Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    ФОТО: Елегантно издание на сопругата на Премиерот – Рози Мицкоска на приемот кај Меланија Трамп

    23.09.2026 во 11:37

    Измерени минус 6 степени, студ во регионот – Пресврт со времето се очекува и во Македонија

    24.09.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инцидент во Свети Николе: Тргнал со автомобил да прегази двајца сограѓани, при што турнал метална порта која паднала врз двајцата
    • Струмица: Родителите ја пријавиле својата ќерка во полиција
    • Ужас во Теарце: Деца налетале на рачна бомба додека возеле велосипеди
    • Ѓорѓиевски: Следната година Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во танц
    • Филипче за „Платформата ЗНАМ 2.0“: Поедини поранешни функционери се обидуваат да ја преземат партијата преку хотелски средби
    • Казахстан денеска во национална жалост по трагедијата во Каспиското Море
    • Премиерот Мицкоски ќе се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк
    • Јаневска очекува проектот за доградба на двете згради за ФИНКИ да биде готов во ноември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска

    Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска

    10.06.2026 во 10:34Updated:10.06.2026 во 10:401 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кабинетот на претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, објави јавен повик за пријавување на кандидати за волонтирање во Народната канцеларија на Претседателката.

    Повикот е согласно член 4 од Програмата за волонтирање за 2026 година и предвидува ангажирање на 10 волонтери за извршување на активности утврдени во член 3 од Законот за волонтерство.

    Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија и мотивационо писмо до архивата на Кабинетот на Претседателот или по пошта на адреса: Кабинет на Претседателот на Република Северна Македонија, ул. „Ацо Караманов“ бр. 33А, 1000 Скопје, со назнака „за јавен повик за волонтери“.

    Рокот за пријавување е пет работни дена од објавувањето на повикот на веб-страницата на Претседателот, односно најдоцна до 17.06.2026 година во 15:00 часот.

    Селекцијата ќе ја врши Комисија за избор на волонтери во Кабинетот, а избраните кандидати ќе бидат контактирани. Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат разгледувани.

    Волонтерскиот ангажман се заснова на договор со траење до шест месеци, при што по завршувањето на периодот Кабинетот нема обврска за вработување на волонтерите.

    Волонтерите имаат право на надоместок за трошоци за храна и превоз до и од местото на волонтирање, во висина до 15% од просечната месечна плата исплатена во државата за претходната година.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Инцидент во Свети Николе: Тргнал со автомобил да прегази двајца сограѓани, при што турнал метална порта која паднала врз двајцата

    25.09.2026 во 16:39

    Струмица: Родителите ја пријавиле својата ќерка во полиција

    25.09.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.