Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Извештаи, ратификации и законски измени на дневен ред во Собранието

    Извештаи, ратификации и законски измени на дневен ред во Собранието

    18.06.2026 во 08:011 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратениците денеска ќе разгледуваат повеќе законски предлози, извештаи и одлуки на собраниска седница, меѓу кои и измени во царинската регулатива, ревизијата и зоотехниката, како и предлози за ратификација на меѓународни договори.

    На дневен ред се Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност за 2025 година, финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, ревидирани од овластен ревизор, како и Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година.

    Пратениците ќе расправаат и за два предлог-закони за ратификација. Едниот се однесува на измените на Протокол 4 кон Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, а другиот на изменувањето и дополнувањето на договорот ЦЕФТА, со кои се предвидуваат мерки за олеснување на електронската трговија.

    Во рамки на седницата ќе бидат разгледани и Предлог-законот за изменување на Законот за Царинската тарифа и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија, и двата по скратена постапка, како и Предлог-одлуката за давање согласност на статутарните измени на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

    На дневен ред е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за зоотехника, кој ќе се разгледува во прво читање.

    Just In
    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.