Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм
    • Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
    • Драма во Белгија: Уапсен 15-годишен ученик за лажна дојава за бомба и евакуација на 850 деца во Гент
    • Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци
    • Двајца загинати при руски напади врз бензински пумпи во Киев
    • ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори
    • ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
    • Мелони децидна: Италија мора сама да произведува повеќе нафта и гас за да ја намали увозтната зависност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Западен Балкан во фокусот на самитот за транспортни инвестиции во Солун

    Западен Балкан во фокусот на самитот за транспортни инвестиции во Солун

    18.06.2026 во 10:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Инвестициите не носат само нови поврзувања, туку го редефинираат начинот на кој Европа се гледа себеси и својата позиција во светот, порача Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, на отворањето на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“ во Солун.

    Тој истакна дека транспортот не е само инфраструктура, ниту само возови, авиони и патишта, туку пред сè луѓе. Како што рече, успехот често погрешно се мери во километри или тонажа, иако вистинската вредност е во поврзаноста што им овозможува подобар живот на граѓаните.

    „Пациентите да стигнат до медицинска нега, студентите до образование, претприемачите до нови пазари, а заедниците да напредуваат“, нагласи Закоњшек, додавајќи дека целта на поврзаноста е создавање можности, а не само инфраструктура. Тој оцени дека регионот на Западен Балкан не е периферија, туку „срцевина на новата европска политика за поврзаност“.

    Еврокомесарот за транспорт и мобилност Апостолос Цицикостас порача дека се неопходни континуирани инвестиции во железницата, патиштата, пристаништата и аеродромите во целиот регион.

    „Само јавното финансирање не е доволно. Потребно е да се мобилизираат партнерства меѓу владите, меѓународните финансиски институции и приватниот сектор“, истакна тој, додавајќи дека успехот на проширувањето на ТЕН-Т мрежата зависи од регионалната соработка и прекуграничната ефикасност.

    Како што јави известувачот на МИА од Солун, на самитот учествуваат претставници од седум европски држави и меѓународни финансиски институции. Македонија ја претставува заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој ќе учествува на панел-дискусија за приоритетите во инфраструктурата и инвестициите во Западен Балкан, со посебен фокус на коридорите 8 и 10.

    Николоски во рамки на самитот ќе оствари и повеќе билатерални средби.

    Самитот е организиран од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, Транспортната заедница, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, со поддршка на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност

    11.09.2026 во 17:25

    Евро банкнотите добиваат нов изглед

    11.09.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.