- Стојаноски: СДСМ избега од дебата за заемот, немаат аргументи
- Јотова: Потребна е реформа на начинот на кој функционира Народното собрание
- Манасиевски: Лагите на ССМ и СДС паѓаат во вода, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните
- Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери
- Во април: Годишен раст од 9,3% на вкупните депозити и од 13,3% на вкупната кредитна поддршка
- Хороскопски знаци кои остануваат во лоши врски
- Милошоски: Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално и паушално во случајот Мазут
- Манасиевски: Македонија не смее да потклекне поради криминалот на Филипче и Заев
Author: Author 03
Американската амбасада во Бејрут упати драматичен апел до своите државјани кои во моментов се наоѓаат во Либан, повикувајќи ги итно да ја напуштат земјата додека сè уште се достапни комерцијални летови. Ова предупредување доаѓа во време на нагло влошување на безбедносната состојба во регионот и страв од проширување на воениот конфликт. Од амбасадата нагласуваат дека капацитетите на авиокомпаниите се ограничени, но дека опции за заминување сè уште постојат. Тие апелираат граѓаните да не чекаат последен момент и да не се потпираат на евентуална воена евакуација, која не е загарантирана. „Ги охрабруваме оние кои сакаат да го напуштат Либан да резервираат…
Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот
Военото воздухопловство на Соединетите Американски Држави (USAF) забележа уште еден инцидент во кој е изгубено воено летало. Според информациите од теренот, станува збор за падот на авион за обука, кој се урнал при изведување на рутинска мисија. Несреќата се случила во близина на воената база, но благодарение на брзата реакција и почитувањето на безбедносните протоколи, трагедијата е избегната. Пилотот на леталото успеал навреме да се катапултира пред леталото да удри во земјата и да експлодира. Во официјалното соопштение од воените власти, потврдено е дека пилотот е во стабилна состојба: „Пилотот успешно се катапултираше и веднаш беше пренесен во медицински центар…
Македонија влегува во период на променливи метеоролошки услови. Според најавите на синоптичарите, во наредните денови нè очекува комбинација од врнежи и постепено затоплување, при што во одредени делови од земјата се очекува дестабилизација на атмосферата. Прогноза за денес и утре Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови, пред сè во западните и северните делови, се очекуваат локални врнежи од дожд. Слична состојба ќе се задржи и утре, кога облачноста ќе преовладува, а температурите ќе почнат да бележат благ пораст. Стабилизација на видик Добрата вест за љубителите на сонцето е дека од средината на работната недела облаците ќе…
Во ескалацијата на воените дејствија на Блискиот Исток, цел на координирани напади станаа клучни образовни и истражувачки институции во Иран. Според извештаите на локалните медиуми, меѓу погодените објекти се Технолошкиот универзитет во Исфахан и Универзитетот за наука и технологија во Техеран, институции кои важат за столбови на иранскиот научен развој. Иранските власти упатија остри обвинувања до Израел и САД, тврдејќи дека нападите се намерно насочени кон деструкција на интелектуалниот капацитет на земјата. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакеи, изјави дека овие центри се само дел од многуте истражувачки објекти нападнати во изминатиот месец. „Всушност, американско-израелската агресија против…
Француските царинарници открија над 1,1 тон кокаин во камион што превезувал земја за цвеќиња. Полицајците го запреле камионот, кој патувал од Португалија до Холандија, на патарина на автопат во францускиот град Виена, јужно од Лион. Проверувајќи го товарот полицијата забележала неправилности, а потоа царинарниците го испразниле камионот, при што во земјата пронашле 998 пакети кокаин. Вредноста на запленетата дрога се проценува на 75,5 милиони евра. Три лица се приведени.
Американската вселенска агенција НАСА сподели нови слики од Земјата со висока резолуција на социјалните мрежи. „Добро утро, свету! Имаме спектакуларни нови слики со висока резолуција од нашата матична планета, сите ние гледаме низ прозорецот на капсулата Орион кон нашите астронаути Артемис II додека го продолжуваат своето патување кон Месечината“, соопшти агенцијата. Good morning, world! 🌎We have spectacular new high-resolution images of our home planet, all of us looking back through the Orion capsule window at our Artemis II astronauts as they continue their journey to the Moon. pic.twitter.com/QjxGfWiRcS— NASA (@NASA) April 3, 2026
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска преку објава на социјалните мрежи порача дека промените во партиските функции не ја менуваат суштината на идејата и поддршката за партијата. „Секретарите се менуваат, вечна е идејата и љубовта за ВМРО и за Македонија“, напиша Јанкулоска, изразувајќи благодарност и поддршка за актуелниот генерален секретар Драган Ковачки.
На 02.04.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 30-годишна жена пријави дека во периодот од 08.06.2025 до 20.03.2026 нејзиниот поранешен сопруг Д.С. (34) физички ги малтретирал нивните две малолетни деца додека биле на видување кај него. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган во денеска телефонски разговараа за ситуацијата на Блиски Исток, соопшти Кремљ. – Констатирано е дека тешките непријателства во Персиски Залив доведуваат до сериозни последици по енергетиката, трговијата, логистиката и другите сектори, не само на регионално туку и на глобално ниво, соопшти Кремљ. Во соопштението се наведува и дека Путин и Ердоган се „за постигнување на прекин на огнот што е можно побрзо и работат на компромисни мировни договори што ќе ги земат предвид легитимните интереси на сите земји во регионот“. Кремљ посочува и дека двајцата лидери разговарале и…
Во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, кој истакна дека вклученоста на младите во политиката е клучна за да можат да го обликуваат општеството како што тие го гледаат и да ги направат промените кои што тие сакаат да ги видат, директно со вклучување во политичките процеси. „Ние гледаме 2 типа на младински активизам и тоа преку партиски подмладоци и невладин сектор во кој луѓето би требало да се ангажираат. Постои јавен дискурс, наратив кој што неодговорни партии, политичари се обидуваат да го наметнат и да внесат апатија кај младите луѓе,…
