Close Menu
Press24
    Најново

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57

    Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати

    29.10.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
    • Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Соработка меѓу МЈА и ДКСК за системско јакнење на интегритетот во јавната служба

    Соработка меѓу МЈА и ДКСК за системско јакнење на интегритетот во јавната служба

    29.04.2026 во 14:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, потпишаа Меморандум за соработка со кој се поставуваат темелите за засилена и координирана акција во насока на јакнење на интегритетот во јавниот сектор. Со ова се потврдува заедничката заложба за системско унапредување на капацитетите на администрацијата и градење култура на отчетност, транспарентност и професионализам.

    Соработката е насочена кон унапредување, промовирање и поттикнување на процесот на едукација на административните службеници, со цел подигнување на свеста и продлабочување на знаењата во областа на спречување на корупцијата, судирот на интереси, заштитата на укажувачите, како и етиката и интегритетот. Преку ваков пристап се очекува значително јакнење и на личниот и на институционалниот интегритет, како и појасно препознавање и адресирање на ризиците од корупција во јавниот сектор.

    Во рамки на договорената соработка, ќе се работи на развој, унапредување и заедничка промоција на едукативни програми и активности, како и на креирање иницијативи од заеднички интерес во согласност со нивните законски надлежности.

    Меморандумот предвидува и спроведување на истражувања, размена на релевантни податоци и постојано координирано утврдување на насоки и препораки за унапредување на едукацијата на администрацијата. 

    Со ова партнерство се испраќа јасна порака дека борбата против корупцијата останува врвен приоритет, кој бара континуирана соработка, знаење и институционална посветеност.

    Прочитај повеќе

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57

    Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати

    29.10.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.