- ЕУ ги заштити патниците: Бесплатен рачен багаж и надомест за доцнење остануваат на сила
- Денеска пресуда за родителите на Коста Кецмановиќ – Масакрот во „Рибникар“ го потресе цел регион
- Трамп: Нетанјаху е добар човек, ама малку се возбудува
- СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема пари за плати и лекови, а има за да ги слави неуспесите
- Истури дожд во Гевгелија – УХМР со убави вести за денеска
- Апсење на Бит Пазар
- Мисајловски на состаноци на НАТО во Брисел: Одбраната, инвестициите и Украина во фокусот
- Жолто предупредување во Хрватска, силно невреме – Дождот доаѓа и кон Македонија
Author: Author 03
Денеска (30.04.2026) во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи пријавено е дека на автопатот Скопје-Велес кај м.в „Манастири“ има излетано возило од автопат. На лице место на настанот веднаш се упатени служби од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен, пронајдоа излетано патничко возило „Сеат” кое што било управувано од К, објави 4news.mk С (68) од Велес и во истото имало пет сопатници. На место на настанот се упатени и една екипа на Територијална противпожарна бригада на град Скопје, три екипи на Итна медицинска помош од Скопје и…
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска бил одржан состанок посветен на реформската агенда, на кој биле разгледани клучните приоритети и насоки за понатамошно дејствување. Во објава на неговиот Фејсбук профил, Мицкоски пишува дека учесниците на состанокот се согласиле оти реформите треба да бидат инклузивни, одржливи и насочени кон конкретни резултати со позитивно влијание врз граѓаните, при што биле предложени и конкретни чекори за унапредување на процесите, како и временска рамка за нивна имплементација. – Денес одржавме состанок посветен на реформската агенда, при што се разгледаа клучните приоритети и насоки за понатамошно дејствување. Во текот на дискусијата беа истакнати потребите за…
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5, укажа дека со носењето на последните измени на Законот за Влада и укинувањето на Пржинската влада, владата на ВМРО го урниса и последниот бедем за фер и демократски избори. Фрчкоски посочи дека со ваквиот потег се урива еден од клучните механизми за изборен баланс и контрола, воведен со консензус и под меѓународен мониторинг. „Вчера практично се урниса и последниот бедем или нормален предуслов за демократски избори во Македонија, имајќи предвид каква организирана група ја води државата. Зошто го кажувам тоа? Затоа што законот се…
Дипломатската војна на релација Вашингтон-Берлин ескалира. Американскиот претседател Доналд Трамп упати серија остри критики кон германскиот канцелар Фридрих Мерц, откако германскиот лидер сугерираше дека иранската влада ги „понижила“ САД во неодамнешните преговори. Трамп, во свој познат стил преку својата платформа „Truth Social“, не само што ги отфрли критиките, туку се закани и со драстични мерки кои би можеле да ја променат безбедносната слика на Европа. „Поправете си ја државата, наместо да ни делите лекции“ Трамп упати директна порака до Мерц, посочувајќи дека Германија се соочува со внатрешни проблеми кои канцеларот не успева да ги реши. „Мерц треба да поминува повеќе…
Традиционалниот протестен марш познат како „Маршот на ангелите“, кој требаше да се одржи оваа сабота, се одлага поради празникот 1 Мај и претстојниот продолжен викенд. Организаторите преку соопштение ги информираа граѓаните дека паузата е привремена и дека нивната борба за правда не запира. „Не застануваме и не молчиме“ Иако оваа сабота маршот нема да се одржи, организаторите испратија силна порака до јавноста дека нивната решителност останува иста. „Но ние не застануваме. Не молчиме. И нема да се откажеме“, стои во објавата на организацискиот одбор. Активностите ќе продолжат веднаш по празничниот период. Како што е најавено, следниот марш е закажан за…
Никогаш нема да поддржам двојазичност или повеќејазичност во правосудството. Се знае, мора да имаме еден закон, тоа е македонскиот закон, за да обезбедиме владеење на правото. Да, ќе сториме сè да изнајдеме решение, кандидатите кои сакаат да полагаат правосуден испит на својот јазик, во случајов албански, а по можност и на другите јазици, тоа да го прават, но притоа да имаме еднаков критериум во оценувањето. И стојам на тој став од првиот ден до денеска, рече попладнево премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на прашањето што го постави пратеничката Илире Даути. Како што истакна Мицкоски, правосудството мора да биде на еден јазик,…
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, а се однесуваше на наводите за прекин на здравственото осигурување на вработените во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Според информациите, станува збор за ситуација во која поголем број вработени останале без покриено здравствено осигурување во изминатиот период. Во продолжение интегрален текст од прашањето Имам информација и барам таа информација да ја потврдите или да ја демантирате дека од 23-ти овој месец до денеска нема здравствено осигурување за ниту еден вработен во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Според достапните…
Телефонските разговори меѓу претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, оставаат многу прашања неодговорени, изјави денеска шефицата за европска надворешна политика, Каја Калас. „Секако, кога ги гледаме овие разговори меѓу претседателот Трамп и Путин, секогаш знаете, има многу прашања што остануваат неодговорени, со оглед на тоа што Русија отворено ја фали херојската борба што Иран ја води против Америка“, изјави Калас пред новинарите во Естонија. Таа додаде дека мировните преговори во Украина се во застој и ништо не се случува. „Дали тоа значи дека всушност има поголем притисок врз Русија, бидејќи тие му помагаат на Иран…
Полициски службеници од ПО Ропотово вчера вечерта ги лишија од слобода Т.Т.(33) и Џ.Т.(59), двајцата од с.Црнилиште. -Претходно, истиот ден околу 12:30 часот, во атар на с.Стровија, општина Долнени, од страна на полициски службеници од Шумска полиција Прилеп биле затекнати двајцата како бесправно сечат огревни дрва, при што агресивно се однесувале кон полициските службеници, а Џ.Т. со моторна пила нападнал еден од полициските службеници, по што се дале во бегство, информира МВР. По преземени мерки, Т.Т. и Џ.Т. се лишени од слобода и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 29 април 2026 година во 10:50 часот, во СВР Тетово, 63-годишна жена од тетовско пријавила дека била жртва на уцена од страна на две лица. Според пријавата, таа под притисок им ги препишала акциите од правно лице во Тетово. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Надлежните институции работат на утврдување на сите околности поврзани со настанот, по што се очекуваат и соодветни поднесоци.
