- ВИДЕО: Свлечиште на градилиште во Центар – Оштетени тротоар, улица и автомобил
- ВЛЕН: Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ
- Светот во шок: Пронајдено тело на 12-годишно момче со крпа околу вратот, уапсен тинејџер
- Син се заканувал со нож на мајка си, уапсени сопрузи и партнери – Бранови од семејно насилство за едно деноноќие
- Полицијата не простува: Приведени 14 возачи
- Фатен на дело: Жител на Желино избегал од куќен притвор, па паднал во рацете на полицијата во возило со германски таблички
- Хаос во центарот на Скопје: Четворица Турци со „ауди“ удриле во мотор на млад доставувач, па брутално го претепале
- МВР со детали за пожарот во Радовиш каде гореше фабрика за текстил
Author: Author 04
Декарбонизацијата, енергетската ефикасност и обновливата енергија се моќни алатки за изградба на поиновативна, поотпорна и конкурентна економија, рече евроамбасадорот во земјава Михалис Рохас, на промоцијата на првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата, што се одржа денеска во Стопанската комора. Рокас истакна дека Северна Македонија покажа силна посветеност преку својот Национален план за енергија и клима како визија каде што растот на бизнисот и одговорноста за климата одат рака под рака. -Сега е време да се претвори оваа визија во акција, во сите сектори на економијата, а особено во индустријата и меѓу малите и средните претпријатија (МСП), ’рбетот…
Зајакнување на соработката, особено во сферата на евроинтеграциите, регионалната стабилност и заедничките приоритети во рамки на Европската Унија, биле темите на кои денеска во Лондон се осврнале премиерот Христијан Мицкоски и францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад. -Денеска во Лондон одржав средба со Бенжамин Адад, Француски министер за Европа. На средбата разговаравме за продлабочување на соработката меѓу нашите земји, особено во контекст на европските интеграции, регионалната стабилност и заедничките приоритети во рамките на Европската Унија, објави Мицкоски на Фејсбук. На средбата, додаде премиерот, размениле и мислења за актуелните европски и глобални предизвици и ја потврдиле посветеноста за унапредување на партнерството…
Претседателот Александар Вучиќ се извини на церемонијата по повод потпишувањето на 4.000 договори за распределба на селски куќи за српското Собрание што мораше да го напушти настанот поради, како што рече, терористички чин пред српското Собрание. Денес се случи огромен пожар во кампот Чациланд пред Собранието, повеќе за тоа во посебна вест. Едно лице е повредено, едно е уапсено по пожарот во Чациланд, повеќе за тоа во посебна статија. На социјалните мрежи се појави видео кое покажува како изгледал инцидентот што се случил денес во кампот пред Собранието во центарот на градот, наречен „Чациланд“, погледнете го видеото во посебна статија.…
Прилепското обвинителство побара притвор за шест лица и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската општа болница . -Основното јавно обвинителство Прилеп до прилепскиот Суд за случајот со Општата болница во Прилеп поднесе предлози за притвор за шест лица, за 15-тина мерка за претпазливиост и за шест до седум правни лица (од Прилеп, Битола, Скопје) предлог за изрекување забрана за учество во постапки за јавни набавки, вели Јасмина Шишковска претседателка на Основен суд Прилеп. Се очекува во Прилепскиот суд да бидат донесени приведените лица за случајот со финансиското работење на Прилепската болница. Повеќе од 10 лица…
На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, во Основниот кривичен суд Скопје, сведочеше Татјана Соколова Ристова, законски застапник на пациентка која 13 години се лекувала на Клиниката за онкологија. Соколова Ристова пред судот изјави дека лекувањето на нејзината мајка започнало кај друг доктор, но поради лошиот однос, пациентката одбивала да продолжи со терапијата. Особено се противела на хемотерапија, стравувајќи од губење на косата. По пренасочување кај доктор Никола Васев, таа започнала имунолошка терапија, која според сведокот, ѝ овозможила да живее со канцер тип 5 цели 13 години. -Мајка ми не сакаше да прима хемотерапија бидејќи не сакаше да ѝ падне косата.…
Вкупно осум држави се додадени на списокот на Форин-офис, со коешто се предупредуваат Британците за ризикот од труење со метанол, по зголемувањето на случаите на сериозни болести и смртни случаи предизвикани од алкохолни пијалаци загадени со метанол, објави „Скај њуз“ (Sky News). Новите земји на листата се: Мексико, Еквадор, Перу, Кенија, Јапонија, Нигерија, Уганда и Русија. Како дел од кампањата „Патувајте свесно“, се објавени и информации за препознавање на симптомите и намалување на ризикот од труење со метанол. Министерот задолжен за конзуларни работи, Хамиш Фалконер изјави: – Труењето со метанол може да биде фатално – тешко е да се открие…
Вчера во 14:45 часот во ОВР Прилеп 45-годишна прилепчанка пријавила дека додека била на работно место во Центар за социјални работи-Прилеп, била физички нападната од нејзината колешка, информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Битола.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат денеска од УХМР. Во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, кој ќе надминува брзина од 70 km/h.
Под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, едници на МВР вршат претреси на повеќе локации во Скопје. Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Лихварство и Перење пари. Повеќе детали ќе бидат споделени со јавноста по завршување на акцијата.
Вчера околу 22:10 часот кај место викано „Дубрава“, полициски службеници од Полициската станица за гранични премин и гранична контрола Дојран ги лишија од слобода Ф.М.(18) од Богданци и 17-годишник од Струмица. Претходно, полициските службеници ги забележале лицата како со патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот, а сопатник бил Ф.М., превезуваат мигранти. Подоцна, пред Богданци, возилото е запрено и лицата се лишени од слобода. Во службен разговоро тие го признале делото и изјавиле дека превезувале осум лица мигранти, од кои шест од Египе и двајца од Сирија. По преземени мерки и мигрантите се пронајдени и спроведени…
