- Лута толпа запали центар за ебола, најмалку 160 мртви
- Месечен хороскоп за јуни: Астролошки пресврти – кој добива неочекувани пари, а кој ќе ја менува кариерата
- Мечка се шета низ Битола и околните села: Градоначалникот Коњановски ги крена на нозе сите институции
- Се повлекува македонска салата поради опасен пестицид – Аларм во Хрватска
- Наскоро избори, најави Вучиќ
- Добри вести за пензионерите од регионот: Се зголемуваат пензиите
- Гаши: Меѓуетничките тензии се опасни, уставните измени се желба на Албанците, но ја почитувам волјата на македонското мнозинство
- Четири хороскопски знаци ги чека финансиски пресврт во јуни и чистење на долговите
Author: Author 03
Државната изборна комисија вечерва на седница соопшти дека во четири општини (Гостивар, Центар Жупа, Маврово-Ростуше и во Врапчиште) ќе се одржи прегласување затоа што не е исполнет цензусот на излезност. Според Изборниот законик, за изборите да бидат успешни, треба да излезат најмалку една третина од гласачите, односно 33,33%. На локалните избори вчера во Гостивар имаше 33,31%, Врапчиште – 25,18%, Маврово и Ростуше – 30,31% и Центар Жупа – 21,49%.
Од срце ви благодарам на сите што веруваа и ни дадоа поддршка, порача вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана, Владо Мисајловски. -Ѓорче победи со чест и труд! Со Орце Ѓорѓиевски одиме напред – за Скопје со кое ќе се гордееме ПОБЕДУВАМЕ, порача тој.
Технолошките иновации се срцето на развојот на модерната држава. Во Подгорица, на министерскиот самит на Европската комисија за стартапи, истражување и иновации, ја претставив македонската визија: иновација што создава можности, задржува таленти и гради конкурентност дома, а не во странство, објави на својот ФБ профил министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски. Тој посочува дека со INNOFEIT EDIH – првиот Европски дигитален иновациски хаб во Македонија, се поврзуваат универзитетите, стартапите, Владата и индустријата, а Везилка – Националниот центар за вештачка интелигенција, вреден речиси шест милиони евра, го позиционира Скопје во европската мрежа на иновациски центри. Со новата стратегија SMART/MK 2030 и…
На 19.10.2025 во 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба во Скопје. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази скептицизам во врска со можноста Украина да ги поврати своите територии што ги освои Русија во војната, пишува Гардијан. „Тие сè уште можат да ги освојат. Мислам дека нема. Сè уште можат да ги освојат. Никогаш не реков дека ќе ги освојат. Сè може да се случи. Знаете, војната е многу чудна работа“, рече Трамп на средбата со австралискиот премиер Ентони Албанезе. Скептицизмот на Трамп во врска со украинската победа доаѓа неколку дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа. Во таа прилика, Трамп се чинеше понаклонет да преговара за мировен…
Со порастот на употребата на алатки како ChatGPT, вештачката интелигенција станува дел од нашето секојдневие – ја користиме за пишување е-пошта, прибирање информации, па дури и за деловни одлуки. Но експертите за сајбер безбедност предупредуваат: колку и да е паметна, AI не е место за доверливи податоци. Ако не би ги споделиле тие информации со случаен минувач, зошто би ги внесувале во chatbot? Во продолжение – седум типа податоци кои никогаш не треба да ги внесувате во ChatGPT или слични алатки со вештачка интелигенција: 1. Лични податоци Избегнувајте споделување на име, презиме, адреса, матичен број, број од лична карта или…
Израелската армија објави дека добила информација од Црвениот крст дека презела ковчег од Хамас во јужна Газа со она што се верува дека е тело на убиен заложник. Црвениот крст сега ќе го предаде ковчегот на израелските војници во Газа, каде што ќе се одржи церемонија предводена од воен рабин, објави „Тајмс оф Израел“. Военото крило на палестинската милитантна група Хамас претходно објави дека вечерва во 20 часот по локално време ќе му предаде на Израел уште едно тело на заложник. Хамас соопшти дека телото на заложникот било пронајдено вчера. Групата треба на Израел да му ги предаде телата на…
Поранешниот албански премиер и историски лидер на Социјалистичката партија, Фатос Нано, е во критична здравствена состојба. Веста ја потврди болницата каде што се лекува, од каде наведуваат дека веќе 11 дена е на интензивна нега. “Доживеал клиничка смрт (Кардио респираторен застој) дома пред 11 дена, а бил вратен во живот од страна на тимот лекари во приватната болница. Тој моментално е во сериозна состојба со обемно оштетување на мозокот и реагира само на светлина, објавија медиумите. Фатос Нано (73) подолго време има проблеми со белите дробови и неколку пати бил хоспитализиран. Претходно бил хоспитализиран поради хроничен респираторен проблем, познат и…
Шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, изјави дека Бугарија е подготвена, доколку е потребно, да обезбеди воздушен коридор за авионот на рускиот претседател Владимир Путин на пат кон Будимпешта, за средба со американскиот претседател Доналд Трамп. -Кога се прават напори за постигнување мир, логично е да се обезбедат сите потребни услови за постигнување на таа цел, рече Георгиев, одговарајќи на прашања од Бугарското национално радио. На прашањето дали Бугарија ќе обезбеди воздушен коридор за авионот на Путин, тој праша „како може да се одржи состанок ако еден од неговите учесници не може да присуствува на него“. На 16 октомври, по…
Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, денеска изјави дека работат на проект за брза железница помеѓу Белград и Ниш, а подоцна дека ќе биде поврзана во јужна насока и многу брзо кон Грција. „Од македонска страна постои големо разбирање за ова, а неодамна во разговорите со македонскиот премиер Мицкоски во Македонија, имав можност да ги разберам нивните намери брзо да работат на железницата, всушност на модернизацијата на железницата во Македонија. Ова сигурно ќе не охрабри да ја забрзаме целата оваа приказна и сега од веќе финализираната, затворена приказна до границата со Унгарија, да се свртиме кон југ и да воспоставиме коридор“,…
