Author: Author 04

ВМРО-ДПМНЕ со 550 советници низ Македонија и градот Скопје, како и со над 300.000 гласови, е апсолутен победник на локалните избори. Кога утре би имало парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ по Донтовиот модел, со овие гласови ќе има над 60 пратеници, додека пак СДС во некои ИЕ би била трета партија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Народот го казни СДС и направи да биде на некои места низ државата, како и градот Скопје, трета, четврта, па дури и петта партија по бројот на добиени гласови. Времето на работа, одговорност и резултати – продолжува, благодарност до сите оние кои го направија вистинскиот…

Повеќе

ОКТА АД – Скопје повторно, 16-та година по ред, ја потврдува својата долгорочна посветеност кон општествено одговорното делување преку поддршка на кампањата на Црвениот крст на Град Скопје „Помислете на нас“. По повод обележувањето на 16 октомври, Светскиот ден на борба против гладот, иницијативата има цел да ја подигне свеста за важноста на борбата против оваа негативна појава, како и да обезбеди директна помош за социјално ранливите категории граѓани.Во рамки на кампањата која ќе се одвива од 16 до 22 октомври оваа година, компанијата обезбедува финансиски средства за подготовка на пакети со прехранбени производи, кои ќебидат дистрибуирани до семејствата и…

Повеќе

Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од неколку населби во градот Скопје и од околните населени места. -Како што соопшти РЦУК Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 08.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Долно Лисиче ( општина Аеродром), од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од ул. 4 и ул. 10 во Сарај. ( општина Сарај ), а од 08.30 до 16.00 часот, корисниците на области од Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава ( општина Студеничани ). Во периодот од 09.00 до 12.00 часот ќе останат бвез струја…

Повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен утре и в сабота…

Повеќе

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска се одржа координативен состанок со претставници од сите надлежни институции и организации, со цел подобра подготовка и координација за претстојниот зимски период. На состанокот директорот на ЦУК, Мухамед Али и заменик директорот, Трајче Јовановски, ја истакнаа важноста на навремената координација, комуникација и заедничко делување на сите институции во Системот за управување со кризи. Какао што информираат од ЦУК, на состанокот се разговараше за состојбата на терен, временските прогнози, состојбата на патиштата и можните појави на свлечишта и одрони, како и за нивото на водостоите на реките и другите критични точки. Се разгледаа…

Повеќе

Министерството за здравство, како правен субјект, нема никаква обврска или долг кон Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје. Тврдењата за неплатен долг од пет милиони евра се неточни и целта им е да се нанесе штета на угледот на Министерството или да се амнестира некој од сопствените обврски, се потенцира во денешното соопштение од МЗ, како реакција на соопштението од „Комунална хигиена“. – Апелираме да се проверуваат информациите, особено кога станува збор за тврдења што можат да создадат забуна или да доведат до недоверба во институциите. Министерството за здравство продолжува да работи согласно законските обврски и со принцип на транспарентност во своите…

Повеќе

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопјe (КХС) потврдува дека платите на вработените се исплаќаат редовно со неколкудневно задоцнување. КХС е посветена на навремена исплата на плати за вработените, се вели во соопштението од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопјe. Институции раководени од кадри на ВМРО и други — не добиле плати повеќе од три месеци. На пример, во Ј.К.П Пехчево, Јавно комунално претпријатие Тетово, Јавно комунално претпријатие С. Врапчиште, Јавно комунално претпријатие Комуналец – Градско, Јавно претпријатие Миравци, Ј.П Равен Пехчево, Погребни услуги ЈП Охрид – Охрид, Хигиена Ј.П. С. Чегране доцнат со платите, но истиот синдикат кој е политички инструментализиран не…

Повеќе

Во бугарското село Љуљаково, во општина Руен, во југоисточна Бугарија, 25-годишен маж убил тројца членови на своето семејство и ја запалил куќата, додека неговиот седумгодишен брат, иако повреден, успеал да избега, објавија локалните власти. Убиството се случило околу 4:00 часот наутро, објави Новините. Според прелиминарните извештаи, осомничениот ја застрелал својата 73-годишна тетка, 47-годишната мајка, 13-годишната сестра и 7-годишниот брат. Момчето, и покрај повредите, успеало да избега од запалената куќа и ги известило властите, давајќи клучни информации за нападот. Полицијата и бугарските екипи на Брза помош реагираа брзо. Тие го изгаснаа пожарот и пронајдоа три јагленисани тела во куќата. Седумгодишното момче,…

Повеќе

Полска денес го предупреди рускиот претседател Путин да не го преминува нејзиниот воздушен простор за средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, наведувајќи дека може да биде принудена да изврши меѓународна потерница ако го стори тоа. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека не може да гарантира дека независен полски суд нема да ѝ наложи на владата да придружува таков авион за да го предаде Путин на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Сикорски го потсети Радио Родзина дека потерницата на МКС ги обврзува земјите-членки на судот да го уапсат Путин ако стапне на нивна територија. „Мислам дека руската…

Повеќе

Стабилни економски и политички односи, високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија и силен партнер во релизацијата на стартешките цели на земјата. Ова беше констатирано на средбата помеѓу потпретседателот на Владата и минстер за транспорт Александар Николоски и државниот министер во Одделот за бизнис и трговија во Владата на Обединетето Кралство, Сер Крис Брајан, која денеска се одржа во Лондон. Македонија е на пат да реализира огромни инфраструкутрни проекти во делот на железничкиот и патниот транспорт и инфраструктура и здравството и тоа со огромна подршка на Владата на Велика Британија преку Договорот за соработка, истакна на средбата…

Повеќе