- ВЛЕН поставува граници за коцкањето: казината подалеку од училиштата и забрана за реклами
- Мицкоски шокиран од одлуката за „мазут“: ЕСМ ќе поднесе жалба, Абази го губи кредибилитетот
- (ВИДЕО) Огњеновиќ: Додека власта троши на тендери, студентите во „Гоце Делчев“ живеат со глувци и без топла вода
- Николоски: Со 12 милиони евра „8-ми Септември“ стана најмодерна болница во државата
- Демант од АХВ: Не сме дале изјава дека животното од Козле е чипирано куче, а не волк
- Екс министерот Николовски под сомнение за распределба на 800.000 евра
- Јаневска најави казни за родителите: Државата ќе го менува законот по насилството во училиштето во Ченто
- Мицкоски: СДСМ одамна го изгуби својот идентитет, ние сме промакедонска партија
Author: Author 03
Излезноста на локалните избори до 15 часот во Скопје е 31,16 проценти, информира Државната изборна комисија. По општини: Аеродром – 31,50 проценти излезностБутел – 33,10 проценти излезностГази Баба – 27,82 проценти излезностЃорче Петров – 30,11 проценти излезностКарпош – 33,37 проценти излезностКисела Вода – 31,58 проценти излезностСарај – 36,33 проценти излезностЦентар – 34,40 проценти излезностЧаир – 35,3 проценти излезностШуто Оризари – 21,99 проценти излезност До ДИК нема пристигнато никакви приговори во насока на направилности на избирачките места
Израелската војска почна напад врз Газа, јавија денеска израелските медиуми. Ова е објавено во момент кога Израел и палестинското движење Хамас продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно за кршење на прекинот на огнот постигнат со посредство на САД, со кој се стави крај на војната во енклавата. Немаше непосреден коментар од израелската војска за нападот. Израелската телевизија Кан објави дека воздухопловните сили го напаѓаат Рафа во јужниот дел на Газа. Повеќето медиуми објавија дека станува збор за воздушен напад. Израелската армија завчера соопшти дека „неколку терористи“ отвориле оган врз војниците во областа Рафа, при што нема повредени. Војската подоцна соопшти дека…
Папата Лав Четиринаесетти денеска ќе прогласи седум нови светци на Католичката црква, вклучувајќи три калуѓерки, соопшти Ватикан. Ова е втората церемонија на канонизација со која претседава папата Лав Четиринаесетти од неговиот избор за поглавар на Римокатоличката црква на 8 мај, по смртта на папата Франциск, пренесува парискиот весник „Фигаро“. Како што наведува Ватикан, папата денеска ќе канонизира седум нови светци, вклучувајќи го првиот светец од Папуа Нова Гвинеја, надбискупот погубен за време на ерменскиот геноцид и еден Венецуелец кој се сметал за „доктор на сиромашните“. На свечената миса што ќе се одржи на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, како што…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии, и Министерството за внатрешни работи да продолжат да обезбедуваат непречен пристап и услови за работа за новинарите и медиумските работници на сите избирачки места. Професионалното, навремено и точно информирање на јавноста за текот на изборниот процес е од суштинско значење за довербата во изборите. До ЗНМ утрово беа пријавени неколку случаи на попречување на работата на новинарските екипи: Скопје: Општина Карпош, (ИМ 2626) на новинарката Елида Зулбеари обид за одземање на мобилниот телефон и непристоен однос од страна на заменик претседателот на комисијата, по што…
„Со најголема вознемиреност и гнев реагираме на информацијата за снимање и сликање на студентки во бањите на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Ова не е „несреќен случај“ или „непромисленост“, туку акт на сексуално насилство и повреда на основните човекови права,реагираат од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УСС-УКИМ). „Она што најмногу вознемирува не е само делото само по себе, туку фактот што ваквите ситуации повторно покажуваат колку е небезбеден просторот што треба да биде дом за младите, идната интелектуална и академска сила на нашата држава. Зад ваквото однесување стои систем што не ја препознава безбедноста на…
Земјотрес е регистриран денеска околу 14:39 часот по локално време во регионот на Османије, град во јужна Турција, објави Си-Ен-Ен Tурк. Според турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AФАД), земјотресот бил со јачина од 4,1 степен според Рихтер, со епицентар во селото Сумбас на длабочина од околу седум километри. Земјотресот предизвикал паника кај населението. Не се соопштува за причинета материјална штета и повредени луѓе. Екипите на АФАД ја следат ситуацијата.
Во Прилеп и во општините во регионот изборниот процес се одвива непречено и без проблеми. До 13 часот во Прилеп одзивот на гласачите е 21, 69 проценти, а во Крушево 33,88 проценти од запишаните граѓани со право на глас. Според општинските изборни комисии, нема никакви проблеми ниту во процесот на гласање во Долнени и Кривогаштани. До 13 часот во Долнени гласале 22,1 проценти од гласачите, а во Кривогаштани 26,1 процент.
Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска изјави дека се надева оти претседателот на САД Доналд Трамп, по придонесот за прекинот на огнот во Газа, ќе може да го фокусира своето внимание на наоѓање решение за конфликтот во Украина. Паролин, исто така, изјави дека во моментов нема конкретни знаци за мир во Украина, јави италијанската новинска агенција АНСА. – Се надевам дека, бидејќи поглавјето за Газа на некој начин е затворено, претседателот Трамп сега може да посвети поголемо внимание на украинското прашање и посилно да се ангажира во наоѓањето излез од војната, истакна државниот секретар на Ватикан. Паролин потсети…
Секој има право со кого сака да седи во кафеана, вели лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, коментирајќи ја фотографијата која се појави во медиумите, а на која се прикажани поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски и носителката на советничката листа од ЗНАМ за Охрид и кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков. -Со Црвенковски сме добри пријатели. Тој е еден од основоположниците на СДСМ и човек кој го почитувам. Добар дел од луѓето во ЗНАМ се поранешни членови на СДСМ, разочарани од тоа што денес се случува во таа партија. Секој има право со кого…
„СДСМ бараше минималната плата да се зголеми на 500 евра, но Мицкоски и неговата влада тоа не го прифатија,“ изјави Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Маврово и Ростуше. Тој истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат предлозите што директно влијаат врз стандардот на граѓаните, а резултатот е стагнација на платите и намалување на куповната моќ. „Премиерот Мицкоски мисли дека во Македонија може добро да се живее со 400 евра, а Славевски дури смета дека и тоа е многу. Албанија веќе ја зголеми минималната плата на 520 евра, а ние, наместо да одиме напред, тапкаме во…
