Close Menu
Press24
    Најново

    Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас

    09.11.2026 во 21:00

    Трамп се сомнева во регуларноста на изборите за Конгресот: Како можеа анкетите да бидат толку погрешни?

    09.11.2026 во 20:37

    Мрежа од емоции и верен народ: Над 2,5 милиони луѓе на мисата на папата Лав XIV во Буенос Аирес

    09.11.2026 во 20:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
    • Трамп се сомнева во регуларноста на изборите за Конгресот: Како можеа анкетите да бидат толку погрешни?
    • Мрежа од емоции и верен народ: Над 2,5 милиони луѓе на мисата на папата Лав XIV во Буенос Аирес
    • Хакерски упад во „Росстат“: Протечени податоци откриваат дека во војната во Украина загинале над 450.000 Руси
    • Претседателката замина за Париз – ќе присуствува на мировниот форум
    • Бојковска: Економијата бележи континуиран раст, седум последователни квартали економски раст над 3 проценти
    • Полициска акција во Кичево: Пронајдени дрога и траги од наркотични средства при претрес во дом
    • ВИДЕО: Беснее пожарот кај Бит Пазар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас

    Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас

    09.11.2026 во 21:001 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По истрагата и проверките спроведени од припадниците на Крајбрежната служба на Грција, со помош на куче за откривање експлозивни направи, не беше пронајдено ништо сомнително, откога попладнево беше пријавено дека е поставен експлозивен механизам на траектот „Blue Star 1“, на атинското пристаниште Пиреас, со 875 патници и 83 членови на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина.

    Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, за време на проверките сите патници беа евакуирани, а траектот од Атина требаше да отплови до островите Сирос, Патмос, Лерос, Кос и Родос.

    На траектот има 875 патници и 83 членови на екипажот, како и 89 автомобили, 12 мотори, 110 товарни возила и еден минибус, а по извршената проверка се очекува да добие зелено светло за пловидба.

    Според грчките медиуми, пријавата била од непознато лице до патник во бродот предупредувајќи го дека е поставена бомба што ќе експлодира.

    Лажна дојава за бомба имаше и минатата седмица, кога беше добиена пријава за поставен експлозивен механизам во кузерот „Crown Iris“, со 940 патници и 597 членови на екипажот, што од грчкиот остров Сирос тебаше да отплови кон Хаифа, Израел.

    Прочитај повеќе

    На 24 години почина фудбалер на Раднички – само еден ден по одиграниот натпревар

    09.11.2026 во 11:49

    Пронајдено човечко тело во куфер оставен на улица во Атина

    09.11.2026 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.