Close Menu
Press24
    Најново

    Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат

    13.05.2026 во 23:47

    Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате

    13.05.2026 во 23:24

    Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација

    13.05.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
    • Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
    • Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
    • Филипче: Кој е сега предавник?
    • Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
    • Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
    • Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
    • Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жерновски: Владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши

    Жерновски: Владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши

    25.04.2026 во 13:234 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Имаме многу важна тема којашто мора да продолжиме да ја дискутираме во јавноста, затоа што ова прашање допрва се отвора и е прашање коешто го открива и го прикажува вистинскиот карактер на денешната влада. Во оваа влада на Христијан Мицкоски има повеќе бугарски пасоши отколку што можевме да замислиме досега. Значи, можеме веднаш на самиот почеток да заклучиме дека се работи за влада на лажни патриоти со бугарски пасоши. И тоа, пазете, тоа се претставници на Влада којашто наводно треба да го чува македонскиот национален идентитет токму од Бугарите, а имаме Влада и цела екипа којашто е преполна со бугарски државјани, изјави на денешната прес-конференција Андреј Жерновски од СДСМ.


    И така, една по една, сите предизборни лаги на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат на површина.
    Прво, ако се сеќавате, да потсетиме, Мицкоски молеше, коленичеше да дојде на власт. Кажа дека ќе го поништи Преспанскиот договор, излажа за името дека ќе го врати. Потоа, се сеќавате, ќе организира измени за договорот со Бугарија, па ќе има нова преговарачка рамка и така натаму, лага до лага.Меѓутоа, сега дознавме дека заборавил на тие избори кога ја доби довербата да им каже на граѓаните дека кога гласаат за него и кога гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, всушност гласаат за бугарски државјани
    Имаме чувство дека сите тие граѓани коишто се излажани сега имаат непријатно чувство и дека не би ја добил истата доверба кога повторно би одел на избори, а да знаат за што гласаат.
    Што всушност се случи?


    Тргна Мицкоски со еден „црвен детектор“ на којшто пишува „патриотска Македонија“ во парламентот да лови двојни државјанства, за да ни покаже колкав патриот е.


    Почна да потсвирнува детекторот во неговата пратеничка група, па одлучи да не важи законот за двојно државјанство за овој состав, туку за наредниот парламентарен состав


    Но, не беше тоа најголемата белја. Најголемата белја беше кога со детекторот отиде во Владата. Е таму, што би рекол Миле Јанакиевски, почна детекторот да вришти и да пишти, затоа што беше преполно со бугарски државјани.


    Сега, кога вистината излезе на виделина и кога како СДСМ побаравме законот за двојно државјанство да важи, се разбира, за сите избрани и именувани функционери, односно за целата влада, сега имаме ретерирање.


    Значи, што се случи? Премиерот ретерира поради следново. Во среда премиерот беше лажен комита Христијан којшто ќе се бори за македонските интереси. Во четвртокот стана Мицкоски – уставобранителот лажен.


    Меѓутоа, се поставува прашањето – не можеа ли да ги консултираат своите уставни експерти за законот пред да биде поднесен? Тогаш не важеше? Јасно е дека ќе излезе на површина целата вистина.


    Да не нè чуди да се повлече целиот закон, затоа што не може Мицкоски и целата партија да објаснат како тоа законот да важи за оние коишто се во Собранието, за пратениците, а да не важи за неговите министри.


    Проблемот е што веќе е евидентно дека во ВМРО-ДПМНЕ има голем број функционери со бугарски пасоши, министри, пратеници, градоначалници, директори на јавни претпријатија и така натаму.


    Или можеби една од причините зошто ќе се повлече ова законско решение е и поради Груевски – колку што слушнавме, освен унгарски пасош добиен од Орбан, поседува и српски пасош добиен од Вучиќ.


    Сите овие лаги на Христијан Мицкоски завршуваат исто, прочитани од народот, како книга којашто веќе е здодевна и на сите им е јасно што содржи.


    Го дознавме и нивниот план за евроинтеграциите.


    Така, сега можат да влезат во Европската Унија само граѓаните коишто имаат бугарски пасоши. Односно, да бидеме до крај отворени, што се однесува до голем дел од членовите на Владата, тие веќе се во Европската Унија, затоа што имаат бугарски пасоши.


    Но тоа мора да им се објасни на граѓаните, за што всушност се борат.


    Да заклучам на крај: оваа тендер коалиција помеѓу ВМРО и ЗНАМ веќе е јасно како е формирана.


    Сакаме да се обратиме и до членовите на ЗНАМ, за кои знаеме дека беа излажани и манипулирани, дека не знаеле во тој момент дека партијата е формирана само за да му наштети на СДСМ, ништо друго.


    Бидејќи тие што гласаа за ЗНАМ сме сигурни дека немаше да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, ниту да ја формираат таа партија доколку знаеа дека целиот тој проект служи за измама.


    Но, како што кажав, ќе се бориме до крај вистината да излезе на виделина, бидејќи доаѓа времето на вистината, времето на правдата и секако времето на одговорност, изјави Жерновски..

    Прочитај повеќе

    Филипче: Кој е сега предавник?

    13.05.2026 во 22:37

    Ристески: Со СДС студентските домови пропаднаа, ние целосно ќе ги обновиме

    13.05.2026 во 17:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.