Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нападнат вработен во бензинска пумпа
    • „Гугл“ казнет со 403 милиони евра за следење на локацијата на корисниците
    • Софија Лорен го слави 92. роденден: Еден маж го одбележа целиот нејзин живот
    • Мисајловски: Зацврстувањето на одбранбените односи е уште еден силен импулс за јакнење на регионалната безбедност
    • Почина синот на Синди Крафорд, манекенот Пресли Гербер, имаше 27 години
    • Мицкоски разговараше за вложувања на американската воена индустрија
    • На тезга продавал пиротехника – заврши во станица
    • Невиден ужас во Австралија: Мајка избоде три деца – едното почина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Макрон: Мостовите и хуманитарните патишта кон Газа мора да се отворат итно

    Макрон: Мостовите и хуманитарните патишта кон Газа мора да се отворат итно

    21.10.2025 во 19:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека примирјето во Газа е сè уште „многу кревко“ и повика на повторно отворање на влезните точки на територијата, бидејќи станува збор за „апсолутна вонредна состојба“ и целта е да се овозможи влез на хуманитарна помош.

    Ситуацијата е сè уште многу кревка и ние го знаеме тоа. Важно е Хамас целосно да ги почитува обврските што ги презеде и притисокот да продолжи да гарантира целосно почитување на примирјето“, рече тој на прес-конференцијата одржана во Љубљана заедно со словенечкиот премиер Роберт Голоб.

    „Важно е да се започне веднаш и ова е апсолутно итна ситуација во која е потребно повторно да се отворат хуманитарните мостови и разни други хуманитарни рути за да може да се достави помош, храна и основна здравствена заштита до населението.

    И да може да им се помогне на ранетите, на сите луѓе, на најранливите семејства кои треба да бидат изнесени од Газа за да бидат лекувани во болниците во регионот“, продолжи францускиот претседател. Емануел Макрон, исто така, инсистираше на потребата Советот за безбедност на ООН „што е можно поскоро да усвои резолуција“ за да се воспостави „меѓународна рамка за управување и безбедност“ во Газа во иднина.

    Шефовите на држави и влади на деветте земји од Европската унија (ЕУ) што граничат со Медитеранот, на вчерашниот состанок во Словенија, повикаа на „итно деблокирање на целата хуманитарна помош за Газа“ и ја повикаа израелската влада да го отвори „преминот Рафа, како и другите гранични премини“ за таа цел.

    Прочитај повеќе

    Невиден ужас во Австралија: Мајка избоде три деца – едното почина

    21.09.2026 во 22:27

    Србија се подготвува за избори: Досега потврдени 11 кандидатски листи

    21.09.2026 во 22:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.