Author: Author 04

Бројот на приведени лица во врска со истрагата за злоупотреби во финансиското работење на Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп се зголеми на 20, а акцијата на надлежните институции се уште трае. Во моментов дел од приведените лица веќе се изведуваат пред надлежен судија на претходна постапка во Прилеп. Имено како што објавивме претходно апсењата започнаа синоќа и продолжија утрово, откако Управата за финансиска полиција, по наредби и насоки од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Прилеп, презеде обемни дејствија во врска со сомненијата за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. ОЈО Прилеп постапува во предистражна постапка уште од април…

Повеќе

Во текот на ноќта, руските ракетни напади предизвикаа пожари и расфрлани остатоци низ неколку области на Киев, запалувајќи автомобили и кршејќи прозорци, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Најмалку шест лица се убиени. Службите за итни случаи се испратени на неколку локации каде што паднале остатоци од соборено воздушно оружје, изјави Кличко на апликацијата Телеграм. Сведоци на Ројтерс слушнале експлозии кои, според сите извештаи, дошле од воздушната одбрана. Локалните медиуми известуваат дека има смртни случаи и повредени. Поранешниот советник на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, исто така, се огласи за инцидентот.Киев беше под силен напад од балистички ракети…

Повеќе

СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини, ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на галсање во вториот круг и да гласаат за кандидатите на СДСМ, докажани и чесни луѓе кои уште во првиот круг јасно докажаа дека имаат што да понудат, се наведува во соопштение на СДСМ. „ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие падот а бројките се јасни и немилосрдни кон нив. Анализата на пратенички места според гласовите е прецизна математичка операција кој јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би паднале на 52 а пратеници а СДСМ би имал најмалку 21. Очајните обиди за манипулација се резултат на шокот кој го…

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие падот а бројките се јасни и немилосрдни кон нив. Анализата на пратенички места според гласовите е прецизна математичка операција кој јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би паднале на 52 а пратеници а СДСМ би имал најмалку 21, велат од СДСМ. „Очајните обиди за манипулација се резултат на шокот кој го доживеаа и падот од преку 140.000 гласа кој е јасен сигнал дека нивните лаги и погрешни политики се прочитани. СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини, ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на галсање во вториот круг и да гласаат за кандидатите на СДСМ,…

Повеќе

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа, која утринава се случи кај штипската населба Три чешми. Од Клиничка болница Штип информираат дека повредените не се во животозагрозувачка состојба, а од нив две лица се на Одделението за ортопедија, а три се на Хирургија. Во тек се испитувањата и снимањата на пациентите. Несреќата се случи по 7 часот меѓу камион и автомобил.

Повеќе

Овен Со влегувањето на Сонцето во Шкорпија, започнува период на емоционална интензивност и вистинска трансформација. Се отвораат прашања за доверба, интимност и лична сила. Може да почувствувате дека нешто старо мора да се остави зад вас за да може да се создаде простор за ново. Нептун во Риби ве повикува да се поврзете со потсвеста, да слушате соништата и знаците што универзумот ги испраќа. Денес се буди вашата интуиција, искористете ја за да ги почувствувате луѓето, не за да ги анализирате. Бик Биковите денес влегуваат во период кога односите стануваат клучна тема. Сонцето во Шкорпија ја осветлува љубовта, партнерствата и…

Повеќе

Од денеска на сообраќајниот влез во Битола од страната на Прилеп поставен е времен кружен тек. Од Јавното претријатие за паркинзи од Битола информираа дека е поставена нова времена хоризонтална сигнализација и нов кружен тек на булеварскиот влез во Битола и апелираат внимателно возење од страна на возачите. Новиот времен кружен тек е во непосредна близина на фудбалскиот стадион во Горно Оризари и е со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот во период кога интензивно се гради булеварскиот влез во Битола од северната страна на градот, односно од Прилеп.

Повеќе

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, истакна дека еден осуденик месечно ја чини државата околу 1.000 евра. Ова беше нагласено пред работниот состанок на тема „Пробација и условен отпуст“, кој се одржа вчера во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Скопје. Во моментов, во системот се под пробациски мерки над 900 лица, а како што рече Пандов, системот има капацитет да опфати многу повеќе. „Пробацијата во Македонија постои веќе шест години, но се користи недоволно. Има многу поголем капацитет, а условните отпусти треба да се користат почесто и подолг период. Бројките покажуваат дека низ…

Повеќе

СДС на локалните избори доживеа фијаско. Крахот на СДС, на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев се должи на ароганцијата и е последица на одлепеност од реалноста и реалните проблеми на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Колапсот на СДС е директна последица на структурите и раководството кое е одлепено од реалноста и секојденвието на обичниот човек,  додека народот секојдневно се бори со предизвиците кои тие ги создадоа додека беа на власт и 600.000 граѓани живееа со 150 денари на ден, Венко Филипче и неговиот гуру Заев се луксузираа на скапи јахти, градат хациенди и стекнуваат…

Повеќе

Во последниве години, урбаните средини сè повеќе се насочуваат кон одржливи решенија, при што концептот на паметен град станува водечки пример за тоа како технологијата и заедницата можат заедно да создадат одржлив начин на живот. Еден од најзначајните аспекти на одржливоста во градовите е управувањето со отпадот, а посебно со био-отпадот. Во Европа, повеќе градови и региони воведуваат различни иновативни стратегии за собирање и преработка на органски отпад, прилагодени на локалните услови.Целта на современите системи за управување со био-отпад е да се подобри ефикасноста и одржливоста преку употреба на напредни технологии и паметни решенија. Еден од основните аспекти е поставувањето…

Повеќе