Close Menu
Press24
    Најново

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“
    • Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот
    • Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството
    • Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните
    • Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него
    • Во Колумбија се урна авион со 110 војници
    • Кралицата Камила се „почести“ сo нови веѓи, платила 1700 евра
    • Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Енергетиката е поставена високо на државната агенда

    Мицкоски: Енергетиката е поставена високо на државната агенда

    28.10.2025 во 10:334 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Скопје денес е домаќин на 14-ти Меѓународен форум за енергетика и одржлив развој — собир кој ги обединува најголемите умови, визионери и практичари од над 70 земји. Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање потенцираше дека ова е момент на гордост, но и момент на одговорност.

    -Горд сум што Македонија денес е центар на светската дебата за иднината на енергијата, и уште погорд што светот погледнува кон нас не како кон мала земја, туку како кон сериозен партнер, кој активно ја обликува агендата за одржлив развој. Фактот што денес овде во Скопје се води оваа глобална дискусија, покажува дека регионалната енергетска иднина може – и треба – да се гради токму тука во нашата земја. Ова е нашата прилика да покажеме дека земја со мала површина може да има големо влијание – кога има јасна визија, решителност и лидерство. Сакам да ја истакнам улогата и визионерството на министерката за енергетика која е решена да ги придвижи работите за кратко време, да ги забрза процесите и да не дозволи Македонија да заостанува во трката со времето. Како човек кој самиот доаѓа од енергетскиот сектор, добро знам колку е важно тоа чувство на постојано движење, на промена и на одговорност. Затоа енергетиката е поставена високо на државната агенда – не како техничко прашање, туку како национален приоритет и државна стратегија. Енергетската транзиција изгледаше недостижна, скапа, бавна. Но, ние ја правиме возможна. Секој соларен панел, секоја ветерница, секоја нова електрана што работи на чиста енергија – тоа е дел од нашата современа борба за независност, рече Мицкоски.

    Премиерот порача дека светот денес се менува со забрзано темпо.

    -Она што порано значеше сигурен снабдувач, денес значи флексибилен систем, отпорен пазар и чисти извори на енергија. Енергетската стабилност не е веќе само економско, туку и безбедносно прашање. Глобалните турбуленции нè потсетуваат дека енергетската независност е услов за економска слобода. А без слобода — нема развој, нема стабилност, нема ниту достоинство. Нашата Влада стои цврсто зад реформите што ги спроведува Министерството за енергетика, но уште поважно – ја гради врската меѓу политиката и визијата. Нашата визија е јасна: да ја подготвиме за иднината државата – за климатските предизвици, за технолошките промени и за глобалните ризици. Да создадеме регионален пример на стабилна, чиста и независна енергетска економија. Знаеме дека тоа бара време, ресурси и упорност. Но, уште повеќе бара вера во сопствените сили, истакна премиерот.

    Потенцираше дека транзицијата не е само технолошка — таа е ментална, вредносна и цивилизациска.

    -Во изминатите неколку месеци, направивме значителни чекори напред: започнавме интензивно со инвестиции во обновливи извори на енергија, воспоставивме јасни регулаторни рамки, изградивме енергетски интерконектори со соседните земји, започнавме програми за енергетска ефикасност во јавниот и приватниот сектор. Се поставуваат соларни и ветерни паркови кои пред само една деценија беа визија на хартија. Сега тие се реалност, дел од мрежата што ја храни иднината. Паралелно, инвестираме во човечки капитал, затоа што знаеме дека енергијата не доаѓа само од природата, туку и од луѓето кои создаваат, иновираат и сонуваат. Енергијата може да се мери во џули, мегават-часови или барели, но постои и енергија што не се мери во лабораторија – човечката енергија, енергијата на визијата, трудот и посветеноста. Токму таа енергија ја чувствувам денес овде, во оваа сала. Тоа е енергијата што ја движи Македонија – народ кој не се плаши од промени, туку ги прегрнува како предизвик и како можност. Како што рече Винстон Черчил: „Не дозволувај кризните времиња да поминат без да ги искористиш за создавање нешто ново“. И ние така постапуваме. Глобалните кризи не ги доживуваме како пречки, туку како поттик за нови решенија. Од Скопје денес испраќаме порака дека одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон идните генерации, истакна Мицкоски.

    Мицкоски порача дека енергетиката е срцето на економијата. Вели дека ако тоа срце чука рамномерно, целиот систем живее.

    -Да го одржиме тој ритам е нашата заедничка одговорност, но и нашата најголема можност. Секоја инвестиција во чиста енергија е инвестиција во живот, здравје, стабилност и напредок. Секоја нова технологија што ја воведуваме, секој киловат што го произведуваме без загадување – тоа е чекор кон економија што ќе ја напојува иднината. Нашата цел не е само да ги исполнуваме меѓународните цели. Нашата цел е да ја создадеме економијата на иднината – интелигентна, дигитална, зелена и отпорна. Дозволете ми да бидам јасен: Ние не бегаме од транзицијата — и модерните времиња. Одиме натаму со визија, знаење и партнерства. Затоа, дозволете оваа конференција да не заврши со зборови, туку со дејства. Да ја претвориме енергијата на оваа сала во конкретни чекори: чекори на инвестиции, во заеднички проекти, во мрежа на доверба и резултати. Верувам дека она што започнува денес во Скопје ќе биде искрата што ќе ја зајакне соработката меѓу земјите и ќе нè однесе кон почиста, посилна и поправедна енергетска иднина, посочи тој.

    Популарно

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41

    Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

    23.03.2026 во 22:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.