- Авион со речиси 200 патници кружел над Осиек бидејќи контролорот доцнел на работа
- Трипуновски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми субвенциите во овчарството на 3.000 денари по грло
- Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец
- Апсења во Скопје
- Почината жена пронајдена во стан во Аеродром, телото е предадено на обдукција
- Невреме со град го погоди Мариово, поројни врнежи и грмежи во прилепско и кратовско
- Татко си ги тепал ќерките, сопругот на нападнал сопругата – Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
- Голема акција на МВР: Лишени од слобода 23 возачи, меѓу нив и малолетници
Author: Author 03
Германскиот канцелар Олаф Шолц отвори простор за дискусија околу санкциите наметнати на Иран. Според неговите изјави, Европската Унија и меѓународните партнери би можеле да размислат за олеснување на казнените мерки, но само доколку се постигне цврст и сеопфатен договор за иранската нуклеарна програма. Дипломатијата како примарно решение Во време на зголемени тензии на Блискиот Исток, Шолц нагласи дека дипломатскиот пат останува најдоброто решение за спречување на нуклеарното вооружување на Техеран. Клучните точки од неговиот став вклучуваат: Оригинални изјави „Германскиот канцелар најави можно ублажување на санкциите за Техеран при сеопфатен договор.“ „Дипломатските напори мора да водат кон решение кое ќе гарантира…
Светските медиуми и социјалните мрежи се преплавени со информации за здравствената состојба на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Според одредени извори, на кои се повикуваат дел од регионалните медиуми, постојат наводи дека на премиерот му бил дијагностициран рак на простатата. Контекст и претходни здравствени интервенции Прашањето за здравјето на Нетанјаху стана особено актуелно по неколкуте негови претходни посети на болница во изминатиот период. Иако неговиот кабинет вообичаено информира за рутински процедури или помали интервенции (како операција на хернија или вградување на пејсмејкер), во јавноста постојано протекуваат неофицијални информации кои сугерираат посериозна состојба. Што значи ова за политичката сцена? Доколку овие информации…
Во врска со трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, изразуваме длабоко жалење за загубата на човечки живот и сочувство до семејството на починатиот. Безбедноста на граѓаните и работниците е апсолутен приоритет и не смее да биде предмет на политички поени, објави градоначалничката на општината Бети Стаменкоска Трајкоска. -Во овој момент, надлежните институции постапуваат и во тек се проверки за утврдување на сите околности поврзани со настанот.Општината целосно соработува со институциите и ќе постапи согласно сите наоди и препораки. Општината е отворена за дискусија во рамки на институциите, потенцира таа. Стаменкоска Трајкоска е децидна дека ќе…
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од РТВ Предавател Водно, кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село – Нерези, Предавател Космофон, објект Даре Џамбаз-Водно објект на Поштенски дом-Водно и село Горни Крушопек во Општина Карпош. Во периодот од 08:30 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците на дел од село Морани и викенд населбата Морани во Општина Студеничани. Во периодот од 09:00…
Ева Лонгоријана на доделувањето на наградата за животно дело на AFI во театарот Долби во Лос Анџелес ги привлече сите погледи во елегантен црн фустан кој ги истакнуваше нејзините адути, особено смелото деколте, според „Мандат“. Иако со висина од 154 сантиметри спаѓа во пониските актерки, Лонгорија знае и како да ја истакне својата фигура. Овојпат таа одлучила да игра на картата на женственост и самодоверба. Фустанот со едноставен крој, со тенки прерамки и длабоко деколте, совршено ги истакна нејзините атрибути, а деколтето беше во преден план и доминираше во целото издание. Минималистичкиот, но ефективен стил дополнително го засили впечатокот –…
Министерството за правда на САД ја прекласифицира марихуаната, одобрена од агенцијата ФДА и лиценцирана од сојузните држави, во категорија помалку опасни дроги, изјави вршителот на должност министер за правда Тод Бленш. Прекласификацијата не значи дека марихуаната ќе биде легализирана во сите американски сојузни држави. Министерството за правда иницира и итно сослушување за да се разгледа поширока прекласификација на марихуаната во законските категории. – Оваа одлука за промена на категоризацијата овозможува истражување на безбедноста и ефикасноста на оваа супстанција, што на крајот ќе обезбеди подобра грижа за пациентите и посигурни информации за лекарите – наведе Бленш. Одлуката за прекласификација претставува една…
Иранската новинарска агенција „Нур” соопшти дека системите за противовоздушна одбрана се активирале во делови на Техеран, без да даде детали за причината за нивното активирање, пренесе БТА. Истата информација ја oбjави и агенцијата „Мер”, која соопшти дека системите за противовоздушна одбрана дејствуваат против „непријателски цели”.
Во периодот од 20 до 24 Април во Центарот за обука – Идризово, припадниците на Одделот за воздухопловни единици при Министерството за внатрешни работи, во рамки на активностите од ЕУ Твининг Лајт проектот „Зајакнување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи за спроведување на воздухопловни операции“, присуствуваат на обука која се спроведува од страна на заменик-директорот на ENAC – Ente Nazionale per l’Aviazione Civile (Агенцијата за цивилно воздухопловство на Италија) г-дин Фабио Николаи, заедно со италијански воздухопловни експерти.
Меѓународните безбедносни служби предупредуваат на зголемен ризик од кибер-шпионажа поврзана со хакерски групи поддржани од Кина, кои користат мрежи од компромитирани уреди, пренесува ДПА. Во заеднички извештај, организациите меѓу кои се германската Сојузна разузнавачка служба, Националниот центар за кибер-безбедност на Обединетото Кралство и Австралиската дирекција за сигнали, предупредија на опасноста од кибер-криминалци поврзани со Кина и нивната тактика за користење масовни мрежи од компромитирани уреди за насочување на своите кибер-активности“. Според анализата, хакерите градат специјализирана инфраструктура составена главно од компромитирани крајни уреди и системи за прикривање на сообраќајот. Меѓу таквите уреди се домашни и канцелариски ИТ-системи, паметни уреди и технологии…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од ноември – декември 2024 година, како службено лице, претседател на ФФМ, прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје, односно износ што надминува значителна имотна корист. Сомненијата укажуваат дека делото е извршено така што ФФМ, како членка на УЕФА, во текот на 2024 година добила строго наменски парични…
