Close Menu
Press24
    Најново

    „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода

    10.06.2026 во 08:18

    Измени во цените на ПАП и ХПВ тестирањето во Македонија

    10.06.2026 во 08:16

    Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа

    10.06.2026 во 08:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода
    • Измени во цените на ПАП и ХПВ тестирањето во Македонија
    • Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа
    • Ќе нема струја до 15:30 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
    • Интерпелација за Цветан Трипуновски во Собрание
    • Стартува „Училишта на 21 век – Фаза II“
    • Николоски ќе изврши увид во изградбата на пругата кон Бугарија
    • Насилството врз жените и семејното насилство на дневен ред во Собранието
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Функционерите не ги пријавуваат подароците кои ги добиваат во Антикорупциска

    Функционерите не ги пријавуваат подароците кои ги добиваат во Антикорупциска

    30.04.2026 во 17:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Наместо долга листа на функционери и институции, изгледа како приватен список со две лица. Антикорупциска го објави Каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025-та година. Според евиденцијата, излегува дека државниот ревизор и собранискиот спикер се единствните функционери кои добивале поклони – или барем само тие двајца одлучиле да го почитуваат законот.

    Ацевски добил украсна паричка, рамка со народна нсија, украсен брод и стаклена вазна. Гаши пак во име на државата примил златен меч во рамка, бисер во златна школка, рачно цртана порцеланска вазна и скулптура „глава на коњ“. Списокот не ја покажува реалната слика на примените подароци, смета и првиот Антикорупционер, бидејќи извештаи доставиле само 26 институции од вкупно 1374.

    „Од причина што само 26 институции доставиле вакво известување сметам дека не ја прикажува реалната состојба. Бидејќи актуелниот закон не предвидува прекршочна санкција, ние ние тоа го детектиравме како проблем. Па така, во предложените измени на Законот за спречување на коруција и судирот на интереси предлагаме сите институции да доставуваат ваква евиденција без разлика дали имаат примени подароци или не. Дополнително, за неисполнување на обврската, првпат се предвидува пркршочна санкција“, изјави за Сител претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ.

    Казните по измените ќе се движат од 300 до 500 евра. Законот предвидува обврска сите институции да водат евиденција на примени подароци, и таа евиденција да ја достават до ДКСК најдоцна до 31 март во тековната, за изминатата година.

    Освен поклоните на Гаши и Ацевски, има пријавено и 12 подароци кои ги добивале вработените во јавни институции. Станува збор за вина и тефтери. Државниот архив како поклон пријавил три клими кои чинат скоро 68 илјади денари, а Центарот за култура Браќа Миладиновци во Струга – подарок украсен предмет – акрил на дрво во вредност од 9 000 денари.

    „Значи целата законска регулатива и меѓународна пракса е во насока дека е забрането примање на подароците, а тие што се примаат на протоколарни средби да стануваат државна сопственост“, додаде првиот Антикорупционер.

    Одзивот за пријавување на подароци во ДКСК бил слаб и во изминатите години.

    Прочитај повеќе

    „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода

    10.06.2026 во 08:18

    Измени во цените на ПАП и ХПВ тестирањето во Македонија

    10.06.2026 во 08:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.