Close Menu
Press24
    Најново

    Продолжува програмата „Суперучилишта“ – средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

    09.11.2026 во 18:11

    Нови детали за пожарот кај Бит Пазар: Се интервенира со 6 противпожарни возила

    09.11.2026 во 17:54

    Пожар кај Бит Пазар – зафатени се неколку магацини

    09.11.2026 во 17:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Продолжува програмата „Суперучилишта“ – средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот
    • Нови детали за пожарот кај Бит Пазар: Се интервенира со 6 противпожарни возила
    • Пожар кај Бит Пазар – зафатени се неколку магацини
    • Мерц за 9. ноември: Слободата и демократијата никогаш не треба да се земаат здраво за готово
    • Муцунски во работна посета на Литванија и отворање на македонската Амбасада во Вилнус
    • Бени Шаќири станува советник за култура на Ѓорѓиевски, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ
    • Што откри инспекцијата за случајот со 17-годишната Билјана од Богданци
    • Објавени најновите анализи: Водата за пиење во Скопје е безбедна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Продолжува програмата „Суперучилишта“ – средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

    Продолжува програмата „Суперучилишта“ – средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

    09.11.2026 во 18:113 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства кои можат да бидат применети и адаптирани во различни образовни средини. Истовремено, им даваат можност на наставниците да учат едни од други, на училиштата да развиваат нови партнерства, а на учениците да се социјализираат, да запознаваат други народи и култури, да ја почитуваат различноста и да развиваат чувство на припадност кон поширока заедница.

    Ова го посочи државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска на претставувањето на училиштата кои годинава се дел од Шемата за размена на училишта од Западен Балкан – програма кофинансирана од Европската Унија и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ), а имплементирана од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

    -Најважно е што преку ваквите искуства младите стекнуваат вредности и се градат како личности. Тие вредности не остануваат само во училницата или во училиштето. Учениците ги носат дома, ги пренесуваат во своите семејства и заедници и на тој начин придонесуваат кон развој и градење поотворено и посолидарно општество. Иницијативата „Суперучилишта“ е одлична. Нашите училишта добиваат можност да воспостават партнерства со училишта од други земји, а особено ме радува што преку новиот повик се настојува тие партнерства да не завршат со реализацијата на еден проект, туку да прераснат во трајни релации и континуирана соработка меѓу образовните установи, наставниците и учениците, рече Ивановска.

    Државниот секретар нагласи дека регионот на Западен Балкан, и покрај бројните заеднички историски, културни и општествени сличности, во изминатите децении помина низ процеси кои оставија последици врз меѓусебната доверба и соработката. Затоа, денес повеќе од кога било се потребни иницијативи што ги поврзуваат луѓето, ги надминуваат предрасудите и создаваат нови мостови на соработка.

    -Токму образованието и младите се најдобрата почетна точка за тоа. Преку отворање на образовните системи, размена на искуства и заеднички активности, создаваме услови за подобро меѓусебно разбирање и за регион во кој соработката, а не поделбите, ќе биде наша заедничка определба, додаде Ивановска, упатувајќи благодарност до имплементаторите и поддржувачите на програмата за искажаната одговорност кон младите и нивната иднина.

    Денес беа претставени вкупно 52 училишта од регионот што преку петтиот отворен повик за вмрежување во рамки на програмата „Суперучилишта“ ќе продолжат да ги развиваат веќе воспоставените партнерства преку претходни повици. Од нив, 10 училишта се од Македонија – СОУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп, ОСЕУ „8 Септември“ – Тетово, СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје, СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, СОУ „Маврово – Ростуше“ – Маврово – Ростуше, ОСМУ „Др. Јован Калаузи“ – Битола, РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово, РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид и СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија.

    Прочитај повеќе

    Нови детали за пожарот кај Бит Пазар: Се интервенира со 6 противпожарни возила

    09.11.2026 во 17:54

    Пожар кај Бит Пазар – зафатени се неколку магацини

    09.11.2026 во 17:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.