- Димитријевиќ: Обвинителот Ало Савески експресно го спаси Мицкоски од кривична пријава за само 2 недели
- Хорор во скопско: Пронајдено тело на млада жена со прострелна рана во главата
- Мицкоски: Ќе ги разочарам сите оние кои што навиваат оваа Влада да не успее
- Стојаноски: СДСМ избега од дебата за заемот, немаат аргументи
- Јотова: Потребна е реформа на начинот на кој функционира Народното собрание
- Манасиевски: Лагите на ССМ и СДС паѓаат во вода, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните
- Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери
- Во април: Годишен раст од 9,3% на вкупните депозити и од 13,3% на вкупната кредитна поддршка
Author: Author 03
Ден по изборите на првиот круг на изборите, градоначалникот на Бутел со порака на ФБ. „Ова утро во Бутел е посебно убаво“, пишува Костовски на ФБ.
Општина Неготино е избрана за најдобра локална заедница во Средна и Југоисточна Европа за развој на претприемништвото, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој соопшти дека како како градоначалник на општина Неготино, од 15 до 18 овој месец присуствувал и зел активно учество на Меѓународниот економски форум „Перспективи“, што се одржал во Љубљана, Република Словенија, во организација на Светскиот конгрес на претприемачи. – На настанот преку аудио-видео материјал ги презентирав условите и можностите што нашата општина ги нуди за развој на претприемништво. На овој реномиран настан од страна на Меѓународниот економски форум, на општина Неготино…
Нова радосна вест од Клиника за детски болести во Скопје. -Победничкото ѕвонче повторно силно ѕвонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак Амир храбро ја помина и ја освои тешката битка. На Амир му посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство, велат од Клиниката. ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА
Русија соопшти дека нејзиниот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров и неговиот американски колега, државниот секретар, Марко Рубио, задолжени за подготовка на самитот меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, имале „конструктивен“ разговор, јавија британските медиуми. Лавров и Рубио разговарале за можни конкретни чекори за спроведување на идеите постигнати за време на телефонските разговори на 16 октомври меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти руското Министерство за надворешни работи по телефонскиот разговор меѓу двајцата први дипломати, цитирани од руските медиуми.
Првиот работен ден како реизбран градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стефковски беше на терен во Колонија на увид на градежни активности. Стефковски објави дека нема запирање, онака како што ветил ќе продолжи развојот на Гази Баба. -На терен сум првиот ден по завршување на изборите. Градиме, создаваме дела и носиме развој. Денес бев во Колонија, каде што се во тек градежни активности за изградба на нова улица со павер елементи. Работиме посветено за подобри и побезбедни улици, објави Стефковски. Тој додаде: „Ги подобруваме условите за живот на граѓаните! Граѓаните заслужуваат дела и ќе ги добијат!
Музејот Лувр во Париз останува затворен по дрзок грабеж во кој беа украдени осум непроценливи кралски накити за само седум минути. Настанот, првата поголема кражба во музејот од 1998 година, предизвика огромно внимание низ светот и повторно ја отвори дебатата за безбедноста на француското културно наследство. Според француските власти, четиричлена вооружена група го извела грабежот во неделата наутро, околу 9:30 часот, само половина час по отворањето на музејот. Крадците користеле камион со лифт за да влезат во Галеријата на Аполон, каде се изложени некои од највредните историски богатства на Франција. Вооружени со електрични сечила, тие скршиле две витрини – едната со…
Во ноќта меѓу сабота и недела, на 26 октомври, Македонија повторно ќе премине на зимско сметање на времето. Точно во три часот по полноќ, стрелките ќе се поместат еден час наназад – на два часот, што значи дека ќе добиеме дополнителен час сон, но и порано ќе се стемнува. Интересно е што оваа промена годинава ќе се случи најрано во последните единаесет години – последен пат стрелките ги враќавме на истиот датум уште во 2014 година. Кратка историја на поместувањето на часовникот Практиката не е нова — потекнува уште од Првата светска војна, кога Германија и Австро-Унгарија (чии дел била…
Десетици луѓе се приведени на насилните демонстрации во главниот град на Нигерија, Абуџа, на кои се бараше ослободување на сепаратистичкиот лидер Намди Кану. Според новинарите и очевидци за време на судирите со демонстрантите полицијата употребила солзавец, водени топови, но се слушнале и истрели. Кану е лидер на сепаратистичката група на домородното население на Бијафра, која бара независност за југоисточниот регион на Нигерија. Етничката група Игбо тврди дека е маргинализирана од нигериската влада. Кану, кој има британско државјанство, е во притвор од 2015 година, кога првпат беше уапсен и обвинет за тероризам и предавство. Нигериски суд неодамна нареди негово судење откако…
На 19.10.2025 во 15:30 часот во с.Мршевци, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.С.(54) од с.Мршевци, скопско, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишната А.Ј. дека физички го нападнал нејзиниот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Локалните избори одржани на 19 октомври беа конкурентни и на гласачите им овозможија вистински избор меѓу различни политички алтернативи, но беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација, соопштија меѓународните набљудувачи во денешната изјава за прелиминарните наоди и заклучоци. Според заедничката набљудувачка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа и Европскиот парламент, изборите се одвивале во атмосфера на разочараност од политиката и широко распространети перцепции за корупција. Шефот на мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, Матео Мекачи, посочи дека иако…
