Author: Author 04

Вчера во 09:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Србиново, на  влез за с.Лакавица, патничко возило „даеву ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Ф.(69) од с.Беловиште, гостиварско, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починал возачот Т.Ф., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.

Повеќе

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кои биле членови на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2024 година, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Сведокот, кој од 2018 до 2024 година бил член на Управниот одбор на Клиниката за онкологија, одговараше за начинот на кој во тоа време на Клиниката се набавувала терапија од условен буџет. На УО директно не му била презентирана…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Битола, по спроведена претходна постапка, до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против службено лице – поранешна директорка на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“, која е обвинета за продолжени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување и Фалсификување исправа, како и две кривични дела предвидени во Законот за трансформација во редовен работен однос. Со продолжените злоупотреби на службената положба во текот на 2022 и 2023 година, обвинетата, на еден работник му овозможила неоснована исплата на надоместок за неискористен дел од годишен одмор, а по неговото пензионирање му исплаќала дневници и трошоци за наводни службени патувања и му…

Повеќе

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на панелот посветен на вештачка интелигенција и иновации во рамки на министерскиот состанок за земјите од Западен Балкан, организиран од Европската комисија и еврокомесарката Екатерина Захариева. Во своето обраќање, министерот Андоновски порача дека Македонија го трансформира пристапот кон иновациите, од фрагментиран систем во интегриран, ефективен и европски усогласен модел. Тој го претстави INOVA, националниот механизам за иновации и претприемништво, кој обединува три министерства – за дигитална трансформација, економија и образование – во една унифицирана структура што овозможува реални резултати на терен. „Иновацијата веќе не е само технолошко прашање – таа е економско, општествено…

Повеќе

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека кривичната и казнената евиденција за странски државјани ќе се проверува преку Министерството за внатрешни работи. -Кривичниот суд ги известува странските државјани кои престојуваат во Република С. Македонија дека, согласно новите процедури, проверките за казнена и кривична евиденција неопходни за регулирање на престој, повеќе нема да се вршат преку судовите, туку директно од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР). Имено, странските државјани не треба повеќе самостојно да обезбедуваат потврди од судовите. Проверките по однос на казнена и кривична евиденција ќе ги врши Министерството за внатрешни работи по службена должност во рамки на постапката за одобрување…

Повеќе

Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека денеска испратил допис до Управниот одбор на ЗЕЛС за одржување на итна седница кадешто ќе побара да се најде решение за проблемот со сметот како на територија на Центар, така и на градот Скопје. „Утрово пуштив допис до Управниот одбор на ЗЕЛС, се слушнав и со директорката на ЗЕЛС, побарав итна седница на ЗЕЛС кадешто ќе се побара решение на овој проблем. Изминатите пет дена комуналното претпријатие воопшто не се појавува на улиците во Општина Центар и се соочуваме со огромни проблеми, а набрзо не дај боже и зарази“, рече Герасимовски. Герасимовски, потенцираше дека побарал…

Повеќе

Мобилни царински тимови во изминатите денови спречија повеќе прекршочни дела при што запленети се, 160 штеки цигари, 1.512 метри квадратни теписи, 100 килограми препарати за добиток, 665 парчиња гелови за нокти, три комплети германски регистарски таблички и сообраќајни дозволи, 80 парчиња облека со потпис на познати трговски марки, девизи и очила за сонце, соопштија од Царината. Обидот за шверц на 160 штеки цигари е откриен при контрола на автобус кој сообраќал на релација Скопје – Истанбул – Скопје, на излез од државата на граничниот премин Деве Баир. Цигарите биле сокриени во делот за вентилација, како и во картонски кутии под…

Повеќе

Градоначалникот Горан Герасимовски, преку лајв видео информира дека пет дена ЈП „Комунална хигиена“ воопшто не се појавува на улиците во Центар за да го подигне сметот од улиците кадешто има надлежност. Тој, потенцираше дека утрово испратил допис до ЗЕЛС за итна седница кадешто ќе се побара решение за овој проблем. „Ова ги надминува сите граници. Изминатите пет дена комуналното претпријатие воопшто не се појавува на улиците во Општина Центар и се соочуваме со огромни проблеми, а набрзо не дај боже и зарази. Нашите хигиеничари се во две смени, имаме дополнителна механизација којашто и во утринските и во вечерните часови е…

Повеќе

Долгот на Македонски железници кон хрватската CIOS ГРУПА, кој останува нерешен повеќе од две децении, повторно се наметнува како сериозно прашање меѓу двете страни. Во интервју за Press24, претседателот на Управниот одбор на CIOS, Рафаел Клеменс Барт, вели дека компанијата и понатаму е отворена за дијалог и пријателско порамнување, но отсуството на волја од македонските институции го довело случајот до суд. „Секоја година се додаваат по 2 милиони евра камати – затоа што нема порамнување“ „Како актуелен претседател на Управниот одбор на CIOS ГРУПА, ја сметам оваа ситуација за многу сериозен проблем,“ изјави Барт за Press24. „Побарувањата од Македонски железници…

Повеќе

Македонската Влада полека, но сигурно, ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, безбедносните прашања, коридорите и другите прашања, со што има одреден напредок, но засега се уште ни недостига вистински пробив за напредок на европскиот пат, изјави известувачот на Европскиот парламент за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. – Северна Македонија се уште е блокирана од Бугарија. За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот што го блокираат нејзиниот напредок, истакна Вајц во изјава за Европската новинска редакција (ЕНР), од која дел е и МИА. Вајц изрази надеж дека по локалните избори ќе бидат „направени потребните уставни измени за вклучување на бугарската…

Повеќе