Author: Author 03

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево во Париз остварил средба со францускиот министер делегиран за Европа, Бенџамин Адад, на која разговарале за натамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката на владино ниво, со посебен фокус на економската соработка. -Попладнево, во рамки на работната посета на Франција, остварив средба со министерот делегиран за Европа, Бенџамин Адад. Нагласив дека европската интеграција е приоритет на Владата, која е силно посветена на спроведувањето на Реформската агенда. Воедно истакнав дека, заедно со Планот за раст, тие претставуваат клучни процеси за напредокот на земјите од Западен…

Повеќе

Рускиот претседател Владимир Путин јавно го коментираше актуелниот стратешки правец на Ереван, нагласувајќи ги економските и политичките реалности кои според него го прават членството на Ерменија во Европската Унија нереално. Оваа изјава доаѓа во период кога односите меѓу Русија и Ерменија се наоѓаат пред сериозни предизвици. Економската зависност како пречка Според Путин, Ерменија е длабоко интегрирана во економскиот систем на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), што создава природни бариери за брза промена на курсот кон Брисел. Тој смета дека структурата на ерменската економија е таква што нејзиното функционирање без тесната соработка со Москва би било доведено во прашање. „Едноставно е невозможно…

Повеќе

Плодна дискусија на трибината со земјоделците, која се одржа во општина Гевгелија во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. -Гевгелија е пример како се развива земјоделството, согласно податоците имаме близу 3.000 регистрирани земјоделски стопанства, над 700 договори за користење на околу 2.800 хектари државно земјоделско земјиште. Минатата година за мерката „зелена нафта” аплицирале над 890 земјоделци, со вкупна поддршка од близу 8 милиони денари, посочи министерот Цветан Трипуновски. Бројките се доказ дека кога државата и земјоделците работат заедно, резултатите се видливи. -На трибината разговаравме за предизвиците, но и за можностите за дополнителна поддршка, стабилно, конкурентно и…

Повеќе

Тензиите на Блискиот Исток достигнаа критична точка по серијата директни воени судири меѓу Иран и Израел. Она што со децении беше „војна во сенка“, сега се претвори во отворен конфликт кој се заканува да го вовлече целиот регион во неконтролиран вител на насилство. Хронологија на ударите Според последните извештаи, двете страни не покажуваат знаци на повлекување. По иранскиот напад со дронови и проектили, Израел одговори со прецизни удари насочени кон воени постројки, со цел да испрати порака дека ниту една територија не е недопирлива. „Ние сме подготвени за секое сценарио. Оној кој ќе нè повреди, ќе биде повреден,“ гласи една…

Повеќе

Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов во инвалидска количка се појави во Судницата 1 во Кривичниот суд, па се пожали на влошена здравствена состојба. Судијата Илија Трпков сепак рече дека рочиштата ќе се одржуваат, но ќе бидат пократки. На првото рочиште, воведен говор имаше само обвинителката Верица Бержецка Крстева, а обвинетите не се произнесоа дали се чувствуваат виновни или не бидејќи судењето беше прекинато. Обвинителката кажа дека не станува збор за обично затајување на данок, туку на испреплетена мрежа од компании кои со фиктивни фактури ја oштетиле државата. За одбраната, спорно е зошто Обвинителството поднело обвинение само за Данок на додадена вредност,…

Повеќе

Кај сите онколошки пациенти немало структуирано радиолошко следење, ниту објаснување зошто им се давало нова терапија. Вака сведочеше денеска вештакот од Србија за случајот Онкологија 1. „Не можам да потврдам дека видов кај сите пациенти структуирано радиолошко следење, особено, немаше објаснување зошто се воведува нова терапија со оглед дека ги разгледував случаи со малигни заболување на белите дробови, било неопходно да се следат“, Давор Радославевиќ, вештак од Србија. Дополни дека ниту одлуките за избор, промена или прекин на терапијата не биле јасни. „Можам да кажам дека сите извештаи не беа јасни во тој поглед. Сигурен сум дека во ниту еден…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од с.Раштани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во угостителски објект во Кичево, пријавениот упатил закани на градоначалникот на општина Кичево.

Повеќе

Македонските граѓани, македонските работници имаат најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај, велат од СДСМ.  Владата на Мицкоски не прифаќа да ја покачи минималната плата на 600 евра, не презима мерки за намалување на високите цени но затоа ги убедува граѓаните дека покачување на платите од 7% во образованието е „историско“. „Историското“ зголемување колку вреди? 4 килограми домати, 2 килограми краставици и 4 литри дизел. Ете толку е од историското зголемување. За само три месеци новиот раст на цените е околу 2.500 денари, вредноста на синдикалната минимална кошница во март достигна скоро 68.000 денари. Поскапе и лебот,…

Повеќе

Намалена видливост од 30 до 50 метри е регистрирана на патниот правец Лисец – Попова Шапка, како и во Крушево и на планинскиот превој Плетвар, информира ЈП „Македонијапат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Од претпријатието додаваат дека сите патни правци низ државата се проодни. На одредени делници, особено оние што минуваат низ усеци и клисури, можна е појава на поситни одрони, поради што се препорачува зголемено внимание при возење. ЈП „Македонијапат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот. Дежурните екипи на…

Повеќе

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пред студенти, професори и други заинтересирани, одржаа заедничко предавање посветено на евроинтеграциите. Во своите излагања, обајцата укажаа на детерминираноста на членството, не само од успехот на внатрешната трансформација (европеизација), туку и од политичката волја на европскиот совет, којшто одлучува со консензус. Милатовиќ го концептуализираше процесот преку четири можни сценарија: првото се однесува на неуспехот на државата да ги искористи пристапните механизми за институционална и демократска консолидација, што има негативни импликации и за самата држава и за Европската Унија; второто сценарио подразбира постигнат реформски напредок без…

Повеќе