Author: Author 03

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на свечената седница по повод јубилиеот од основањето на партијата, порача дека СДСМ 35 години ја носи одговорноста за иднината на државата преку креирање клучни државни политики и одлуки. Во своето обраќање, Филипче потсети на историските почетоци на партијата и државата, како и клучната улога на СДСМ во во најтешките периоди и во создавањето на независноста на државата. -Тоа не беше време на лесни решенија. Тоа беше време на санкции, ембарга, неизвесност и кревка државност. Но токму тогаш се покажа дека политиката не служи за да се делат улоги и функции, туку за да…

Повеќе

– На 17.04.2026 на улица „Народна револуција” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.П.(21) од кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи. Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал мотоцикл „џонвеј” со кумановски регистарски ознаки пред да се стекне со право за управување, односно без возачка дозвола. – По документирање на настанот против него ќе следува кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило” по член 297-а од Кривичниот законик, стои во соопштението.

Повеќе

Кинескиот претседател Си Џинпинг упати официјален повик за итно повторно отворање на Ормускиот Теснец за непречен меѓународен сообраќај. Со оглед на тоа што Кина е еден од најголемите светски потрошувачи на нафта и клучен трговски партнер во регионот, Пекинг изрази сериозна загриженост за економските последици од тековната блокада. За време на својот последен говор, кинескиот лидер нагласи дека стабилноста на поморските патишта е од суштинско значење за глобалното закрепнување и економската предвидливост. „Слободната навигација низ Ормускиот Теснец е од витално значење за глобалната енергетска безбедност и стабилноста на меѓународните синџири на снабдување. Ги повикуваме сите инволвирани страни да покажат воздржаност,…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Метју Г. Витакер, постојан претставник на Соединетите Американски Држави при НАТО. На средбата беа разгледани можностите за дополнително зајакнување на соработката во рамки на Алијансата, како и актуелните безбедносни предизвици и заедничките приоритети насочени кон унапредување на регионалната и глобалната стабилност. Премиерот Мицкоски ја истакна важноста од континуирана координација, партнерство и заедничко дејствување во одговор на современите безбедносни закани. Тој воедно изрази благодарност за силната и континуирана поддршка од страна на Соединетите Американски Држави, потврдувајќи ја посветеноста на државата кон вредностите и обврските што произлегуваат од членството во НАТО.

Повеќе

Миле Лефков, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во денешното издание на регионалната телевизија Њусмакс, каде се осврна на темата за новата влада на источниот сосед на Македонија. Тој вели дека изборите на една суверена држава, според него се секогаш внатрешно прашање на таа држава, и ја честиташе победата на новата влада во Бугарија. Како што вели Лефков, конечно има стабилна Влада кај источниот сосед на земјава. Тој кажа дека патот кон ЕУ не треба да зависи од билатерални спорови, туку од тоа дали земјата ги исполнува реформите, за што кажа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ неуморно…

Повеќе

Денес во касарната „Илинден“ во Скопје, амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, оствари работна посета на Армијата и Министерството за одбрана. -Денеска заедно со амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс, бевме во посета на припадниците на Баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ во Скопје, каде што беше реализирана показна тактичка вежба, објави министерот за одбрана Владо Мисајловски. На средбата со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, беше потврдена успешната соработка како и беа разгледани можностите…

Повеќе

Додека глобалната економија се соочува со сериозен недостиг на енергенси, Ормускиот Теснец стана точка на највисок геополитички ризик. Иран почна да го ограничува сообраќајот низ овој клучен воден пат преку кој поминува една петтина од светската нафта, додека Соединетите Американски Држави ги засилуваат мерките за економски притисок врз Техеран. Оваа стратешка блокада предизвика паника на светските берзи, каде цената на суровата нафта достигна рекордни нивоа. Експертите предупредуваат дека секој понатамошен застој во овој регион може да предизвика глобален енергетски колапс. Официјален Техеран тврди дека потегот е неопходен за националната безбедност, додека Вашингтон го карактеризира како „директна уцена“ на меѓународната заедница.…

Повеќе

Јапонија повторно се соочува со засилена сеизмичка активност откако серија нови земјотреси беа регистрирани во неколку региони низ земјата. Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) издаде предупредување до граѓаните за максимална претпазливост, нагласувајќи дека опасноста од нови, потенцијално посилни потреси сè уште не е помината. Епицентрите на најновите потреси се лоцирани во области кои веќе беа погодени од претходни сеизмички бранови, што дополнително ја зголемува загриженоста за стабилноста на веќе оштетените објекти и инфраструктура. Јапонските власти ги повикаа жителите во загрозените подрачја да бидат подготвени за итна евакуација доколку за тоа има потреба. „Ги повикуваме граѓаните да останат смирени, но и исклучително…

Повеќе

Македонија влегува во период на нестабилно време кој ќе трае до средината на работната недела. Според метеоролозите, до среда се очекуваат чести врнежи од дожд, проследени со грмежи и локална појава на невреме. Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, но во попладневните часови облачноста ќе се зголеми, што ќе донесе дожд, особено во северните и западните делови од земјата. „До среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со поинтензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град“, соопштуваат од Управата…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази силен оптимизам во пресрет на дипломатските разговори во Исламабад, каде што американска делегација предводена од потпретседателот Џеј-Ди Венс ќе се обиде да стави крај на конфликтот со Иран. Трамп нагласи дека целта на неговата администрација е постигнување стабилно решение кое ќе донесе мир. Иако тензиите се високи, претседателот верува дека постои простор за договор кој ќе биде во интерес на националната безбедност на САД, но и на регионалната стабилност. „Мислам дека ќе направиме многу добар договор со Иран. Ќе видиме што ќе се случи, но имам добар претчувство за ова. Тие сакаат да се направи…

Повеќе