- Хороскопски знаци кои остануваат во лоши врски
- Милошоски: Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално и паушално во случајот Мазут
- Манасиевски: Македонија не смее да потклекне поради криминалот на Филипче и Заев
- Филипче: Поради Мицкоски изгубивме 200 милиони евра од ЕУ
- СДСМ: Падна лажниот патриотизам на ВМРО
- Крвава ноќ со дронови: Жртви во Русија и Украина, погоден град на 1.000 километри од границата
- Утре во Шведска Муцунски на билатерална средба со бугарската колешка
- Вознесение Христово – Спасовден: Се празнува 40 дена по Велигден
Author: Author 03
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба во канцеларијата на Chevron Corporation во Вашингтон, посветена на унапредување на енергетската соработка и обезбедување стабилно и диверзифицирано снабдување со нафта и течен природен гас (LNG). Разговорите, како што информираат од Кабинетот на Божиновска, биле фокусирани на клучни теми за енергетската иднина на државата, вклучително и диверзификацијата на снабдувањето со нафта и течен природен гас, можностите за влез и поголемо присуство на американски нафтени компании на македонскиот пазар, зајакнувањето на стабилноста и конкуренцијата, како и унапредувањето на енергетската безбедност. Дополнително, беа разгледани и потенцијалите за понатамошен развој…
Министерот за дигитална трансформација е дел од Владината делегација на Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави во Вашингтон. Според Андоновски, ова претставува значаен чекор во унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста.Во рамки на дијалогот, Андоновски ја предводи сесијата која ќе се однесува на дополнително зајакнување на партнерството во делот на сајбер-безбедноста, преку поддршка за развој на институционалните капацитети, проценка и унапредување на заштитата на критичната дигитална инфраструктура, како и понатамошна соработка со доверливи меѓународни партнери.Според информациите од Стратешкиот дијалог, се предвидува продлабочена експертска и техничка соработка со релевантни американски институции, со цел…
На 06.04.2026 во 15:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово, товарно возило „фолксваген транспортер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(34) од Куманово, удрило во 14-годишно девојче од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно го предупреди Иран да склучи договор во вторник, велејќи дека „цела цивилизација ќе умре вечерва“ ако не се постигне договор за прекин на конфликтот. Пишувајќи на Truth Social, тој рече: „Цела цивилизација ќе умре вечерва, никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, КОЈ ЗНАЕ? Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на…
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, испрати порака на политички прагматизам во однос на идната соработка со Унгарија. Тој истакна дека официјален Вашингтон е подготвен да одржува партнерство со унгарската влада, без оглед на исходот од претстојните изборни циклуси во оваа европска земја. Почит кон демократската волја Во својата последна изјава, Венс нагласи дека приоритет на американската администрација е зачувување на стратешките интереси и стабилноста во рамките на НАТО алијансата, почитувајќи го внатрешното право на секоја држава сама да ги избира своите лидери. „САД ќе соработуваат со секој кој ќе победи на изборите во Унгарија,“ дециден е Венс,…
Дуа Липа и Калум Тарнер веќе некое време уживаат во слатка романса, но се чини дека славниот пар конечно решил да ја официјализира својата врска. Според извор за „The Sun“, популарната пејачка и актерот планираат да се венчаат ова лето и пред таа да наполни 31 година. Наместо раскошна церемонија, Дуа и Калум сакаат свадба опкружени со семејство и блиски пријатели, и веќе разгледале дискретни места за свадби во Италија и Велика Британија, според изворот. „Тие ја планираат својата свадба на големо, но деталите строго се чуваат во тајност. Свадбата ќе се одржи ова лето и ќе биде меѓу семејство…
Џенифер Анистон веќе некое време ужива во слатката љубов со својот нов партнер Џим Кертис. Иако двојката ретко објавува заеднички фотографии на мрежите, главно од приватни причини, актерката понекогаш прави исклучок и го покажува својот згоден партнер. Џенифер објави компилација од фотографии на Инстаграм која се состои од животни моменти и мали радости кои го разубавуваат секојдневниот живот. Сепак, една посебна фотографија привлече внимание, односно онаа со нејзиниот партнер Џим Кертис, кого го гушка на фотографијата. „Неделен преглед“, кратко напиша Анистон во описот на објавата, која, и тоа како, носи емотивна вредност за неа. Покрај Џим, на фотографиите беа и…
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто во емисијата „На Подиум“ на Ора24.тв, во однос на протестот на студентите кои бараат правосудниот испит да се полага и на албански јазик, истакна дека законски решенија за ова прашање веќе постојат. Филипче повика на рационален пристап и додаде дека не треба да се отвораат веќе затворени прашања со кои што се врши дефоукс од реалните проблеми во државата.„Ова е дефокусот на главните проблеми во државата, тоа сака власта да направи. Кое е логичното објаснување да ако студент студира на албански или на друг јазик и сите испити за време на студиите ги…
Украина сега работи многу прецизно со Соединетите Држави на документи за безбедносни гаранции, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Доколку Русија е подготвена да престане да го таргетира нашиот енергетски сектор, ние ќе бидеме подготвени да го сториме истото. И овој наш предлог, кој го пренесоа Американците, е пренесен до руската страна“, рече Зеленски. Тој додаде дека безбедносните гаранции се клучни за вистински крај на војната и траен мир. „Важно е нашите партнери да нè слушаат по ова прашање и да продолжиме да остваруваме продуктивен напредок во преговорите“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина е во контакт со САД речиси секојдневно…
Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне… Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица… Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и…
