Close Menu
Press24
    Најново

    Силно невреме ја зафати Крива Паланка: УХМР предупредува на интензивен дожд и град

    10.06.2026 во 14:45

    Силно невреме со град меѓу Скопје и Тетово, врнежи и во Крива Паланка

    10.06.2026 во 14:40

    Кривична пријава за 23-годишен скопјанец по сообраќајната несреќа со смртни последици во Илинден

    10.06.2026 во 14:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Силно невреме ја зафати Крива Паланка: УХМР предупредува на интензивен дожд и град
    • Силно невреме со град меѓу Скопје и Тетово, врнежи и во Крива Паланка
    • Кривична пријава за 23-годишен скопјанец по сообраќајната несреќа со смртни последици во Илинден
    • УХМР со најнови податоци: Каде е најжешко, а каде наврна најмногу дожд до 14 часот
    • Рокас: Прво уставни измени, па преговори со ЕУ
    • Важно известување за сите кои планираат викендов да патуваат за Грција
    • Приведен 33-годишник од Карбинци: Вршел полови дејствија врз малолетничка и ѝ пренел заразна болест
    • Николоски од терен: Изградбата на пругата кон Бугарија напредува, возови очекуваме во октомври 2028 година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: Владата работи во насока на исполнување на реформската агенда, европскиот пат не треба да зависи од билатерални спорови

    Лефков: Владата работи во насока на исполнување на реформската агенда, европскиот пат не треба да зависи од билатерални спорови

    20.04.2026 во 19:493 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Миле Лефков, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во денешното издание на регионалната телевизија Њусмакс, каде се осврна на темата за новата влада на источниот сосед на Македонија. Тој вели дека изборите на една суверена држава, според него се секогаш внатрешно прашање на таа држава, и  ја честиташе победата на новата влада во Бугарија. Како што вели Лефков, конечно има стабилна Влада кај источниот сосед на земјава. Тој кажа дека  патот кон ЕУ не треба да зависи од билатерални спорови, туку од тоа дали земјата ги исполнува реформите, за што кажа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ неуморно работи на истите.

    ,,Значајно е да имаме ден стабилен сосед,  којшто ќе може да преземе одговорност за своите постапки, затоа што вистинскиот пат кон ЕУ, и тоа сме го кажале, не е преку процесот на билатерални проблеми, туку преку преку процесот на исполнување на реформи кои што се задолжителни од ЕУ и конечно ќе имаме еден стабилен партнер којшто ќе треба да ја преземе одговорноста и да одговара за блокирањето на целиот регион“, вели Лефков.

    Тој кажа дека владите во современиот свет имаат одговорност кон своите гласачи и населението, но и дека имаат одговорност кон регионот во кој се наоѓаат.

    ,,Бугарија и бугарската Влада, ќе може сега да изберат пат дали ќе значи стабилност во регионот, дали ќе ја продолжи соработката со Република Македонија, на оние полиња на кои што треба да ја продолжи една влада којашто работи и за своите граѓани и за регионот. Притоа мислиме на порвзувањето, на заедничката соработка на многу различни полиња, наместо она со кое што до сега се среќававме  тоа се блокади,предизвикување на проблеми“, истакна Лефков.

    Според него, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи солидно во насока на исполнување на реформската агенда и сите реформи кои се наложени од европскиот пат.

    ,,Бугарската Влада знае дека има солиден партнер во македонската Влада, се надеваме дека и тие ќе бидат на нивото на задачата и нема да влеземе во еден процес на дополнително блокирање. Она што е најважно, е тоа дека европските стандарди, европските критериуми се за доброто на народот,  за доброто на сите. Затоа што, на крајот на денот секој граѓанин има корист од поквалитетно управување со јавни финансии, секој има корист од реформа во јавната администрација. Сите граѓани имаат корист од владеење на правото и реформи во судството и сметам дека нашиот источен сосед, како земја членка на ЕУ, со новата Влада треба да ги препознае овие вредности и да работиме на подобрување на поврзаноста, инфрасттруктурата и на сите други полиња на кои што можеме да соработуваме“, заклучи Лефков

    Прочитај повеќе

    Рокас: Прво уставни измени, па преговори со ЕУ

    10.06.2026 во 14:16

    Собранието ја констатира оставката на Арбен Фетаи

    10.06.2026 во 13:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.