- Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска
- Вртоглави цени во Европа: Еве во кои градови квадратот надминува 18.000 евра, а стан со една спална е милион
- Апокалиптични сцени во Словенија: Силна бура активираше 50 свлечишта, штетите се во милиони евра
- Тутунот да се третира на правилен начин – клучни препораки од СЕКЕ Прилеп
- Град Скопје со известување до граѓаните
- Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип
- Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна
- Апсење на Блаце – МВР со детали
Author: Author 03
Министерството за здравство ја информира јавноста дека останува цврсто посветено на принципите на стручност, законитост и правичност во функционирањето на здравствениот систем. Секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди ќе биде предмет на соодветни институционални постапки, во соработка со надлежните органи, се наведува во денешното соопштение, како став на Министерството за здравство за актуелната акција преземена од страна на Министерството за внатрешни работи. Министерот за здравство Азир Алиу преку пишана изјава нагласува дека безбедноста на пациентите и квалитетот на здравствените услуги се врвен приоритет. – Најголем дел од здравствените работници чесно, совесно и стручно ја работат својата работа.…
Нови противпожарни возила и современа заштитна опрема денеска добија пожарникарите од Територијалните противпожарни друштва (ТППЕ) во Штип, Радовиш, Конче и Неготино. Станува збор за донација од Соединетите Американски Држави, со која значително се зајакнуваат капацитетите на територијалните противпожарни единици. Никола Варнс в.д. амбасадорката на САД рече дека опремата и возилата ќе овозможат побрза и поефикасна интервенција на терен, како и поголема безбедност за пожарникарите и граѓаните. -Вашата работа бара вештина, дисциплина и пред се храброст. Денешната донација овозможена со поддршка на САД, обзебедува возила на спасување, заштита на опрема и спејализирана опрема за оптшините Штип, Радовиш, Конче Неготино- вели Варнс.…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело измама”. Во текот на 2025 и 2026 година пријавената, преку профил на социјалната мрежа Фејсбук, со лажно прикажување на факти дека располага со станови под закуп, довела во заблуда четири лица од Тетово, и од нив примала пари како капар за кирија, а по прием на паричните средства не ги обезбедувала ветените станови, со што се стекнала со противправна имотна корист во износ од 45.900 денари.
Дебарската територијалната противпожарната единица, покрај вообичаените интервенции, реализираат активности во основните и средните училишта, чија цел е учениците да се запознаат со начинот како да реагираат во случај на пожар. Во тие рамки во Средното општинско училиште „28 Ноември“ во Дебар, 14-те пожарникари предводени од командирот Џетан Мифтароски, одржаа симулациска вежба на гаснење пожар при што дадоа практични совети на учениците за тоа како да се заштитат и да се справат во ситуации при појава на пожар. Директорот на училиштето, Аргетим Трепча, рече дека активноста била неопходна и многу значајна, а истата оценка ја даде и градоначалникот Фисник Меља, кој…
„И во 2021 година и денес, СДС не престана со злоупотреба на шпекулации, во прашална форма, никогаш како конкретно тврдење, кој има, кој нема, ваков или таков пасош, во недостаток на други идеи, проекти или можеби внатрепартиски слабости. И во 2021 година преку нивниот тогашен сојузник, Каракачанов и сега преку нивната веб страна, злоупотребуваат, клеветат и шират манипулации по однос на двојно државјанство на одредени колеги пратеници. Сметавме дека ова е еден начин како да го повториме нашиот став што го имавме од 2021 година, дека не се сменило ништо, и дека доколку некој смета дека единственото државјанство е концепт…
Косовските судски власти изрекоа строги казни за учесниците во минатогодишниот крвав судир во селото Бањска. Судот во Приштина ги прогласи за виновни припадниците на групата која учествуваше во нападот врз косовската полиција, при што двајца од нив беа осудени на најтешката можна казна – доживотен затвор. Епилог на вооружениот напад Судскиот процес, кој беше под будно око на меѓународната заедница, заврши со осудителни пресуди за тероризам и акти против уставниот поредок. Главните точки од судската одлука вклучуваат: Меѓународен контекст Настанот во Бањска, што се случи во септември 2023 година, предизвика сериозна дестабилизација на северот на Косово и доведе до засилување…
Успешно завршено оценување на „Блесок 26“ Во тренинг центарот „Пепелиште“, по завршувањето на активностите во рамки на националната теренска вежба „Блесок 26“, Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) официјално го заокружи процесот на оценување по НАТО стандардите. Единицата беше предмет на евалуација согласно процедурите за копнени команди на Здружената команда за операции на Алијансата. Највисоки оценки за борбената способностОценувачкиот тим и НАТО мониторите соопштија дека единицата ги исполнува сите предвидени критериуми. Командантот на ЛПБГ беше информиран дека баталјонската група е официјално „борбено подготвена за извршување на својата мисија“. Сениор НАТО мониторот, полковник Христос Стаматиу од НАТО корпусот за брзо распоредување во…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски, во пресрет на нивното учество на 61. Биенале за уметност во Венеција. На средбата беа разменети мислења за концептот и подготовките на македонскиот павилјон, како и за уметничкото решение со кое ќе се претставиме пред меѓународната публика, на настанот што со децении ја возбудува светската културна сцена и јавност. Уважувајќи ја улогата на уметноста како универзален јазик и моќта на културната дипломатија, Сиљановска-Давкова изрази интерес за севкупниот креативен процес и за пораките што уметникот Жерновски цели да ги пренесе преку проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“. Соговорниците…
Денеска се случи уште една трагедија која не смее никако да се релативизира. Има загубени човечки животи, работници се борат за живот затоа што системот не функционира, велат од СДСМ. Инвеститорот, фирмата којашто ја градела зградата се поврзува со политички структури на ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски, блиски до Орце Ѓорѓиевски, кој патем беше и градоначалник на Кисела Вода. Коневски беше и адвокат ангажиран од Орце Ѓорѓиевски. СДСМ бара детална истрага која ќе утврди одговорност на сите инволвирани од почеток до крај. Како е дадена дозволата, односно одобрението за градба? Кој го контролирал градилиштето? Дали општината извршила инспекциски надзор? Дали безбедноста…
По серијата дебати и шпекулации во јавноста поврзани со одредени политички чекори на Мадрид, од седиштето на НАТО пристигна дециден одговор. Високи претставници на Алијансата појаснуваат дека во основачките акти на организацијата не постои механизам за присилно исклучување на земја-членка. Правен вакуум за исклучување Иако во минатото имало тензии со различни членки, Северноатлантскиот договор е конципиран врз принципот на доброволно пристапување и солидарност. Клучните факти во оваа ситуација се: Стабилноста на сојузот Од НАТО нагласуваат дека Шпанија останува клучен стратешки партнер, особено во поглед на безбедноста на Медитеранот и јужното крило на Алијансата. Сите внатрешни несогласувања се решаваат преку дијалог…
