Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Сами се справивме со сметот, барам да ги преземеме ингеренциите на Комунална хигиена за Центар

    Герасимовски: Сами се справивме со сметот, барам да ги преземеме ингеренциите на Комунална хигиена за Центар

    28.10.2025 во 09:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за Сител телевизија изјави дека состојбата со хигиената во Скопје и Општина Центар е катастрофална и недозволива за една метропола, обвинувајќи за нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“ и недостатокот на одговор од Градот.

    „Ова е катастрофа што му се случува на градот Скопје и на Општината Центар изминатите четири години. И целата оваа ситуација е недозволива за една метропола“, рече Герасимовски, додавајќи дека додека други поднесувале кривични пријави и се жалеа, Центар работел на терен.

    Тој нагласи дека Општина Центар презела низа конкретни мерки за справување со проблемот: изнајмена е дополнителна механизација, работено е двосменски и тросменски, поставени се нови контејнери и набавена е цистерна за миење улици – но, според него, тоа не е доволно без функционален систем на ниво на Градот.

    „Доколку ЈП ‘Комунална хигиена’ не профункционира, ќе биде многу тешко да се одржува хигиената самостојно“, предупреди тој.
    Герасимовски потсети дека уште пред две години, како претставник на Центар во Управниот одбор на ЗЕЛС, побарал секоја општина да ги преземе ингеренциите за хигиена.

    „Сигурен сум, и тогаш и сега, дека ако ги преземевме ингеренциите, набавевме дополнителна механизација и зголемевме бројот на хигиеничари, сето ова денес немаше да се случи“, истакна Герасимовски.

    По првиот круг од изборите, Герасимовски иницираше итен состанок со скопските градоначалници и барал вклучување и на Владата.

    „Свикавме и кризен штаб, побарав итен состанок на ЗЕЛС, седнавме со скопските градоначалници да бараме решенија. Темата беше и понатамошно преземање на ингеренциите, по изборите, секоја општина поединечно да се грижи за хигиената.“ – рече Герасимовски.

    Дополнително, Герасимовски објави дека Општина Центар спровела вонредни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, како вонредна дезинфекција и дератизација во сите училишта и градинки, ангажирање поголем број работници за секојдневно чистење на школските дворови, средба со куќни совети и нивни претставници, со цел да се спроведе дератизација во околината на секоја зграда и дератизација на 1980 шахти на територија на Општина Центар, со најави дека таа ќе продолжи во наредниот период.

    „Сè уште не е решен проблемот со хигиената на центарските и скопски улици, и затоа мора да дејствуваме со заеднички напори и јасна одговорност“, заклучи Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет

    23.10.2026 во 12:06

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.