Author: Author 04

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) упати итен апел до сите македонски државјани кои во моментов се наоѓаат во Мексико, да ја напуштат земјата во првата безбедна можност. Причината е драматичното влошување на безбедносната состојба по убиството на водачот на моќниот картел Халиско, Немесио Осегуера – познат како Ел Менчо. По воената рација во која беше ликвидиран нарко-босот, Мексико се соочува со бран на насилство. Членови на картелите блокираат патишта со запалени возила, а пожари се подметнуваат во продавници и аптеки низ повеќе држави. Хаосот не ги заобиколи ниту туристичките центри како Пуерто Ваљарта, каде се издигаат густи…

Повеќе

Нови дојави за поставени експлозивни направи денеска предизвикаа вознемиреност во неколку училишта во Скопје и Тетово. Полициските екипи веднаш излегоа на терен и ги евакуираа објектите за да се извршат потребните антитерористички проверки. Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека по извршените контроли е утврдено дека се работи за лажни дојави и дека нема опасност за учениците и вработените. „Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, информираат од МВР.

Повеќе

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска излезе со став по веста за апсењето на Артан Груби на граничниот премин Блаце, нагласувајќи дека по година и пол бегство, правдата конечно го добива своето место. Според Петрушевски, Груби важи за олицетворение на криминалот и корупцијата од времето на претходната власт. Тој потсети дека штетата направена врз буџетот се проценува на минимум 8 милиони евра, со индиции дека сумата е далеку поголема. „Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше. Сега е време на одговорност. Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ и секој кој се огрешил пред законот ќе се соочи со…

Повеќе

На 21.02.2026 и 22.02.2026 полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Д.Г.(19) од село Секирник, струмичко, Р.П.(38) од село Владевци, струмичко, А.Т.(26) од село Еднокуќево, струмичко и К.Г.(19) од Струмица поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со настанатиот пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавено во Струмица. На 22.02.2026, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г., при што во домот на Р.П. се пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. е пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, а во домот на…

Повеќе

Неверојатна сообраќајна несреќа се случила во истанбулската населба Каѓитхане, каде еден маж завршил во болница откако бил прегазен од сопственото возило. Инцидентот, кој очевидците го опишуваат како филмска сцена, бил целосно снимен од безбедносните камери во околината. Според информациите, возачот С.Д. се обидувал да излезе од својот двор возејќи наназад, но во еден момент испаднал низ отворената возачка врата. Додека несреќниот човек се обидувал да стане од асфалтот, возилото кое останало без контрола продолжило да се движи и го приклештило меѓу каросеријата и еден ѕид. Во несреќата мажот се здобил со скршеница на колкот и сериозни повреди на стапалата, но…

Повеќе

Трагично заврши потрагата по црногорскиот планинар Ц.Ф., чие безживотно тело беше пронајдено вчера на северните падини на планината Хајла. Несреќата се случила во саботата, кога планинарот се лизнал и паднал во клисура на надморска височина од 2.407 метри. Алармот го кренале хрватски планинари кои биле сведоци на падот и веднаш испратиле SOS порака. Тие пријавиле дека по падот на црногорскиот државјанин во клисурата, целосно го изгубиле контактот со него. Во големата прекугранична операција учествуваа спасувачките служби од Косово и Црна Гора, кои се соочија со екстремно тешки временски услови и слаба видливост. Телото на починатиот е лоцирано на местото викано…

Повеќе

Рано утрово, во 4:45 часот, на реката Уна кај населеното место Росуље се случи тешка несреќа во која се преврти чамец со мигранти. Полицијата, која вршела надзор на државната граница, ги слушнала повиците за помош кои доаѓале од водата, по што веднаш била покрената спасувачка акција. На местото на несреќата е пронајдено тело на еден починат маж, додека уште едно лице е извлечено живо од реката. Сепак, стравувањата се дека во чамецот имало повеќе лица кои се водат како исчезнати. Во моментов, специјални тимови со помош на пловила и беспилотни летала ја пребаруваат реката и крајбрежјето во обид да ги…

Повеќе

Британскиот принц Ендру се најде во центарот на нов скандал откако „Би-Би-Си“, повикувајќи се на поранешни државни службеници, објави дека тој наплатувал услуги за масажа на сметка на даночните обврзници. Тврдењата се однесуваат на периодот од 2001 до 2011 година, додека тој ја извршувал функцијата специјален трговски претставник на Велика Британија. Според изворите, овие трошоци биле прикривани како дел од неговите службени патувања низ светот. Еден од службениците открива дека првично одбил да ги потпише овие сметки, сметајќи ги за чист луксуз, но неговата одлука подоцна била експресно поништена, а парите исплатени од државната каса. Покрај масажите, под лупа се…

Повеќе

Силна зимска бура денеска буквално го парализираше североисточниот дел на САД. Локалните власти издадоа итни предупредувања за екстремни услови, обилни снежни врнежи и опасни ветрови, што доведе до масовно затворање на училиштата и целосен прекин на јавниот превоз. Градоначалникот на Њујорк веќе прогласи вонредна состојба, а најголемиот училиштен округ во земјата ги прекина сите наставни активности. Состојбата е алармантна и на аеродромите – според податоците на „FlightAware“, откажани се повеќе од 5.000 летови, а хаосот се очекува да продолжи и во текот на утрешниот ден. Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, презеде радикални мерки за справување со невремето: „Активирав 100 припадници…

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Би-Би-Си упати драматично предупредување дека рускиот претседател Владимир Путин веќе ја започнал Третата светска војна. Според него, единствен начин таа да се запре е преку силен воен и економски притисок врз Москва. Зеленски јасно стави до знаење дека Украина нема да прифати територијални отстапки во замена за мир. Тој смета дека откажувањето од окупираните територии би значело предавство на стотици илјади луѓе и долгорочно слабеење на државата. „Верувам дека Путин веќе ја започнал. Прашањето е колку територија ќе може да освои и како да го запре тоа… Русија сака да наметне поинаков начин…

Повеќе