Author: Author 03

„Украинските сили регистрираа нарушувања на нашиот воздушен простор од страна на извидувачки дронови, кои веројатно се унгарски. Прелиминарните проценки сугерираат дека тие можеби вршеле извидување на индустрискиот потенцијал на пограничните области на Украина. Наредив да се проверат сите достапни информации и итно да се достават извештаи за секој регистриран инцидент“, рече Зеленски во објава на социјалната мрежа X, по состанокот со Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски. Сирски, исто така, го информираше Зеленски за соборувањето на рускиот воен авион Су-34 во регионот Запорожје. „Им се заблагодарувам на нашите воини за нивната точност. Овој авион, заедно со другите,…

Повеќе

На бројот за итни повици 112 во ЦУК пријавено е исчезнување на машко лице, полски државјанин на падините на Водно. По добиената пријава, од страна на дежурниот оперативен центар на ЦУК веднаш се известени Министерството за внатрешни работи за формирање специјален тим за пребарување, како и Црвениот крст, по што е почната потрага, а тим за заштита и спасување од ДЗС веќе се упати на локацијата каде е изгубено лицето

Повеќе

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја отвори 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во атмосфера што ретко се гледа. Штом зачекори кон говорницата, околу стотина делегати од различни земји станаа и ја напуштија салата во знак на протест против израелската политика во Газа. Иако израелските дипломати и дел од публиката се обидуваа да го прикријат тоа со гласно ракоплескање и стоење, празните места беа јасно видливи. Службениците на ОН постојано повикуваа на ред поради метежот што настана во салата, а од галеријата се слушаа извици на незадоволство и свирежи. Американската делегација остана на своите места, додека…

Повеќе

Во Собранието денеска се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот на Собранието Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања. На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши ги поздравил присутните и го честитал Меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакнал дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни…

Повеќе

Деветмина повредени во украински воздушен напад врз Брјанската област Најмалку девет лица се повредени во украински воздушен напад врз селото Бела Березка во руската Брјанска област, соопшти регионалниот гувернер Александар Богомаз. „Жртвите веднаш беа префрлени во болница каде што им се укажува соодветна медицинска помош,“ изјави Богомаз, пренесе агенцијата РИА Новости. Според информациите, нападот со дронови предизвикал пожари и оштетувања на станбени и административни згради. Истовремено, во Краснодарскиот крај, пад на дрон предизвика пожар во една рафинерија нафта. „Остатоците од дронот паднаа врз една од инсталациите,“ објави регионалниот штаб за итни ситуации на Телеграм. Пожарот бил изгаснат и нема жртви,…

Повеќе

Хрватскиот парламент денес гласаше за признавање на државата Палестина. 121 пратеник гласаа, 44 беа „за“, 4 воздржани и 73 против. Вкупно 121 пратеник гласаа за заклучокот за Предлогот за признавање. Пратениците гласаа и за суспендирање на лиценците за извоз на оружје во Израел, како и за издавање нови лиценци за трансфери преку хрватска територија. „Условите за признавање на палестинската држава сè уште не се исполнети бидејќи е потребно да се запрат конфликтите и да се ослободат сите заложници“, изјави хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман во вторник во Њујорк, еден ден откако претседателот Зоран Милановиќ повика на признавање…

Повеќе

Со години, бројката од 10.000 чекори дневно има скоро митски статус. Ја гледате на својот паметен часовник, ја слушате во здравствени совети, а можеби дури и ја користите како своја лична цел. Но, интересен факт е дека оваа бројка не произлегла од научни истражувања, туку од маркетинг-кампања во Јапонија во 1960-тите години, со цел да се промовира продажбата на првите педометри. Истражувачите денес конечно го поставија прашањето што многумина го мислеа: Дали навистина мора да правите 10.000 чекори дневно за да го подобрите здравјето, или е доволно и помал број за да се постигнат значајни ефекти врз телото, умот и…

Повеќе

Поп-ѕвездата Ријана го роди своето трето дете, девојче, кое го има со партнерот АСАП Роки, чие вистинско име е Рахим Мајерс. Бебето го доби уметничкото име на нејзиниот татко. Роки Ајриш Мајерс е родена на 13 септември, објави пејачката на Инстаграм, споделувајќи фотографија на која ја држи ќерка си во раце. Двојката има и два сина, Раџот и РЗА. Обожавателите се радуваа на веста на социјалните мрежи, а објавата собра над седум милиони лајкови. Пред неколку недели, пејачката родена во Барбадос, чие вистинско име е Робин Фенти, прослави 20 години од објавувањето на својот прв албум.

Повеќе

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека и покрај проблемите со радарот, никако не била загрозена безбедноста. „Ние имаме многу јасни безбедносни протоколи кои што целосно се почитуваат, и авиосообраќајот во ниту еден момент не беше загрозен“, рече Николоски. Како што додаде, ниту еден лет не бил откажан. „Вториот радар е постар од овој првиот. Сега со овој радар на Леонардо ќе се замени овој 27-годишниот а после тоа ќе пристапиме кон купување нов радар, кој што ќе го замени постариот“, додаде Николоски.

Повеќе

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово. Оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи. Најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата. Поради насоката на струењето на воздухот смрдеата од пожарот во оваа депонија најверојатно се чувствува во делови од Скопје. Гаснењето ќе биде сложено бидејки обемот на зафатената површина е голем што го компликува гаснењето со вода или пена. Затоа се прави проценка на…

Повеќе