Author: Author 04

Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, , рече премиерот Христијан Мицкоски откако го оствари своето право на глас на денешните локални избори. Народот за време на кампањата, но и изминатиов период направи јасна разлика и мислам дека граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред во развој, а не да се враќаме назад во оние времиња кога Македонија се ограбуваше и се распродаваше, истакна Мицкоски. Мицкоски пораќа дека Македонија заслужува подобро и очекувам денеска таков да биде изборот на граѓаните.

Повеќе

Врз основа на извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумскопретставување, Советот на Агенцијата на денешната 14 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, соопшти АВМУ.„Спротивно на Изборниот законик, ТВ Компани 21-М на 18 октомври, првиот ден од изборниот молк, емитуваше реприза на посебната информативна програма Клик плус – Изборни дебати, премиерно емитувана на 17.10.2025, реализирана како дебата во која учествуваат тројца кандидати за градоначалник на Општина Центар, односно емитуваше информации и аудиовизуелни материјали во кои учествуваат учесници во изборите.ТВ Шутел на 18…

Повеќе

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави на прес-конференција портпаролот на МВР, Гоце Андреевски. Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со истиот настан, во Полициската станица Прилеп повикани се С.А.(28),…

Повеќе

Излезеноста на локалните избори до 13:00 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, до 13:00 часот се пристгнати податоци од 3 207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1 666 298, а од нив гласале 335 244. Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,31. -Најголема излезеност има во Богданци 27,31 отсто, Вевчани 33,76, Градско 26,01, Дебарца 28,42, Демир Капија 29,25, Дојран 30,74, Кратово 30,01, Крива палнка 32,42, Лозово 31,86, Новаци 36,52, Ранковци 32,07 и Чашка 40,74 отсто, додека…

Повеќе

Според достапните податоци, вкупната излезност во Македонија до 13:00 часот на локалните избори во 2025 година изнесува 20,16% од вкупно запишани 1.832.415 гласачи. Оваа излезност е речиси иста со онаа во 2021 година ( 20,55%), но значително пониска во однос на 2017 година (27,30%) и 2013 година (36,73%). Во Град Скопје, вкупната излезност е 20,07% од 474.304 гласачи, повеќе од 2021 година (18,71%). Највисока излезност во скопските општини има во Центар со 22,03% и Карпош со 21,69%.Од останатите градови, највисок одѕив има во Штип (24,23%) и Струмица (22,75%). Најниска излезност е забележана во Гостивар (11,66%).

Повеќе

Вчера во 10:40 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Ресен, патничко возило „форд“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(68) од Ресен, удрило во пешакот, 74-годишната Ф.Ј. од Ресен. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Ј., констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.

Повеќе

Денеска во 01:00 часот во СВР Скопје, Р.В.(27) од Битола пријави дека околу 00:20 часот во здравствена установа на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во СВР Скопје е пријавено дека на 17/18.10.2025 во аптека на подрачјето на  Центар, едно лице со употреба на физичка сила и погоден алат влегло во објектот и од касите одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

На 18/19.10.2025, во периодот од 22:05 до 01:25 часот во ОВР Кавадарци е извршен службен разговор со О.Ј.(45), 44-годишната Н.Ј., 41-годишната У.Ј., 35-годишната Е.Ј,. А.Ј.(23), К.Ј.(25), Ш.Ј.(40) и С.С.(28), сите од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека ја скршиле влезната врата од домот на 40-годишен кавадарчанец, а потоа  во  домот, кршеле покуќнина, предмети за домаќинство и физички ги нападнале него и неговата сопруга. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 година до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса izbori@jorm.mk не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело. Јавен обвинител од ОЈО Струмица денеска усно е известен за погрешно испечатени гласачки ливчиња во Ново Село и извршен е разговор. Известена е Државната изборна комисија да го замени материјалот, но нема елементи на кривично дело. Во текот на вчерашниот…

Повеќе