- ВИДЕО: Со виљушкар откорнаа банкомат и избегаа за неколку минути
- Муцунски во Ирска: ЕУ проширувањето мора да биде фер и објективен процес
- Мицкоски: Како Влада почнавме од нула – Македонија денес топ-5 во Европа по раст на БДП
- Западен Балкан во фокусот на самитот за транспортни инвестиции во Солун
- Кралското семејство донесе конечна одлука: Принцот Џорџ ќе го напушти домот во септември
- Кампусот на „Мајка Тереза“ добива конечен изглед
- ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме со народот, а СДСМ бега од него
- Бугарија против ЕУ – не сака санкции против Русите
Author: Author 03
Шилегов: Како СДСМ мислат дека можат да добијат избори кога се караат со своите најистакнати членови
Улогата на една политичка партија во општеството, особено во македонското демократско општество, улогата на поголемите политички партии е да присоберат помали политички групации со цел да создадат квалитетна коалиција. А вие се карате со своите најистакнати членови во изминатите 15-20 години. И сега како воопшто мислат дека можат да функционираат како политичка партија и да добиеш избори?, рече Петре Шилегов поранешен функционер од СДСМ во интервју за „Фокус“. Шилегов истакна дека СДСМ како политичка партија наместо да го шири спектарот на луѓе и да црпи знаење од луѓето во СДСМ со подолгогодишно искуство ги губи луѓето со квалитет. „Наместо да…
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на 42-та седница на Советот за рамномерен регионален развој, која се одржа во Владата на Република Македонија. На седницата беа разгледани и дискутирани важни одлуки поврзани со распределбата на финансиски средства за развојни проекти за 2026 година, вклучувајќи: * развој на планинските региони,* развој на руралните средини,* развој на урбаните подрачја,* како и поддршка на подрачјата со специфични развојни потреби. Исто така, на дневен ред беше и разгледувањето на годишниот извештај за спроведувањето на планските документи за регионален развој, како и оценката на напредокот во имплементацијата…
Во рамки на официјалната посета на швајцарскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Ги Пармелан. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова: Почитувани, Не само за мене, туку и за сите нас и за државата ова е историски ден, зoшто за прв пат швајцарски претседател е во официјална посета. Затоа, дозволете ми уште еднаш да го поздравам неговото доаѓање и плодниот разговор што го имавме. Зошто го потенцирам ова? Присуството на швајцарскиот претседател овде, значи дека тој на Западен Балкан му придава големо значење од една страна и второ, тој е потстрек на…
На 28.04.2026 во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватен превозник, управуван од Б.А.(61) од с.Грчец, скопско, а кој сообраќал на градска линија број 12, удрил во 81-годишната Р.С. од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.С., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 28.04.2026 околу 22:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Стефковски“ и ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(26) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.С.(32) од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, додека со телесни повреди неговиот сопатник Е.Б.(40) од с.Долно Количани, скопско, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, потпишаа Меморандум за соработка со кој се поставуваат темелите за засилена и координирана акција во насока на јакнење на интегритетот во јавниот сектор. Со ова се потврдува заедничката заложба за системско унапредување на капацитетите на администрацијата и градење култура на отчетност, транспарентност и професионализам. Соработката е насочена кон унапредување, промовирање и поттикнување на процесот на едукација на административните службеници, со цел подигнување на свеста и продлабочување на знаењата во областа на спречување на корупцијата, судирот на интереси, заштитата на укажувачите, како и етиката…
Денеска се одржа четириесет и втората седница на Советот за рамномерен регионален развој, со кој раководеше министерот за локална самоуправа, Златко Перински. На седницата, Советот ги утврди предлог-одлуките за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони, селата, урбаните подрачја и подрачјата со специфични развојни потреби преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година. Вкупно предложени за финансирање се 56 предлог проекти во вредност од 148.407.142 денари. Со овие предлог-проекти се создава основа за реализација на нови инвестиции и развојни иницијативи насочени кон намалување на регионалните диспаритети, подобрување на локалната инфраструктура и поттикнување на одржлив…
Кривичен донесе одлука. 8 години затвор доби Раде Штекли, а неговите соучесници од 3 до 5 години за неговите соучесници. Тие се обвинети за организирање на криминална група вклучена во неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана. Предметот опфаќаше вкупно 16 лица. Од нив, седуммина претходно склучија спогодба со Обвинителството и добија затворски казни во траење од три до 3,5 години, додека четири лица ја признаа вината, по што за нив постапката беше раздвоена. Според обвинението, групата оперирала во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година, со јасна структура и дефинирани улоги. Како организатор и координатор, кој ги…
Последниот случај на брутално врсничко насилство врз девојче во Скопје е уште еден сериозен аларм дека системот кој треба да штити и да ги превенира ваквите појави, целосно потфрла, се наведува во соопштението од прес – конференцијата на Симона Цветаноски, членка на ИО на СДСМ. Нема систем. Има само жртви. И за тоа мора да има политичка и секаква друга одговорност. За сите пропусти, за промашената превенција, несоодветното постапување на МВР јасна е одговорност на министерот Панче Тошковски. Во последните две години со ВМРО на власт, живееме во држава во која насилството е секојдневие, во училиштата, во домовите, на улиците.…
МВР информира дека на 28.04.2026 година во 09:15 часот на улицата „Охридска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Р. (22) од Тетово. Претходно, тој со патничко возило „бмв“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „тојота“ со тетовски регистарски таблички, управувано од М.Е. (44) од Тетово, како и со паркирано возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички. По преземени мерки и проверки било констатирано дека возилото „бмв“ го управувал без да поседува возачка дозвола. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
