Close Menu
Press24
    Најново

    Бојковска: Економијата бележи континуиран раст, седум последователни квартали економски раст над 3 проценти

    09.11.2026 во 19:26

    Полициска акција во Кичево: Пронајдени дрога и траги од наркотични средства при претрес во дом

    09.11.2026 во 19:05

    ВИДЕО: Беснее пожарот кај Бит Пазар

    09.11.2026 во 18:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бојковска: Економијата бележи континуиран раст, седум последователни квартали економски раст над 3 проценти
    • Полициска акција во Кичево: Пронајдени дрога и траги од наркотични средства при претрес во дом
    • ВИДЕО: Беснее пожарот кај Бит Пазар
    • Решени дел од барањата на Ветеринарната комора, со АХВ партнерски ќе се надминуваат и останатите предизвици
    • Народот пресече за 48 часа: Над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените
    • Продолжува програмата „Суперучилишта“ – средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот
    • Нови детали за пожарот кај Бит Пазар: Се интервенира со 6 противпожарни возила
    • Пожар кај Бит Пазар – зафатени се неколку магацини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бојковска: Економијата бележи континуиран раст, седум последователни квартали економски раст над 3 проценти

    Бојковска: Економијата бележи континуиран раст, седум последователни квартали економски раст над 3 проценти

    09.11.2026 во 19:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Можам да кажам дека кога се спремавме да влеземе во Собранието, очекувавме, нормално лоша состојба во државата, сите ние го живеевме секојдневието на се она коешто ни го носеше, или би рекла повеќе не ни го носеше претходната влада од СДС и ДУИ, но верувајте ми дека првиот шок, би рекла, во Собранието беше моментот кога требаше да се носи ребалансот на буџетот во 2024 година. И ние очекувавме лоши бројки, но кога го отворивме буџетот и кога видовме дека од основни елементарни потреби на луѓето за живеење не се обезбедени, како што веќе напоменавте, неисплатени плати во Македонски шуми, во Водостопанство, неисплатен К-15, воопшто непредвиден К-15 за работниците. Значи законски основи по коишто мора да бидат исполнети овие работи, не беа предвидени во буџетот, буквално истрошен и испразнет буџет за шест месеци, а треба да има за цела година“, рече Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, во емисијата Колегиум на Алфа телевизија.

    Во однос на актуелните економски движења, таа посочи дека позитивните резултати се потврдени со официјални податоци од релевантни домашни и меѓународни институции, како ММФ, Светската банка и Државниот завод за статистика. Таа додаде дека седум последователни квартали со економски раст над 3 проценти се јасен показател дека Македонија се движи во позитивна насока.

    „Успеавме во делот, најнапред да го консолидираме буџетот и да ја консолидираме онаа состојба која што е затекнавме. И она коешто сега е добар момент, а по коешто, еве не кажувам јас како Драгана Бојковска или како ВМРО-ДПМНЕ, дека веќе Македонија се движи во позитивна насока. Јас секојпат претендирам да ги споменувам бројките коишто не се извор на партискиот штаб, коишто многу често знаат Социјалдемократскиот сојуз да си кажуваат бројки, подготвени само од нивниот партиски штаб, туку ги цитирам бројките од ММФ, Светска банка, од ДЗС. И таму укажуваат дека Македонија, особено во делот  на економијата, бидејќи ако зборуваме за буџетот, неминовно е да зборуваме и за економијата, дека Македонија се движи во добра насока. Самото тоа што веќе седум квартали по ред имаме ние позитивен економски раст од над 3%, значи дека државата ја водиме и економијата ја носиме во една позитивна насока, но наша цел е овој тренд да не застане и покрај геополитичките случувања коишто  се случуваат во светот“, кажа Бојковска.

    Прочитај повеќе

    Народот пресече за 48 часа: Над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените

    09.11.2026 во 18:16

    Бени Шаќири станува советник за култура на Ѓорѓиевски, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

    09.11.2026 во 17:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.