Close Menu
Press24
    Најново

    Гаши: Партиите да побараат заеднички јазик за измените на Законот за јавни набавки, инаку ќе се расправа според Деловникот

    09.11.2026 во 22:47

    36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски со порака – продолжуваме обединети

    09.11.2026 во 22:36

    Епилог од пожарот кај Бит Пазар: Оштетени три куќи – го гаснеле над 20 пожарникари

    09.11.2026 во 22:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши: Партиите да побараат заеднички јазик за измените на Законот за јавни набавки, инаку ќе се расправа според Деловникот
    • 36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски со порака – продолжуваме обединети
    • Епилог од пожарот кај Бит Пазар: Оштетени три куќи – го гаснеле над 20 пожарникари
    • Гаши за „360 Степени“: ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните измени не смеат да се претворат во меѓуетнички проблем
    • Трамп со контроверзна изјава: Украина ќе има поинаков облик по завршувањето на војната
    • Лајен: Неопходен е прекин на огнот во Украина пред да може да се води каква било сериозна дискусија за европската безбедност
    • Скандал во Бразил: Градоначалник упадна во болница и затекна лекари заклучени во соба додека пациенти чекаат преглед
    • Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши: Партиите да побараат заеднички јазик за измените на Законот за јавни набавки, инаку ќе се расправа според Деловникот

    Гаши: Партиите да побараат заеднички јазик за измените на Законот за јавни набавки, инаку ќе се расправа според Деловникот

    09.11.2026 во 22:473 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки, за кои се поднесени 2 158 амандмани. Ако нема договор, нагласува тој, Собранието ќе ги разгледа амандманите во роковите предвидени со Деловникот. 

    -Во овој случај, мислам ако има толку многу амандмани, ние сме парламентарна демократија, Собранието е место каде што се разговара, ќе треба да се најде начин да се дојде до решение – вели Гаши во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

    Прашан дали веќе разговарал со координаторите на пратеничките групи, претседателот на Собранието истакна дека денеска, од објективни причини немало координација и оти позициите на партиите се познати.

    Измените се прва точка на дневниот ред на утрешната пленарна седница, но на прашањето дали пратениците ќе почнат со нив или предност ќе добие ребалансот на буџетот, Гаши вообичаено кога е во прашање ребалансот се почнува со него.

    Во интервјуто Гаши говореше и за тоа дали забелешките од граѓанскиот сектор дека дел од измените ја намалуваат транспарентноста и отвораат простор за корупција се причина пратениците уште еднаш да ги преиспитаат предложените измени на Законот. Според него, суштината на измените е при изборот на најдобрата понуда, покрај цената, да се вреднува и квалитетот.

    -Никој нема намера, најмалку мнозинството во овој случај да протне нешто – рече Гаши, додавајќи дека ако дел од одредбите оставаат простор за сомнежите на кои укажува граѓанскиот сектор, за нив треба да се разговара.

    Законот утре се враќа на трето читање откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не го потпиша указот за измените што Собранието ги усвои на 26 октомври.

    Тој во интервјуто се осврна и на парламентарните избори и притоа изрази убедување дека ќе се одржат во редовниот термин, иако, според неговата процена, на Влен би му одговарало да се гласа сега. Тој вели дека од евентуални предвремени избори не очекува позначајна промена во односот на силите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но очекува подобар резултат за Влен во однос на ДУИ.

    -Но, не мислам заради интересот на една политичка партија треба да се оди на избори и да се поремети овој принцип за кој верувам дека има поголеми ефекти во општеството, во државата, да креираме заеднички политичка стабилност секои четири години – вели претседателот на Собранието.

    Гаши вели дека неколку последователни изборни циклуси во кои парламентот би го завршил четиригодишниот мандат би придонеле за политичка стабилност на земјата. Исходот од изборите за градоначалник на Брвеница, каде што во вториот круг кандидатот на ДУИ го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, не му ја сменил таа процена

    Прочитај повеќе

    36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски со порака – продолжуваме обединети

    09.11.2026 во 22:36

    Епилог од пожарот кај Бит Пазар: Оштетени три куќи – го гаснеле над 20 пожарникари

    09.11.2026 во 22:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.