Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Како градоначалник секогаш давам личен пример, возам велосипед, помагам во акции за чистење

    Герасимовски: Како градоначалник секогаш давам личен пример, возам велосипед, помагам во акции за чистење

    28.10.2025 во 10:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за 360 степени остро одговори на критиките за неговото вклучување во акциите за чистење неколку дена пред изборите, посочувајќи дека хигиената и теренската работа се дел од неговиот пристап цел мандат, а не ПР-акција.

    „Тоа е една од многуте лаги што ги слушам изминативе месец дена. Еве ја мојата програма, тука има сè: и програма, и отчет, и сработено заедно со граѓаните. Тоа е доказ дека изминатите четири години сме се грижеле за сè, вклучувајќи ја и хигиената. Граѓаните не гледаат и нас, и механизацијата, и вработените, секојдневно на терен“, изјави Герасимовски.

    Тој посочи дека неговиот противкандидат, иако бил заменик-министер, не покажал никаков интерес за проблемите на Центар ниту за време на мандатот, ниту преку конкретни акции.

    „Човек кој е заменик-министер година и пол, кој ако ги прашате граѓаните дали знаат кој е и каде работи, мислам дека само 1% ќе дадат позитивен одговор. Четири години го немаше никаде кога се работеше на терен, кога чистевме диви депонии, ѓубришта. Сега постојано се слика за ПР. Добро е да се праша – фрли ли барем една кеса ѓубре во канта? Е тоа е пример – не само да критикуваш, туку и да покажеш“, додаде тој.

    На прашањето дали е воопшто работа на градоначалник да собира смет, Герасимовски одговори дека не станува збор за функција, туку за однос.

    „Делумно се согласувам. Но ние треба да бидеме пример. Ние не сме само менаџери – ние сме домаќини на општината и треба да ја водиме домаќински. Исто како дома. Затоа почнав со велосипедот, затоа сум со хигиеничарите, затоа бев на секој пожар заедно со пожарникарите, носев вода со вработените. Кога падна дрво пред ‘Киро Глигоров’, излегоа први вработените од Општина Центар – иако тоа треба да го прават ЈП ‘Паркови и зеленило’. Така се води општина. Со личен пример“, заклучи Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.