Close Menu
Press24
    Најново

    Откриено од каде се испраќаат лажните пораки за сообраќаен прекршок

    14.05.2026 во 20:34

    Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци

    14.05.2026 во 19:55

    И Тошковски шокиран од одлуката за затворање на постапката за мазут

    14.05.2026 во 19:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено од каде се испраќаат лажните пораки за сообраќаен прекршок
    • Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
    • И Тошковски шокиран од одлуката за затворање на постапката за мазут
    • Трагедија во Киев: Најмалку седум загинати и 20 исчезнати по масовниот руски напад
    • Фон дер Лајен: Русија не бара мир, туку капитулација на Украина
    • Рокас: Има забрзување на процесот на реформите
    • Проверете си ги сметките – започна исплатата на МОЈ ДДВ
    • Обвинителката Коларевиќ за 360 степени: Обвинителството не носи одлуки за да одговараат на нечии очекувања
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Измислена нова вакцина за трудници во Велика Британија

    Измислена нова вакцина за трудници во Велика Британија

    30.04.2026 во 23:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Велика Британија е воведена нова здравствена стратегија насочена кон заштита на новороденчињата преку вакцинација на бремените жени против респираторниот синцицијален вирус (РСВ) – инфекција која секоја година погодува илјадници бебиња во првите месеци од животот. Иако често се смета за обична настинка, овој вирус може да има сериозни последици кај новороденчињата, предизвикувајќи отежнато дишење, проблеми со хранење, како и тешки воспаленија на белите дробови кои во повеќето случаи бараат болничко лекување.

    „Според податоците на британските здравствени власти, повеќе од 20.000 бебиња годишно се хоспитализирани поради компликации од вирусот. Токму поради ова, од 2024 година во Велика Британија на бремените жени им се нуди вакцина која се употребува од 28-та недела на бременоста, со цел да се обезбеди заштита на бебето уште пред неговото раѓање“, соопшти ББС.

    Ефикасноста на вакцината се базира на природниот механизам за пренос на антитела од мајката на плодот. По примањето на вакцината, имунолошкиот систем на бремената жена создава специфични антитела против РСВ, кои потоа преку плацентата се пренесуваат на бебето. На овој начин, новороденчето се раѓа со почетна заштита, токму во период кога неговиот имунолошки систем сè уште не е целосно развиен.

    Пред да се пушти во употреба, спроведено е големо истражување кое опфатило речиси 300.000 бебиња родени во периодот од септември 2024 до март 2025 година во Англија, т.е околу 90 проценти од сите раѓања во тој временски интервал. Од нив, повеќе од 4.500 бебиња биле примени на болничко лекување. Резултатите од истражувањето покажуваат дека највисоко ниво на заштита (околу 85 проценти), се постигнува кога вакцината се прима најмалку четири недели пред породувањето, но дека и пократок временски интервал (од околу две недели), може да обезбеди значителна заштита.

    Лекарите со загриженост нагласуваат дека речиси секое второ новороденче се среќава со овој вирус уште во првата година од животот. Иако кај поголемиот дел од децата симптомите се благи и личат на настинка, кај најранливите групи – предвремено родените бебиња и оние со ослабен имунолошки систем, инфекцијата може брзо да се влоши и да премине во бронхиолитис – воспаление на дишните патишта, како и воспаление на белите дробови.

    Според д -р Конал Вотсон, раководител на националната програма за РСВ во Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија, мал број бебиња умираат од овој вирус секоја година. Кај оние со тешки инфекции може да се забележи како нивните гради и бели дробови се мачат додека се обидуваат да внесат доволно кислород.

    Прочитај повеќе

    Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци

    14.05.2026 во 19:55

    Трагедија во Киев: Најмалку седум загинати и 20 исчезнати по масовниот руски напад

    14.05.2026 во 19:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.