- Манасиевски: СДС се стави во функција на српската опозиција, Димитријевиќ мора да одговори на низа прашања
- „Новинариште и борец кој немаше цензура“ – Пријателите и колегите со трогателни пораки се простуваат од Гордана Дувњак
- „Се одјави нашата кралица“ – Синовите на Гордана Дувњак скршени од тага
- „Ти ми беше како втора мајка, беше со мене во моите најтешки моменти. Патувај со ангелите мајко моја…“ – Попоски се прости од Дувњак
- СДСМ: Мицкоски не бара екстрадиција за Груевски – ја штити криминалната организација во која е дел
- Утре неколку скопски улици ќе осанат без струја
- Петровска со аларм за СДСМ: Или длабока трансформација, или исчезнување
- ЕУ најавува итни мерки
Author: Author 03
На вечерашниот митинг во Скопје, со кој започна кампањата за претстојните локални избори, имаше свое обраќање Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека Скопје е заеднички дом на сите без поделби, посочувајќи ги успешните проекти кои ги има направено за општина Кисела Вода како градоначалник, како и дека тоа искуство, енергија и исполнети ветувања, го водат кон правиот пат, за уште поголем успех за поубаво и модерно Скопје. „Скопје не е само град. Скопје е наш заеднички дом. Град на кој му припаѓа секој од вас, без разлика на партија, вера или…
Ценам дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе има поголем број на градоначалници споредено со 2021та година. Нашите анализи се дека нема да бидеме изненадени ако имаме повеќе од 50 градоначалници, но очекуваната бројка е помеѓу 45 и 50, плус Градот Скопје, ако 2021 имавме 42 општини, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“.На прашањето дали СДСМ ќе освои некаде градоначалник според анализите на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Мицкоски рече дека според партиските анализи СДС се движи од нула до шест.Според нашите анализи СДС би се движеле од 0 до 6. А Левица не…
На граѓанската трибина во Демир Хисар, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, истакна дека за реализација на програмата и визијата која ја која ја нуди СДСМ за општина Демир Хисар, го имаат најдобриот кандидат за градоначалник, Златко Кузмановски. „Верувам, и стојам одговорно зад тоа, дека Златко ќе ја води општина Демир Хисар чесно, со интегритет и со почит кон секој граѓанин. Тој ќе отвори нова страница за Демир Хисар, страница на развој, можности и напредок“, рече Филипче. Тој додаде дека Кузмановски е народен човек, кој е постојано меѓу своите сограѓани и дека ги разбира нивните потреби и секојдневни предизвици. „…
„Сите гледаме, после една и пол година централна власт и повеќе од 4 години централна власт ВМРО-ДПМНЕ и повеќе од четири години нивна локална власт, дека се неспособни да донесат промени и да работат за и во интерес на граѓаните. Се грижат само за себе, за својата удобност и исклучиво за своите членови. Дали ова е гордата Македонија што ни ја ветија? Македонија со понижени земјоделци, со млади кои заминуваат, со семејства што едвај врзуваат крај со крај? Не, ова не е горда Македонија“ истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина во Демир Хисар заедно со коалицијата ја…
Лидерот на ВМРО‑ДПМНЕ и претседател на партијата, Христјан Мицкоски, вечерва на централниот митинг во Скопје повика гласачите да ги сфатат претстојните избори како одлука за иднината на државата. Тој порача дека изборите се „за тоа во каква држава сакаме да живееме“ и ги повика граѓаните да испратат јасна порака „до оние кои уриваат, наместо да градат“. -Денес стојам скромно и исткрено пред вас како на почетокот од оваа моја улога и ви велам, нема да ве разочарам и заедно ќе победиме за децата на Македонија. Одиме заедно до победа, затоа што овие избори се одлука за тоа каква Макеонија ќе…
Гледам една огромна, насобрана желба. Ја гледам решителноста на Скопје да се издигне од калта и апатијата, да се избори со сите предизвици и сите препреки. Да биде градот кој ќе биде сигурна иднина за нашите млади, но и спокојно и пријатно место за нашите постари. Ќе биде достоинствен дом за сите нас заедно, бидејќи и мојот син, расте тука- во нашето Скопје! Ова вечерва на митингот во Скопје го истакна кандидатот за градоначалник на главниот град од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Тој истакна дека Општина Кисела Вода стана пример и доказ дека кога има визија и работа, може да се…
„Време е за промени, доста беше уништувањето од ВМРО-ДПМНЕ 4 години. Време е Демир Хисар да добие чесно, отчетно и одговорно раководење“, истакна на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата, кандидатот за градоначалник на општина Демир Хисар Златко Кузмановски. Порача дека актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните, ветуваше многу, а реализираше нула. „Граѓаните од секое населено место знаат и гледаат за неговото неработење, а разочараноста е и повеќе од видлива. Но, најтрагично е што младите во 4-годишното владеење воопшто не беа приоритет. Младите не смееме да ги гледаме само како бројка. Младите не смееме да ги гледаме само…
Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Гоцевски гостуваше во емисијата „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ, притоа ја истакна својата визија и идеи како да се подобри Делчево, да биде поубаво место за живеење, со проекти за решение на дивите депонии и решавање на проблемот со задолжувањето на општината од претходната власт. -Мојата мотивација ќе ја преточам во конкретни проекти, ќе ја прекинеме оваа низа на два мандати на градоначалници на СДС, овие 4 години ќе работам во интерес на граѓаните на општина Делчево со нови проекти, Делчево е задолжена општина и задолжено Јавно комунално претпријатие,…
Програмата е направена со експерти, но и со многу граѓани. Имавме период на собирање идеи, многу граѓани ги дадоа своите идеи. Клучно што насекаде го бараат е справување со отпадот. Прво и основно е хигиената за што многу ќе се заложат сите градоначалници. Може да се види дека внимателно, правилно ставени се проекти за подобрување на оваа состојба, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во гостувањето во Дневникот на Сител. Мисајловски, кој говореше пред почеток на митингот на партијата во СЦ „Јане Сандански“ посочи дека во програмите на кандидатите за градоначалници има и голем прој проекти во инфраструктурата. -Имаме чесни…
Најмалку 33 лица се убиени во израелски напади во Појасот Газа од утрово, соопштија болнички палестински извори. Според нив, 24 од загинатите се во градот Газа, каде Израел продолжува со воздушната и копнената офанзива против милитантната група Хамас. Израелската војска соопшти дека и понатаму ги таргетира милитантите низ целиот Појас Газа и дека ја интензивирала офанзивата во градот Газа, кој го опишува како последното упориште на Хамас. Трупите вчера убиле членови на вооружени групи кои се обидувале да постават експлозиви, додаде армијата во соопштение. Израелската морнарица, во меѓувреме, соопшти дека уништила магацин со оружје на Хамас. Војската, исто така, извести…
