Author: Author 04

Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето почна во 7 часот, а ќе трае до 19 часот. Се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати. Вчера, ден пред изборите, гласаа затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни лица и лица во старските домови. ДИК…

Повеќе

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Исто така, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и…

Повеќе

На 3474 избирачки места во земјава денеска во првиот круг од осмите локални избори можат да гласаат 1 832 415 гласачи. Вчера своето право на глас можеа да го остварат 2162 затвореници, лицата во домашен притвор, 8848 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Гласање во дијаспората за локалните избори нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас. Гласачките места ќе бидат отворени од седум до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи за време на Локалните избори континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. -Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола со…

Повеќе

ОВЕНОние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета. Не дозволувајте парите премногу брзо да излезат од контрола, обидете се максимално да ги контролирате вашите трошоци, како и вашите навики поврзани со секојдневниот шопинг. Нема да ја спасите ситуацијата ако понудите пари, наместо тоа да понудите време. БИКРазговарајте со оние луѓе кои имаат искуство во нешто поврзано со инвестиции, медицина или право. Информациите што ќе ги соберете денес ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и да решите добар дел од проблемите со одење на патот. Љубовната врска ќе…

Повеќе

Студент од Богданци е приведен откако бил затекнат како тајно снима колешка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, потврди Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 16 октомври 2025 година, околу 17 часот, кога 22-годишна студентка од Прилеп, која престојува во домот, забележала мобилен телефон поставен над параванот во бањата додека се туширала. Според пријавата, 22-годишниот А.М. од Богданци признал дека ги направил фотографиите. Полицијата веднаш го привела и извршила претрес, при што му биле одземени мобилен телефон, лаптоп и компјутер. Од СВР Скопје информираа дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Повеќе

Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори и се истакнуваат на огласна табла во општината и се соопштуваат на јавните гласила. Изборната комисија на Град Скопје првичните резултати од изборите за членови на совет, односно градоначалник ги објавува во рок…

Повеќе

Шокантен случај на семејно насилство ја вознемири јавноста во Грција, откако средношколка од Волос пријавила злоупотреба што ја трпи во семејниот дом. Случајот е откриен благодарение на внимателно набљудување и навремена реакција од страна на училишниот персонал. Според достапните информации, девојчето постојано се појавувало во училиштето со видливи траги од насилство – модринки, рани и изгореници од цигари – што ги оправдала како „несреќи“. Сепак, последниот инцидент бил толку сериозен што ги принудил наставниците веднаш да реагираат. Сфаќајќи дека девојчето веројатно страда од семејно насилство, наставниците веднаш го известиле Обвинителството за малолетници во Волос и локалната полиција. За време на…

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја би можела да им обезбеди на САД „илјадници дронови“ ако Вашингтон им дозволи да „користат ракети Томахавк“. -Затоа ова е место каде што можеме да соработуваме, каде што можеме да го зајакнеме американското производство – изјави Зеленски за новинарите пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, објави Си-ен-ен. Американскиот претседател рече дека САД потенцијално би биле заинтересирани за овој предлог и го пофали производството на ова оружје во Украина. -Имаме многу дронови во моментов. Ние ги правиме нашите сопствени дронови, но исто така купуваме дронови од други, а…

Повеќе

Во недела да излеземе масовно на гласање, да ја подигнеме партијата, да покажеме дека СДСМ е тука, дека СДСМ е силен и дека падот на ВМРО-ДПМНЕ започнува веќе од понеделник, порача Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Куманово. „Во недела влегуваме во силна борба. И таа борба ќе ја водиме со главата горе, со гордост што сме наследници на асномската идеја за слободна, праведна и солидарна Македонија. Ова не е време за апатија, ниту за дистанца. Ова е време на одлука. Или ќе го…

Повеќе