Close Menu
Press24
    Најново

    ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница

    30.10.2026 во 15:06

    Превентивни мерки во Германија: Луксузните продавници ги заштитуваат излозите пред протестите на „Генерацијата З“

    30.10.2026 во 14:52

    Серафимовски: Подготвуваме модел за системско поврзување на науката со поддршката за земјоделците

    30.10.2026 во 14:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
    • Превентивни мерки во Германија: Луксузните продавници ги заштитуваат излозите пред протестите на „Генерацијата З“
    • Серафимовски: Подготвуваме модел за системско поврзување на науката со поддршката за земјоделците
    • ДКСК го регистрира првиот странец лобист од Австрија во Македонија
    • 72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
    • Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
    • Жерновски: Свиркачи до СДСМ јавуваат дека институции, вработени и фирми добиле налог- мора да работат преку Алта банка
    • Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕУ ги заштити патниците: Бесплатен рачен багаж и надомест за доцнење остануваат на сила

    ЕУ ги заштити патниците: Бесплатен рачен багаж и надомест за доцнење остануваат на сила

    18.06.2026 во 09:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија и понатаму ќе имаат право на бесплатен рачен багаж и на надомест за доцнење на летовите, откако Европскиот совет и Европскиот парламент постигнаа договор за измените на правилата за заштита на патниците.

    По повеќе од една деценија преговори, европските институции се согласија да ги задржат постојните права за обештетување при доцнење на летовите, како и да воведат поголема транспарентност во формирањето на цените на авионските билети.

    Според новите правила, патниците ќе продолжат да добиваат надомест доколку нивниот лет доцни најмалку три часа. За летови подолги од 3.500 километри ќе се исплаќаат 300 евра, додека надоместокот ќе достигне 600 евра доколку доцнењето надмине четири часа или летот биде откажан.

    Значајна новина е и тоа што рачниот багаж ќе биде вклучен во основната цена на билетот. Патниците ќе имаат право бесплатно да внесат еден личен предмет со димензии до 40 x 30 x 15 сантиметри, како и еден мал кабински куфер или ранец.

    Дополнително, авиокомпаниите, туристичките посредници и интернет-платформите за продажба на билети ќе мора уште на почетокот на процесот на резервација јасно да ја прикажуваат конечната цена на билетот, вклучувајќи го и рачниот багаж.

    Новите правила предвидуваат и можност превозниците да нудат поевтини билети за патници кои доброволно ќе изберат да патуваат без рачен багаж.

    Регулативата треба да стапи во сила во 2027 година, кога сите авиокомпании ќе бидат обврзани во основната цена на билетот да вклучат мал личен предмет и стандарден рачен багаж.

    Организациите за заштита на потрошувачите ја поздравија одлуката, оценувајќи дека таа ќе стави крај на практиката на дополнителни и често нејасни наплати за кабински багаж, особено кај нискобуџетните авиокомпании.

    Договорот беше постигнат меѓу амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и кипарското претседателство со Советот на Европската Унија, со што е направен значаен чекор кон поголема заштита и поголема предвидливост за милионите европски патници.

    Прочитај повеќе

    Превентивни мерки во Германија: Луксузните продавници ги заштитуваат излозите пред протестите на „Генерацијата З“

    30.10.2026 во 14:52

    Нов инцидент на Блискиот Исток: Танкер погоден од чамец со експлозив во Ормускиот Проток

    30.10.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.