубие, полициски службеници од СВР Куманово заедно со екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово спасија 34-годишно лице од кумановско, кое се обидело да се фрли од „Искрин мост“ во Куманово. По преземени мерки, лицето е убедено да се откаже од намерата, по што е пренесено во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош.
