Author: Author 04

Времето утре претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

Повеќе

Ноќеска во 00:55 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во село Габрово, делчевско, патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од О.З.(55) од с.Габрово, удрило во ограда на негов сосед. При преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно дека го управувал возилото 1,82 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода, информираа од полицијата. 

Повеќе

Вчера во 21:13 часот на ул.„Солунска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Л.(42) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Л. при што е констатирано дека возилото го управувал со 2,99 промили алкохол во организмот.

Повеќе

Вчера во Кочани, полициски службеници од ОВР КОчани го лишија од слобода Ј.И.(57) од с.Бања, кочанско. Претходно, тој со патничко возило „југо“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал на ул.„Роза Петрова“ во Кочани, удрил во неколку паркирани возила. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,01 промили алкохол во крвта.

Повеќе

Осомничените Сабахудин Рустеми и Аки Саити се во полициска станица Газибаба и сè уште трае рокот од 24 часа за полициско задржување додека се подготвува кривичната пријава, информираа за Телма од обвинителствотo. По пoднесувањето на кривична пријава, официјално се отвора истрага во чии рамки и доколку обвинителството оцени, може да се бараат и мерки за обезбедување на присуство на осомничените. Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Сабахудин Рустеми беше приведен вчера, како и Аки Саити од Сарај, раководител во Кумунална хигиена, за несобирањето на ѓубрето во Скопје. „Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП Комунална хигиена Скопје, во врска…

Повеќе

Агенцијата за безбедност во сообраќајот предлага построги казни, како што се трајна конфискација на возила и затворски казни до 40 години за возење во пијана состојба Семејствата на жртвите истакнуваат дека недостатокот на каење кај возачите по несреќите дополнително ја зголемува нивната болка и бараат построги казни Само оваа година, 39 лица загинаа на српските патишта поради возење во пијана состојба. Меѓу нив имаше и деца. Повеќе од 1.100 лица беа повредени. Кај дури 1.200 возачи беше утврдено дека имале помеѓу 1 и 2 промили алкохол во крвта. Уште попоразително, во речиси 700 случаи, возачите имале повеќе од 2 промили.…

Повеќе

Скопје денес е домаќин на 14-ти Меѓународен форум за енергетика и одржлив развој — собир кој ги обединува најголемите умови, визионери и практичари од над 70 земји. Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање потенцираше дека ова е момент на гордост, но и момент на одговорност. -Горд сум што Македонија денес е центар на светската дебата за иднината на енергијата, и уште погорд што светот погледнува кон нас не како кон мала земја, туку како кон сериозен партнер, кој активно ја обликува агендата за одржлив развој. Фактот што денес овде во Скопје се води оваа глобална дискусија, покажува дека регионалната енергетска…

Повеќе

Нов систем за влез на српската граница започна! Еве каде и што треба да знаетеИмплементацијата на новиот систем за влез и излез на Европската Унија (EES) на унгарско-српските гранични премини започна денес во 8 часот наутро на граничниот премин Томпа-Келебија, објави Генералниот конзулат на Унгарија во Суботица. Системот EES ќе биде воведен на граничниот премин Реске-Хоргош од 4 ноември, а на преостанатите гранични премини меѓу Унгарија и Србија до 11 ноември, соопшти конзулатот во соопштение на Фејсбук. Како што е најавено, на граничните премини се поставени места за регистрација, а полициските службеници ќе ги насочуваат возилата во посебни ленти за…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за 360 степени остро одговори на критиките за неговото вклучување во акциите за чистење неколку дена пред изборите, посочувајќи дека хигиената и теренската работа се дел од неговиот пристап цел мандат, а не ПР-акција. „Тоа е една од многуте лаги што ги слушам изминативе месец дена. Еве ја мојата програма, тука има сè: и програма, и отчет, и сработено заедно со граѓаните. Тоа е доказ дека изминатите четири години сме се грижеле за сè, вклучувајќи ја и хигиената. Граѓаните не гледаат и нас, и механизацијата, и вработените, секојдневно на терен“, изјави Герасимовски.…

Повеќе

Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Виз ер“. Првиот лет ќе се реализира попладне во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје, каде по тој повод прес-конференција ќе одржат вицепремиерот Александар Николоски, амбасадорот на Шпанија Рафаел Сориано Ортиз, и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Летовите од Скопје до Мадрид ќе се реализираат секој вторник, петок и сабота. Од скопскиот аеродром од денеска повторно се лета до Ларнака и ќе има летови секој вторник и сабота. Скопје вчера се поврза авионски со Стокхолм и Бари, а Охрид со Базел. …

Повеќе