Author: Author 03

Министерот кажа која е денешната агенда за посета овде во Струмица, ќе посетиме неколку места коишто се значајни за струмичани, но истовремено да испратиме јасна порака дека после 19ти Октомври овде во Струмица ќе имаме нов градоначалник којшто доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, рече во своето обраќање од Струмица претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Ќе имаме мнозинство во Советот којшто ќе го сочинуваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Имаме прилично амбициозна агенда за денот потоа да сè се направи проект повеќе, да се реализира проект повеќе, сето она што до сега беше ветувано, а нереализирано или заборавено да…

Повеќе

Со блокада на улицата пред Собранието во Скопје, Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и мноигу други случаи на фемициди кои според нив имаат несоодветен третман од институциите. Учесниците во протестот посочија дека жените во оваа држава, како и во светот, не се заштитени. – Наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме – ниту една повеќе, беше кажано на настанот. На протестот повторно беа побарани измени во Кривичниот законик, како и насилството врз жените да се гони по службена должност, а беше и најавено дека вакви собири се планира…

Повеќе

Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека по завршувањето на локалните избори во Собранието ќе предложат македонска резолуција која што ќе има за цел да ги штити македонските национални интереси. Мицкоски изнесе повеќе забелешки за предложената резолуција на СДСМ, наведувајќи дека она што му паднало во очи во преамбулата е дека содржи неточни факти и лаги, и дека на ваков начин не се штитат македонските национални интереси. – И ние како ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна државотворна партија ќе направиме една вистинска резолуција. Еве како подлога ќе ја искористиме оваа резолуција и преку собраниските комисии после завршувањето…

Повеќе

Италијанската актерка Моника Белучи проговори за првпат по раскинувањето на врската со американскиот режисер Тим Бартон. И покрај фактот дека нивната љубов заврши, за него има само пофални зборови. Во интервју за италијанското издание на списанието „Вог“, таа истакна дека меѓу нив нема лоша крв. -Понекогаш патиштата се вкрстуваат за некое време за да одиме заедно… Тим и јас се вкрстивме за да бидеме заедно некое време, а потоа да тргнеме по различни патишта. Но, додека сум жива, Тим секогаш ќе има посебно место во моето срце, рече таа. Тие почнаа да се забавуваат во 2023 година. Потоа, во интервју…

Повеќе

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, им нареди на стотици генерали и адмирали итно да се соберат во базата на морнаричкиот корпус во Вирџинија следната недела, но причината за состанокот е во тајност, предизвикувајќи конфузија и загриженост во воените кругови по серијата преуредувања што ги спроведе администрацијата на Трамп. Пентагон покани воени претставници од целиот свет, а дури и врвните генерали и нивните штабови не знаат зошто, објавува „Вашингтон пост“. Многу необична директива е испратена до речиси сите врвни воени команданти низ целиот свет, потврдија повеќе од десетина извори запознаени со ситуацијата. Наредбата е издадена претходно оваа недела, во…

Повеќе

Поранешниот руски претседател и висок функционер на Кремљ, Дмитриј Медведев, упати уште една закана со нуклеарно оружје откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека властите во Москва треба да знаат каде е нивното најблиско засолниште од бомби ако не ја прекинат војната во Украина, според светските медиуми. Зеленски во интервју за Axios изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно ги поддржал украинските напади врз руски цели како што се енергетската инфраструктура и фабриките за оружје, и дека ако Киев добие повеќе американско оружје со долг дострел, Украина ќе го употреби. „Еден наркоман од Киев рече дека Кремљ треба да знае…

Повеќе

Ако тоа не го каже Али Ахмети, по што друго би останал впечатлив пред почетокот на кампањата? Праша претседателот на владата Христијан Мицкоски, одоговарајќи на новинарско прашање. Негова цел е да привлече внимание од ВМРО-ДПМНЕ, не само негова туку и на тие околу него. Мислам дека и вие медиумите ќе треба што помалку внимание да им посветувате на ваквиот тип на изјави. Бидејќи не само што тоа нема да се случу, туку не треба да дозволиме од овие политичари коишто припаѓаат на минатиот век и на минатото, да не привлекуваат внимание, ние како ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседател на владата…

Повеќе

Владата на Словенија го прогласи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за „персона нон грата“ и ќе бидат преземени исти мерки како против двата екстремистички израелски министри Итамар Бен-Гвир и Безалела Смотрич, кои во јули беа прогласени за непожелни. – Јавноста е свесна дека тој е гонет за сторени воени злосторства и злосторства против човештвото. Меѓу другото, Меѓународниот суд на правдата на 19 јули 2024 година утврди дека неколку израелски политики и практики го кршат меѓународното хуманитарно право и човековите права, објави на платформата Икс државната секретарка во словенечкото Министерство за надворешни работи Неве Грашиќ.

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Аксиос од Менхетен изјави дека добил експлицитна поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп за изведување целни напади врз руските енергетски објекти и фабрики за оружје, доколку Украина добие дополнително оружје со долг дострел. Зеленски истакна дека целите ќе бидат воени, а цивилите нема да бидат погодени, со цел Кремљ да знае каде се засолништата за бомби во случај на продолжување на конфликтот. Тој го критикуваше и минатиот самит меѓу Трамп и Путин во Алјаска, додавајќи дека Русија „доби што сакаше“, додека Украина продолжува да бара нови системи на оружје за забрзување на завршувањето…

Повеќе

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска(25.09.2025) се обрати на 12. Меѓународна научна конференција која се одржа на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. Костадиновски како еден од главните говорници на Конференцијата зборуваше на темата „Општествените промени во глобалниот свет и живиот конституционализам”, се вели во соопштението од Уставен суд коешто МИА го објавува интегрално. Во рамки на посетата претседателот Костадиновски на Универзитетската библиотека донираше дел од своите авторски трудови кои претставуваат придонес во областа на правната наука и практика. Со овој чин, претседателот ја потврди својата лична и професионална посветеност за унапредување на академската заедница, поттикнување…

Повеќе