Author: Author 03

Чешка сака да стане првата земја од ЕУ што веднаш ќе го ограничи влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи од безбедносни причини, соопшти владата, цитирана од француските медиуми. Мерката ќе се применува на сите аеродроми во земјата. Руските граѓани акредитирани во руската Амбасада во Прага ќе го задржат своето право да влезат во земјата, соопшти чешкото Министерство за надворешни работи. Европската унија има намера да воведе строги ограничувања за движењето на руските дипломати во Шенген зоната. „Ние засега сме единствените што го прават ова. Мерката треба да ги инспирира другите земји и да ги надополни европските…

Повеќе

Амбасадорот на Турција во Република Северна Македонија Фатих Улусој денес имаше работна посета на Гостивар и се сретна со в.д. градоначалникот Ваљбон Лимани. Од Службата за информирање на Општина Гостивар посочија дека средбата била многу срдечна и поминала во конструктивен разговор. Градоначалникот Лимани ја оценил оваа посета како чест и искажал благодарност за можноста да се разговара за можности за соработка со Турција. – Чест и голема радост ми беше денес да го се сретнам со амбасадорот на Турција, неговата екселенција Фатих Улусој. Разговаравме за бројни соработки кои се природни со една братска држава како Турција, изјави Лимани.

Повеќе

Претседателот на САД Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва во Белата куќа изјавија дека се согласиле околу план за ставање крај на војната во Појасот Газа, но не е јасно дали тие услови ќе ги прифати другата страна – палестинскиот Хамас. Трамп вечерва претстави план од 20 точки за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас и за воспоставување повоена управа во Појасот Газа. На заедничката прес-конференција со Нетанјаху, на која детално го претстави планот, Трамп рече дека Израел ќе има „целосна поддршка“ од Вашингтон да преземе чекори за да го порази Хамас ако таа палестинска екстремистичка…

Повеќе

Луѓето познати како „суперстогодишници“ – кои живеат над 110 години, покажуваат извонредна способност да го одложат неизбежното. Подробна анализа на здравјето на една од највозрасните луѓе во светот, Марија Брањас, која живееше до 117 години, посочува дека дел од нејзината долговечност може да се поврзе со исклучително „млад“ геном, посочуваат истражувачите од Институтот за истражување на леукемија „Хозеп Карерас“ во Барселона, Шпанија. Некои од нејзините ретки генетски варијанти се поврзани со имунолошкиот систем и здравјето на срцето и мозокот. Научниците, предводени од епигенетичарите Елој Сантос-Пујол и Алејш Ногера-Кастелс, велат дека ги користат резултатите за „да понудат нови сознанија за биологијата…

Повеќе

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, вечерва свечено го отворија изборниот штаб на Рекорд, најавувајќи промени и нов почеток за главниот град. На отворањето зборуваа и носителот на советничката листа за Центар, Крумислав Барзов Мишко, и носителот на градската листа на Движењето ЗНАМ, генерал Горанчо Котевски, кои ја изразија силната поддршка за новото лидерство и новата енергија што ја носи кандидатурата на Лабудовиќ. Лабудовиќ остро го критикуваше актуелниот градоначалник, нагласувајќи дека Општина Центар денес е сотрена економски, сообраќајно и безбедносно. Тој оцени дека наместо да ја води општината, досегашниот градоначалник ја оставил…

Повеќе

„Време е за промени, доста беше уништувањето од ВМРО-ДПМНЕ 4 години. Време е Демир Хисар да добие чесно, отчетно и одговорно раководење“, истакна на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата, кандидатот за градоначалник на општина Демир Хисар Златко Кузмановски. Порача дека актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните, ветуваше многу, а реализираше нула. „Граѓаните од секое населено место знаат и гледаат за неговото неработење, а разочараноста е и повеќе од видлива. Но, најтрагично е што младите во 4-годишното владеење воопшто не беа приоритет. Младите не смееме да ги гледаме само како бројка. Младите не смееме да ги гледаме само…

Повеќе

За 8 години во Крушево се реализирани 68 капитални и локални проекти од страна на локалната власт и градоначалникот од СДСМ, Томе Христовски, тоа е пример за општина која е сервис на граѓаните, порача на граѓанската трибина во Крушево, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче. Во обраќањето пред граѓаните тој посочи дека Томе Христовски во неговите два мандати го претвори Крушево во бренд на развој, чиста околина, култура и туризам. „За 8 години, реализирани се значајни проекти во сите области – водоснабдување, инфраструктура, реконструкција на училишта и градинки, субвенции за средношколци, развој на туризам, проекти за чиста…

Повеќе

Убеден сум дека заедно со идниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски сето она кое што беше пропуштено изминатите 4, па и пошироко 8 години ќе го надоместиме и ќе направиме навистина Скопје да биде градот убав, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за емисијата „360 Степени“. Претседателот Мицкоски истакна дека кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски е докажан, односно како што рече тој е вреден и амбициозен, докажал дека ги решава проблемите, а не бега од нив. За разлика од Арсовска, Орце е човек кој што го познавам од најмладите години, уште како член на УМС, тој израсна…

Повеќе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Спортскиот центар Јане Сандански се осврна на договорот под маса на Венко Филипче и неговиот ментор од Струмица со градоначалник на црна листа за корупција на скопска општина и истакна дека ваквите непринципиелни коалиции ќе бидат поразени. „Што се однесува до вториот договор под маса – тој на Венко, што го склучи со еден градоначалник што е на црната листа за криминал и корупција од една скопска општина дотолку се гледа тој таен договор за поддршка што се препознава од Месечината. Проформа, СДСМ извадија кандидат за градоначалник во Карпош, што ни самите не…

Повеќе

„ВМРО-ДПМНЕ не само што ја покажа својата неспособност туку го покажа најгрдото лице за секој еден граѓанин кој живее во државата“, порача вечерва од Крушево, претседателот на СДСМ Венко Филипче кој заедно со коалицијата оттаму го започнаа караванот за локалните избори. „Ветија правда, а донесоа неправда. Видовме како ги штителе функционерите пожарот во дискотеката „Пулс“ да не бевме ние со нашите прес-конференции сите ќе останеа заштитени. Со тоа се откри најгрдото лице на оваа власт“, рече Филипче. Тој обвини дека додека СДСМ ја барала правдата за жртвите во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ правеле ситни зделки меѓу институциите кои однесоа 63 животи. „Македонија…

Повеќе