Author: Author 03

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум…

Повеќе

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 23.10.2025 година ( четврток ) без електрична енергија ќе останат:– во периодот од 08.30 до 16.00 часот, корисниците во областите Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска глава. ( општина Студеничани)

Повеќе

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ. На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји, соопшти Министерството за транспорт. На Македонија и се ставени на располагање 6 милијарди евра преку УКЕФ за реализација на капитални проекти кои треба да го подржат севкупниот развој на државата и да донесат додадена вредност во делот на транспортот, здравството,…

Повеќе

Хрватскиот пејач Жељко Голик почина на 64-годишна возраст. Пејачот доживеал сериозна несреќа во младоста, по која завршил во инвалидска количка. И покрај несреќата, тој продолжил да се занимава со музика. Жељко Голик ја започнал својата кариера во 1986 година и оставил значаен белег во жанрот на традиционалната и популарната музика.

Повеќе

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.10.2025 во Итната медицинска помош Штип, пријавениот агресивно се однесувал и се обидел физички да го нападне вработениот во установата.

Повеќе

Вечерва во општина Чаир владееше свечена атмосфера, каде што Изет Меџити и неговиот тим ја прославија заслужената победа на локалните избори. Во атмосфера исполнета со емоции и ентузијазам, Меџити им се заблагодари на партиските структури, активистите и граѓаните кои стоеле покрај него во текот на целата кампања. „Победата што ја постигнавме не е случајност, туку резултат на работа, посветеност и доверба што ја изградивме заедно. Тоа е победа на нашата структура и активистите, на луѓето кои беа присутни во секој дел од Чаир, кои ја претворија нашата енергија и визија во вистинска граѓанска победа“, изјави Меџити. Тој додаде дека секој…

Повеќе

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска по Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, што се одржа во Лондон, изјави дека проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во безбедноста на цела Европа. „Прозорецот за проширување на ЕУ сега е широко отворен. Денеска се сретнавме во Лондон со нашите партнери од Западен Балкан со цел да ја продлабочиме соработката во областите на безбедноста, енергетиката и економијата. Проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во безбедноста на цела Европа“, напиша таа на платформата X.

Повеќе

Шведска преговара за продажба на помеѓу 100 и 150 борбени авиони „Сааб ЈАС Грипен“ на Украина, изјави премиерот Улф Кристерсон во средата по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски рече дека Украина има намера да воведе и да почне да користи „Грипен“ следната година: „За нашата армија, „Грипен“ се приоритет“, рече тој на заедничката прес-конференција со Кристерсон. Двајцата лидери го посетија Линкопинг на југот на Шведска и таму „Сааб“, производителот на борбените авиони „ЈАС 39 Грипен“. „Целосно сме свесни дека имаме долг пат пред нас“, рече Кристерсон. „Но, од денес, ние сме посветени на истражување на сите можности за…

Повеќе

Вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, одржа говор на мини митингот во Кичево, каде отворено повика на поддршка за кандидатот за градоначалник, Александар Јовановски. – Од Кичево испраќаме јасна порака: време е за промени, време е за работа, проекти и напредок. Сите заедно да го поддржиме Александар Јовановски – човек со визија, енергија и искрена намера да помогне на секој кичевчанец, изјави Мисајловски.

Повеќе

Амазон започна планови за масовна автоматизација на своите операции, со што би се избегнало вработување на повеќе од 600.000 работници во СAД до 2033 година, според интерни документи до кои дојде Њујорк Тајмс. Документите откриваат дека компанијата очекува, со помош на роботи, да го удвои обемот на продажба со помала работна сила. Според извештајот, одделот за роботика на Амазон има за цел да автоматизира дури 75 проценти од сите деловни процеси во магацините и логистиката. До 2027 година, автоматизацијата би можела да елиминира околу 160.000 работни места, заштедувајќи ѝ на компанијата околу 12,6 милијарди долари, или 30 центи по испратена…

Повеќе