Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп и висок функционер од Националниот совет за енергетска доминација на САД

    Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп и висок функционер од Националниот совет за енергетска доминација на САД

    07.04.2026 во 09:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на официјалната посета во Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари средба во белата куќа со Jarrod Agen, Заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД.

    Средбата се одвиваше во отворен и суштински дијалог, со јасно дефиниран фокус на стратешките приоритети и конкретните насоки за унапредување на соработката, при што од двете страни беше оценета како особено продуктивна и корисна.

    Jarrod Agen е висок функционер со значајна улога во креирањето и координацијата на енергетските политики на САД, со директен увид во стратешките приоритети и развојните процеси во секторот. Неговото искуство и познавање на глобалните енергетски текови
    претставуваат важна основа за развој на идни партнерства и проекти.
    На средбата беа разменети ставови за унапредување на двостраната соработка во
    енергетскиот сектор, со акцент на:

    • енергетската безбедност и стабилност на снабдувањето;
    • диверзификацијата на енергетските извори;
    • развој на стратешки инфраструктурни проекти од заеднички интерес.

      Министерката Божиновска ја истакна подготвеноста на Северна Македонија за продлабочување на соработката и реализација на конкретни иницијативи, нагласувајќи
      дека партнерството со САД претставува значаен фактор за долгорочна стабилност и развој
      на енергетскиот сектор.

      Извршниот директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД, Аген, пак
      истакна дека меѓу двете земји постојат толку многу можности за соработка што можат да
      го променат енергетскиот пејзаж во регионот со децении.

      Соговорниците се согласија дека постои јасен потенцијал за интензивирање на
      соработката, со фокус на проекти кои ќе донесат конкретни резултати и ќе придонесат за
      економски развој и енергетска сигурност на двете земји.

      Оваа средба е дел од серијата билатерални средби на министерката Божиновска, која како
      дел од високата владина делегација на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу двете
      земји, каде се разговара за унапредување на соработката со САД во повеќе клучни
      области: енергетика, економија, безбедност и технологија.
    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.