Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Падна одлука: 8 години затвор за Штекли

    (ВИДЕО) Падна одлука: 8 години затвор за Штекли

    29.04.2026 во 14:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кривичен донесе одлука. 8 години затвор доби Раде Штекли, а неговите соучесници од 3 до 5 години за неговите соучесници.

    Тие се обвинети за организирање на криминална група вклучена во неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана.

    Предметот опфаќаше вкупно 16 лица. Од нив, седуммина претходно склучија спогодба со Обвинителството и добија затворски казни во траење од три до 3,5 години, додека четири лица ја признаа вината, по што за нив постапката беше раздвоена.

    Според обвинението, групата оперирала во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година, со јасна структура и дефинирани улоги. Како организатор и координатор, кој ги вршел контактите со странски и домашни посредници за набавка на наркотици и давал насоки за ширење на мрежата, се посочува првообвинетиот Раде Трајковски-Штекли.

    Според доказите на Обвинителството, дрогата била складирана во изнајмени станови, а продажбата се вршела по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата меѓу членовите на групата се одвивала преку апликации за заштитена комуникација, како што е „Снепчет“, а клучните докази биле обезбедени преку анализа на мобилните телефони.

    Одбраната на Трајковски, пак, во текот на постапката тврдеше дека ќе докаже оти тој не формирал, ниту организирал криминална група. Адвокатите истакнаа дека не постојат докази дека тој давал какви било инструкции, тврдејќи дека наводите на Обвинителството се базираат на претпоставки. При почетокот на процесот, Трајковски изјави дека не го разбира обвинението, додека останатите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.