Author: Author 04

Според достапните податоци, вкупната излезност во Македонија до 11:00 часот на локалните избори во 2025 година изнесува 9,39% од вкупно запишани 1.832.415 гласачи. Оваа излезност е помала во однос на претходните локални избори: Во 2021 година, одѕивот до 11:00 часот бил 10,3%.Во 2017 година, излезноста била 8,91%.Во 2013 година, излезноста до 10:00 часот била 13,99%.Во Град Скопје, вкупната излезност е 6,65% што е значително помалку од 2021 година (9,54%). Највисока излезност во скопските општини има во Кисела Вода со 10,60%, потоа Бутел со 10,00% и Центар со 9,98%.

Повеќе

Утрово на отворањето на Музејот Лувр во Париз се случи грабеж, објави денес француската министерка за култура Рашида Дати на својот X профил. Музејот Лувр е затворен поради грабеж Инцидентот наводно се случил во моментот кога првите посетители почнале да влегуваат во музејот, по што веднаш била распоредена полиција, а посетителите биле предупредени да не влегуваат во музејот. Париз е преполн со полицијаЛувр, глобален симбол на француската култура и едно од најдобро одржуваните места во Париз, денес ќе биде затворен за посетители. Паника во зградата на музејот, украден е накит во вредност од милиониУкраден е накит што им припаѓал на…

Повеќе

Во текот на претстојната работна недела доаѓа државниот празник 23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба. Четвртокот ќе биде неработен за сите граѓани во Република Северна МакедонијаСогласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ За граѓаните припадници…

Повеќе

Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.Следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.

Повеќе

Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК) До 11:15 часот пристигнати се податоци од 3.139 избирачки места на кои од вкупно запишани 1 645 583, гласале 154 275 граѓани, односно 9,38 проценти, рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска. Како што посочи, до ДИК досега нема информации од избирачките одбори за евентуални проблеми или непријатности. Според податоците на ДИК, општини со најголема излезеност се Чашка 22,60 проценти, Новаци 19,3, Пробиштип, 17,64, Крушево 16,97, Крива Паланка 16, 85, Кратово 16,16, Вевчани 16,02, Дебрца 15,76, Градско 15, 27, Ранковци, 15,5, Демир Капија,…

Повеќе

Вчера во 16:24 часот во село Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода С.В.(30) од Крива Паланка. Претходно, тој со возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб пред угостителски објект во селото. При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека С.В. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,93 промили алкохол. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Повеќе

До 11.00 часот на 80. Избирачки места во Општина Штип на гласање излегле 4.500 граѓани или 10,89 проценти од вкупниот број на избирачи, вели за МИА претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Виктор Вацев. -Гласањето се одвива во најдобаред ред, немаме пријавено никакви неправилности од страна на избирачите или од страна на Избирачките одбори. Гласањето на Локалните избори во Штип се одвива во мирна атмосфера, вели Вацев. Во централното градско подрачје на гласачките места во најголемото општинско училиште „Ванчо Прќе“, каде што утринава беше и МИА имаше зголемена фреквенција од граѓани, кои на неколкуте избирачки места го остваруваат своето граѓанско…

Повеќе

Вчера околу 16:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на локалниот пат за с.Подгорци, струшко, на место викано „Орешки“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.О.(45) од с.Подгорци, струшко и патничко возило „цитрен саксо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од с.Подгорци, струшко. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „цитроен саксо“, А.Д. и неговите сопатници Б.Р.(36) и М.М.(43), како и сопатникот од патничкото возило „цитроен берлинго“, М.О.(48) сите од с.Подгорци, додека со телесни повреди се здобил возачот А.О., констатирани во Медицински центар Струга,…

Повеќе

Излезеноста во Крива Паланка до девет часот изнесува 5.15 отсто, во Кратово 5.13 отсто, додека во Ранковце 5.96 отсто од вкупниот број гласачи запишани во избирачкито список го оствариле своето право на глас до 9 часот. Во овие три општини изборнито процес започна навреме и гласањето се одвива непречено. Во Општина Крива Паланка се гласа на 47 избирачки места, а во единственито избирачки список се запишани вкупно 16534 граѓани. Во Кратово се гласа на 33 места на кои денес ќе можат да гласаат 7438 гласачи, додека во Ранковце вкупно 2921 граѓанин ќе може да гласа на осмите локални избори во…

Повеќе

Излезеноста во Куманово, според податоците на Државната изборна комисија до 9 часот е 2, 75 проценти. Како што претходно соопшти ДИК, а потврди и претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска на едно избирачко место во село Живиње, каде има 12 гласачи поради немање електрична енергија согласно изборниот законик, ДИК донел одлука гласањето на ова избирачко место да продолжи со УВ ламба и УВ спреј, додека екипите не го санираат проблемот со струја. Право на глас имаат 94.041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи кои ќе гласаат на 164 избирачки места. Претседателката на ОИК Липково, Ајше Демири…

Повеќе