Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Перински: Нови предлог проекти и инвестиции за рамномерен развој на сите региони за 2026 година

    Перински: Нови предлог проекти и инвестиции за рамномерен развој на сите региони за 2026 година

    29.04.2026 во 14:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска се одржа четириесет и втората седница на Советот за рамномерен регионален развој, со кој раководеше министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

    На седницата, Советот ги утврди предлог-одлуките за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони, селата, урбаните подрачја и подрачјата со специфични развојни потреби преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година. Вкупно предложени за финансирање се 56 предлог проекти во вредност од 148.407.142 денари.

    Со овие предлог-проекти се создава основа за реализација на нови инвестиции и развојни иницијативи насочени кон намалување на регионалните диспаритети, подобрување на локалната инфраструктура и поттикнување на одржлив развој во сите делови на државата.

    Во рамки на седницата беше разгледан и Годишниот извештај за 2024 година за спроведување на планските документи за регионален развој, подготвен врз основа на податоците евидентирани во системот Си-Ре-Ра, кој овозможува следење на реализацијата на програмите и проектите во областа на регионалниот развој.

    Дополнително, членовите на Советот го разгледаа Извештајот за тековно оценување на Стратегијата за регионален развој 2021–2031, заедно со предложените измени и дополнувања на Стратегијата.

    „Со политики и одлуки насочени кон постигнување рамномерен развој, постепено ја менуваме досегашната динамика и поставуваме темели за полицентричен развој во државата и еднакви можности за сите плански региони“, истакна министерот Перински.

    Советот останува посветен на континуирано креирање политики насочени кон обезбедување еднакви услови за развој на сите плански региони, во согласност со стратешките определби на Владата за децентрализација и одржлив развој на локалната самоуправа.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.