Author: Author 04

Од 8 до 14.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците на обејктот на „Меркур Македонија“ во општина Гази Баба. Како што соопшти РЦУК-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 9 до 14.30 часот денеска струја ќе немаат и корисниците на дел од улицата „Радушка“ во општина Ѓорче Петров.

Повеќе

Овен Овој ден ви носи силна, конструктивна енергија. Чувствувате дека конечно можете да ги претворите вашите идеи во конкретни резултати. Марс во Шкорпија ве поттикнува да дејствувате решително, а Јупитер во Рак ви носи чувство дека сè оди во вистинската насока. Денес можете многу ако не брзате. Добро ќе се разберете со Јарци и Водолији, а избегнувајте Лавови кои денес може да ве одвлечат од фокусот со својата драма. Бик Вие чувствувате поддршка и од луѓето и од околностите. Денот носи хармонија меѓу желбата за раст и потребата за сигурност. Марс и Јупитер создаваат енергија што ве поттикнува да ризикувате…

Повеќе

Првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник со освојување на 33 општини и мнозинство во совети во поголемиот дел од општините; велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Вториот круг е нов предизвик, но кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во трката влегуваат со значителна предност од противниците во 21 од 27 општини. Предноста на Орце Ѓорѓиевски во Скопје со разлика од над 60 илјади гласа е недостижна од противкандидатот на матната и непринципиелна коалиција која ги интересира, исклучиво, власт по секоја цена. Голема е предноста и на Дејан Митески во општина Аеродром, каде во однос на противкандидатот од СДС во првиот оствари…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се изврши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88% во однос на одлуката од 20.10.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 0,50 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемија за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,010 ден/кг и сега изнесува 36,057 ден/кг. Од 28.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за Сител телевизија изјави дека состојбата со хигиената во Скопје и Општина Центар е катастрофална и недозволива за една метропола, обвинувајќи за нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“ и недостатокот на одговор од Градот. „Ова е катастрофа што му се случува на градот Скопје и на Општината Центар изминатите четири години. И целата оваа ситуација е недозволива за една метропола“, рече Герасимовски, додавајќи дека додека други поднесувале кривични пријави и се жалеа, Центар работел на терен. Тој нагласи дека Општина Центар презела низа конкретни мерки за справување со проблемот: изнајмена е дополнителна механизација,…

Повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 16 степени. Под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе…

Повеќе

По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лицеза кривично дело- Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик. Обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди. Потоа…

Повеќе

Албанските власти денеска го екстрадираа за Австрија македонскиот државјанин Монди Гитлан осуден на пет години затвор за трговија со дрога. – Како резултат на координацијата на оперативните дејствија меѓу специјалистите од Дирекцијата на Интерпол Тирана и нивните колеги во Австрија, финализирана е постапката за екстрадиција од Албанија во Австрија лицето Монди Гитлан, 29 години, жител на село Велешта, Струга, Северна Македонија, објавија медиумите. Тој бил баран со меѓународна потерница бидејќи судот во Виена во мај годинава го осудил на пет години затвор за трговија со дрога. Дваесет и деветгодишниот Гитлан беше уапсен во почетокот на минатиот месец на граничниот премин…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска одржал состанок со управители на станбени згради и претставници на куќни совети, на кој се разговарало за усвоените кризни мерки за справување со состојбата со сметот. Од прес-службата на Општина Центар информираат дека управителите добиле задолжение од општината итно да спроведат вонредна дератизација, дезинсекција и дезинфекција во сите станбени објекти кои се под нивна надлежност. -Се работи за алармантна ситуација. Некои ме критикуваат дека не е моја работа да ги чистам улиците, но не се согласувам, секој од нас треба да даде личен пример, а тоа постојано сум го правел. Секогаш кога имало…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска ги прими проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Атанас Конески, претставник на Културен и едукативен центар „Небрегово“, именуван по родното место на Конески. Професорите ја информираа за преземените активности врзани за одбележувањето на 80 години од стандардизацијата на македонскиот литературен јазик, како и 80 годишнината од основањето на Филолошкиот факултет во Скопје. Обајцата ја аргументираа заложбата за измена на Законот за државни награди заради додавање на наградите „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“. За нив, најдобро време за доделувањето на наградите е месец декември, кога објацата се родени:…

Повеќе